Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Hatula

    Hatula Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2017
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    497
    Пол:
    Женски
    Здраво :hai:
    Денеска бев на редовна контрола, како што претпоставив бебето пак се свртело со ноџињата. Обично 29 недела се местат веќе, а моево сега му текна пак да се сврти. Докторката вика имаме уште неколку недели, се надеваме да се сврти како што треба пред породување.

    Кај вас кога се свртеа? Ја прашав за вежбите ама одговорот ѝ беше дека до сега не се покажале како многу ефективни. Се надевам да не зафркава бебе и да си се намести како што треба (fingers)

    Инаку сега веќе одговара за неделите, 1200 ја измери и не беше понапред неколку дена како до сега.
    Иако скриениот шеќер е во рамки на нормала за бремени, сепак ми рече да припазам на шеќери и тесто (за тестото најтешко ми паѓа :$)

    Друго што сакав да ве прашам, од кога почнавте со цтг? Мене ми рече од 33 недела почнуваме и да одам еднаш неделно. Се си мислам дека со ќерка ми покасно почнав 35-36 некаде.
     
    На AniSk, 1209 и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  2. Снегулк@23

    Снегулк@23 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    3.407
    Допаѓања:
    5.071
    Пол:
    Женски
    Јас сум 35та, прво цтг ќе одам следна недела
     
    На Hatula му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.753
    Допаѓања:
    21.467
    Пол:
    Женски
    Јас не знам моментално како е свртено моево бебе. На последен преглед во 28ма недела беше со главчето горе. Утре сум полни 32 и наредна недела ќе видиме дали решил да се намести правилно. Го осеќам дека е ептееен активен деновиве, мрда на сите страни буквално. Икањето го осеќам секогаш на различно место од стомакот и стварно не знам како е наместен, не можам да проценам.
    Со ЦТГ колку што јас знам се почнува во 36та недела.
     
    На *malenavolena*87, Hatula, Снегулк@23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.223
    Допаѓања:
    26.247
    Пол:
    Женски
    Јас не можам да сватам кога е икањето.. ни со првово немав појма.
    Бебе беше од 18та недела до сега последно бев 26та недела свртено со главчето надолу ама еве вчера на пример, паа ја осеќам секаде, де долу, де горе силно, еден ден само лево, еден ден само десно.. планирам 30та недела на скрининг да отидам, па ќе видиме, оти редовни контроли кај нас знаете веќе е пишано.
    Цтг, тек на 11ти мај имам :rofl: 40та недела ​
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.037
    Допаѓања:
    45.969
    Пол:
    Женски
    Моето си беше надолу на секој преглед и си остана така и сега кога ме прегледуваа беше надолу свртено и докторката рече дека шансите сега да бара позиција нова се ептен ептен мали. Значи генерално откако се влезе во 3ти треба веќе да има заземено финална позиција, ама секако има исклучоци и може да се сврти.
    Инаку јас прашав за мрдањето што некогаш ми се чино побеснува дали е нормално, вчера баш кога ме ставија на цтг имав 69 мрдања во еден час бабицата се смееше вика журка си прави, ама пулсот и кислородот му остнаа на нормално ниво што значело дека не е во дистресс кога мрда туку само си е многу активен.Сите бебиња рече имаат различно темпо и тоа е во ред, ама генерално активноста е посакувана и добар знак.
     
    На Hatula, mal.ecka и 0ли им се допаѓа ова.
  6. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.223
    Допаѓања:
    26.247
    Пол:
    Женски
    А си осетила ли како бранови? Не онака чукање туку буквално како вибрација некоја? Не знам што им значи тоа, што прават во тој момент.
     
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.037
    Допаѓања:
    45.969
    Пол:
    Женски
    Да осеќам бранови цело време, ама не знам што прават во тој момент, мислам дека удираат па од амортизација се прави бран.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Во првата бременост гледам дека сум била на прво ЦТГ во 34+3 и еднаш неделно сум одела.
     
