Денес некако мутав денов.. дали оти чекаме многу важни вести и сум напната ама не можам ни да спијам од што сум под стрес. Денес бев со малава во парк и при одење го осеќав ептен чудно бебе, стомакот ми беше тврд, а бебе го осеќав баш тешко, мислам дека секој покрет и го осеќав, чудно чувство. Почна и кога мировам да ме удира силно, да не речам болно. Почнав со ќивање, очите почнаа да ме чешаат ааххх и овој полен уште тој фалеше.
Мене на почеток на бременост ми беа малку покачени. Докторот ми рече дека е затоа што имав пречежано корона. Пиев liver care на природна база се, и вредностите си се вратија во нормала на следната контрола.
Смееш да се напиеш парацетамол. За температура над 38 се препорачува парацетамол обавезно. Капки за нос Аква Марис.
Жени, испаничена сум ептен... 14та недела сум, а осетив слично чувство како кога ми пукна водењакот со првото дете и малку како да ми истече нешто. Не знам дали се подмочав, зошто се испаничив и се притиснав или што е ова.... може ли да пукне водењак толку рано? Ќе тече ли вода? Избезумена сум... не знам дали да трчам на доктор или што да правам
Мамички има ли некој за совет осеќам притисок немам болки вчера бев 2 прста отворена ми рекоа дека до сабота треба да чекам за на цтг ни јас денес осеќам каки му се стврднува стомакот и ми е многу долу да чекам за да добијам јаки болки или да одам во болница што би ме советувале
Многу глупо прашање имам ама морам некој да прашам, смета ли гел на нокти за пораѓај? Ќе ми речат ли нешто, вагинално ќе се пораѓам до сега докторот ништо не ми рекол за нокти,а гледам други жени викаат не смеело, кое е вашето мислење? Фала.
Извинете дека се надоврзувам ,сакам да прашам бебешки орегано спреј за нос на природна база може ли да се користи ? Го користам за ќерка ми и доста и помага.
Не се препорачува да имаш ни обичен лак на породување иако е планирано за природно незнаеш како ќе заврши на крај. Ако дојде до тоа да примаш анестезија и има несакани дејства се приметува по ноктите затоа треба да се чисти.
Не смее спреј со оригано да се користи во бременост. Знам дека помага,и мене многу ми помагал тој од диво оригано ама во бременост не смее освен овие на база на солен раствор што се.
Јас цела бременост ставам гел лак ама планирам да ги извадам следен месец кога ќе влезам во 9ти. Не знам каков ќе биде пораѓајот, ама независно од тоа ќе ги извадам.
Не е страшно помината е 12 недела ,органогенеза.Јас бев многу болна и ради бактерии испив и црфалексин и сумамед и капки аквамарис детски.и пијам Нимер ако имам мигрена.тоа ,,ништо не смее трудна,, доктор стручен ке ти објасне дека различни правила и лекови се пијат во различни триместри а не да трпиш болки бактерии и само да направиш полошо.Побрзо да оздравиш
Исто и јас во првата бременост во 9тиот месец го извадив гел лакот и на породување бев со сјај само, битно да се проѕирни ноктите. Нас на школата за трудници тоа ни го нагласија. Исто и јас бев природно ама не можеш да знаеш како ке се одвиваат работите.