Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.037
    Допаѓања:
    45.969
    Пол:
    Женски
    Добар ден, да се пријавам со убави вести, се е во ред, сите тестови се како што треба, цтг остана мирно, ми правеа 4 пати, пулсот остана смирен во текот на ноќта и мојот и на син ни, ехо на срце и црн дроб супер, само ензимите покачени ама се очекува со холеостазата да бидат, а плус и болна што бев. Киселината не е покачена од предходно, ќе ја пратат редовно ама докторката рече дека е оптимистична дека дури ќе успееме и спонтано да се породам без потреба до 37ма, ама за сега тоа не е ни битно. Како и да е одличен пристап од докторката, ме смири многу, генерално сите беа многу фини и бабици и сестри и видов како е со провокации да те породат од тие околу мене и како ги третираат. Собите топ, храната супер, малце е проблематично дека по 4ца во соба ама мање битно, ептен се смирив и сега можам на раат да се спремам.
     
    На LiquidLuna, danichap, mal.ecka и 30 други им се допаѓа ова.
  2. Enci201

    Enci201 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2020
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    1.005
    Вака ве читам за спиењето и јас сум во таа група што посакува второто дете барем да поспие. Со првото ја зафркна ме работата, ни спиени ни бакрач. Ете го скоро 3 години има, дремката нема шанси дома, како бебе, во количка да го возам и да заспие. Катастрофа. Ноќното исто. Сега ќе се селиме во нашиот стан, ќе има своја соба и се надевам нешто ќе се поправи.
    Инаку некако многу како трауми од првото дете имам со доењето, температури, такво чудно чувство на изгубеност,страв од корона, нели тогаш пандемија луѓе умираа
    , само тоа ни прикажуваа.
    Сега кога се спремам за второ само кога ќе видам слика од лактаторот на телефон ми се ежи кожата. :(
    Мирисот на сапунчето од болница не можам да го поднесам.

    Дури и не сакам да се пораѓам во истата болница заради тие чувства.

    Многу ми е страв.

    Самиот пораѓај беше ок, ама после тоа се ми беше многу многу тешко.
     
    На elenaklasik, Giovanna, Bubish26 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.308
    Допаѓања:
    11.715
    Пол:
    Женски
    Супер, големо олеснување после сѐ.

    Инаку, за овие АЛТ АСТ велиш покачени вредности?
    Имаат врска со настинка и слично? Може да се покачат тогаш?
     
    На mal.ecka и 1209 им се допаѓа ова.
  4. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.037
    Допаѓања:
    45.969
    Пол:
    Женски
    Па претпоставувам дека се тие, нема што друго да е ензим, не покажуваат тука, само усно кажуваат. При настинка не знам ама моето беше грип што значи веројатноста да е тоа е голема, докторката рече при болести, инефекции и слично се качуваат особено кај бремени жени што користат лекови како што пиев парацетемол јас, не рече дека наштетува парацетемолот ама може да ги качи вредностите и после се спуштаат. Кај мене може и од холеостазата да е, не можат со сигурност да знаат додека не видат како ќе се движат во иднина.
     
    На mal.ecka и DaisyDoo им се допаѓа ова.
  5. Rosseta

    Rosseta Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2018
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Да ве замолам за совет.
    Бремена сум 14та недела.
    Ме фати грип. Даден ми е панцеф заради покачено ЦРП. Денес на своја рака ставив и детски капки за нос затоа што неможев да дишам. Дали некоја пиела панцеф, дали сте ределе капки за нос. Преплашена сум... Паники ме трештат.
     
  6. Smurff

    Smurff Активен член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Женски
    Mamicki vo koja polozba uspevate da sedete? Znaci nikako nemozam da se namestam ni pernica mi pomaga, ni na grb mozam mnogu mi e tesko da disam vozduh duri nemam....
     
    На Splendor. и AniSk им се допаѓа ова.
  7. ana 2015

    ana 2015 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2015
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    Женички има ли некоја од вас искуство со високи протеини во мокрача? Мене денес ми открија инаку имам ковид па не знам дали е од тоа бидејки ми земаа крв и за преесклампија? Има ли некоја со искуство би ми значело многу во моментот сум многу исплашена.
     