    На Hatula му/ѝ се допаѓа ова.
  9. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.308
    Допаѓања:
    11.715
    Пол:
    Женски
    Дали има некоја трудница што ги пиела овие? Како сте задоволни? Имаат 45мг Ц витамин, 10.5мг железо и 150 микрограми фолна.
    IMG_20230216_121441.jpg

    Инаку мојата матична ми спомна, на ЦТГ се почнувало од 38ма. Некако доцна ми е, јас би бар 36та ако не и порано.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    И мене матичната ми имаше речено 37-38ма за прворотка. Докторката што ме пораѓаше редовно ме следеше на контроли и гледаше и на ехо дека стомакот е мек и матката е мирна па затоа и подоцна ме прати на ЦТГ и не згреши. Слушај си ги докторите:)
     
    На DaisyDoo му/ѝ се допаѓа ова.
  11. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Да додадам, да нема забуна, кај мене се знаеше дека порано ќе се породам со закажан царски.
    Се породив три недели после првото ЦТГ.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.753
    Допаѓања:
    21.467
    Пол:
    Женски
    И јас не можев ама има моменти кога е ептен пулсирачко и со ист интервал, па претпоставив дека тоа е икањето. Ама некогаш се случува да го осеќам во исто време и горе и како ехо доле во вагината. :D
    @1209 не се согласувам со тоа дека до пред трет триместар имаат заземено финална позиција, многу е рано тоа. Најчесто се позиционираат до 32ра недела, а многу од бебињата се вртат и до 36-37 недела. Сѐ си е индивидуално.
     
    На Starchild, mal.ecka и 1209 им се допаѓа ова.
  13. lipstickmadness

    lipstickmadness Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2014
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Нормално ли е сега да почнат да ме чешаат и болат брадавиците, 23+0 сум. Се мислам ланолин да земам?
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Nana1156

    Nana1156 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2023
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    337
    Пол:
    Женски
    Нормално е ,можеш ланолин да земеш
     
    На Снегулк@23 и lipstickmadness им се допаѓа ова.
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.037
    Допаѓања:
    45.969
    Пол:
    Женски
    @Bella_Stella можно е и јас не сум сигурна и не ми е многу веројатно, ова муабетот од бабицата , ама како што читав по нет и јас мислам дека можат да се сменат, на другарка ми буквално во пораѓај се сврте и направија царски во последен момент, она 10цм отворена.
     
    На Bella_Stella и mal.ecka им се допаѓа ова.
  16. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.223
    Допаѓања:
    26.247
    Пол:
    Женски
    Одма помислив на Елена, знам дека она до последно се грижеше за тоа што повеќе пати и се сврти за краток период. Нели @elenaklasik ?
     
    На elenaklasik и mal.ecka им се допаѓа ова.
  17. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.223
    Допаѓања:
    26.247
    Пол:
    Женски
    Мешиња, бев со мала пак парк, ми се деси истото како вчера само овој пат болката беше многу јака. Затегање на стомак, преактивно бебе и болка хоризонтално на среди на од стомак, не знам како додојдов до дома. Сега легнав, па да видам како ќе ме биде. Не знам шо да праам. Немав ваква болка со првото. За лажни ли се работи? Тие болни ли се? Боже.. стварно ги немав тогаш.
     
  18. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.753
    Допаѓања:
    21.467
    Пол:
    Женски
    Лажните контракции не треба да се болни. И јас имам чести стврднувања, ама не боли. Можеби си се преморила. Види дали ќе помине со одмор, ако не оди да те ѕирнат.
     
    На AniSk и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  19. Estella

    Estella Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2021
    Пораки:
    400
    Допаѓања:
    536
    Пол:
    Женски
    Како ти кажале така прави. Јас сега се породив 37 ма недела , ми пукна водењакот тогаш и прво цтг ми направија. Не се опседнувај со прегледи кога нема потреба и се си тече како што треба.
     
    На DaisyDoo, pilence23 и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  20. pilence23

    pilence23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2017
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    127
    Пол:
    Женски
    Како е да ти пукне водењакот, многу ли вода истекува наеднаш, дали е болно и колку време имаш додека треба да отидеш во болница, дали имаш време да се истушираш па да појдеш или одма треба? И после тој момент до раѓањето колку време помина, ако не ти е тешко да ми одговориш, фала
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.