  8. Lili90

    Lili90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2020
    Пораки:
    649
    Допаѓања:
    984
    Пол:
    Женски
    Јас имав и ми рекоа пиј поише вода. После 2 недели направив контрола и ми беа океј :) Направи во друга лабораторија :)
     
    На ana 2015 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.754
    Допаѓања:
    21.467
    Пол:
    Женски
    Веќе си во второ тромесечие и безбедно е да пиеш антибиотик, во спротивно не би ти го дале. За носот пробај инхалации со физиолошки раствор, некој спреј од морска вода. Не се плаши, многу ги има тука што прележале настинки и вируси и се е во ред.
     
  10. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.521
    Допаѓања:
    18.517
    Пол:
    Женски
    да аст и алт се ензими на црниот дроб, јас кога бев бремена со ќерками и имав хепатит ц ми беа покачени. сега кога го излечив ми се 12-13 тука некаде нормални. а претходно околу 30-40 на граница мислам беа.
     
    На DaisyDoo му/ѝ се допаѓа ова.
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.037
    Допаѓања:
    45.969
    Пол:
    Женски
    Нема хепатит ц сите испитувања ги направија, ама вујко ми се лечеше после ковид од хепатит со месеци така да од болест се покачува.
     
    На Veki4kaa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. smeshkaa

    smeshkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2015
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    169
    Пол:
    Женски
    Мене ми беа покачени исто во 18 недела и ме пратија на интерна, не знам колку е веродостоен одговорот што го добив али ми рече да исфрлам тесто и тестенини и при наредна проверка на крвна слика навистина ми беа во нормални граници и двата параметри.
     
    На DaisyDoo му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.084
    Допаѓања:
    119.232
    Пол:
    Женски
    Капки за нос само солен раствор смееш, а за панцеф безбеден е доколку доктор сметал дека треба да пиеш.
    Која недела си?
    Многу течности треба да пиеш, солено исклучи од храна, притисокот колку ти е?
     
    На ana 2015 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.037
    Допаѓања:
    45.969
    Пол:
    Женски
    Ми ги дадоа резултатите за чудо, не ми рекоа ништо за железото ама гледам дека и железото и хемоглобинот ми се малц под граница, што рековте да се пие пред да се намалат повеќе?
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. АнаМаријаД

    АнаМаријаД Популарен член

    Се зачлени на:
    15 март 2017
    Пораки:
    1.707
    Допаѓања:
    4.532
    Пол:
    Женски
    Паѓа многу железото и хемоглобинот после вирус,груп,бактерии. А и плус од самата бременост си паѓа поготово второ трето тромесечие.
    Мене од 22 железо за еден ден на 4 ми падна од бактериите.
    Пијам сега јас Лактиферон,гледам дека се качува од нив. Па ке видиме следна контрола.
     
    На mal.ecka и 1209 им се допаѓа ова.
  16. ana 2015

    ana 2015 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2015
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    28 недела притисок 130 со 80 ама мислам дека ми е од ковидот
     
    На Alishan30 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.037
    Допаѓања:
    45.969
    Пол:
    Женски
    Ако се качи повеќе оди на контрола, не е малце, во бременоста со висок притисок треба да се внимава.
     
    На ana 2015 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. juice_

    juice_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2021
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    990
    Јас пиев панцеф во 14 недела. Имав обилно крварење и веројатноста да се појави инфекција беше голема. Затоа и ми дадоа панцеф. Исто, и јас се плашев ама сите што ги консултирав ми рекоа дека е во ред да пијам панцеф.
     
    На DoubleK му/ѝ се допаѓа ова.
  19. АнаМаријаД

    АнаМаријаД Популарен член

    Се зачлени на:
    15 март 2017
    Пораки:
    1.707
    Допаѓања:
    4.532
    Пол:
    Женски
    Немој да се плашиш од Панцефот. Јас во 13 недела пиев прв пат Панцеф,пред две три недели пиев по втор пат,и сега пијам по трет пат Панцеф во бременоста.
    Подобро да го испиеш да среди што треба. Чим е висок ЦРП мора да се испие,и кај мене беше 100ка.
     
    На DoubleK му/ѝ се допаѓа ова.
  20. juice_

    juice_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2021
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    990
    Јас имав три плуса протеини. Примав инфузии додека да симнам на еден плус.
    За се што те интересира слободно пиши ми.