јас ја имав во уринокултура во прво тромесечие пиев амоксиклав спрема антибиограм сега кога проверував ја немаше
Не боли, си тече вода, не престанува. Имаш време да се истушираш, не оди така брзо. Јас бев со закажан царски, ноќта пред царскиот ми пукна водењак, осетив само течење на вода, си течеше до сабајлето додека не ме породија.
Јас имав земено Мустела ама бидејќи имаше сува кожичка малиот кога се роди почнав да го бањам со маслената купка Еуцерин и со pH5 млекото за тело на Еуцерин. Истите ги користам и јас, кожата му е како свила Сега мустелата ја користам кога му го одмивам газето.
Јас сега сеуште немам купувано рано ми е ама со синко користев тоа купка маслена/шампон,крем за пеленска и млекце за после бањање.Масло од лаванда за масажа секој 2 ден навечер го масирав цел преубаво му беше и на него и на мене колку уживаше,така планирам и за снегулкава здравје така да земи си масло за масажа нема да згрешиш дефинитивно
Мустела стелатопиа ја користев и супер и беше на малава, јас лосиони за тела немам мачкано, после се префлив на веледа пошо ми беше таа достапна само странство, аа кремата за пеленска регија од веледа ти е најврв од сите.
Како што кажав јас крем за лице и лосион не мачкав никогаш ама има на веледа и масло против грчеви за масажа на мешко е.
Сплет на околности, сабајле завршив на дежурен. Ме испратија дома со Утрогестан 3х1 орално да земам. Претходно еднаш навечер вагинално ставав. Денес, до сега две се напив, вакво гадење во прво тромесечие немав. Ќе се навикнам ли или вака ќе си биде? 30+1 сум.
Јас земав шампон/купка, крема за пеленска регија, крема за лице и масло за масажи да можам да правам, ама обично, не тоа за грчеви.
Добро вечер девојки, денес ме известија за резултатите од крвта преку кој испитуваја дали бебето недај боже има Даунов синдром. Фала му на Господ резултатите се супер. Ви посакувам на сите само убави работи и лесни бремености <3
Со првото бев задоволна па затоа повторно земав еуцерин и мустела и бејбигал крема, се надевам ќе и одговараат.
Моето имаше атопичен дерматит со егземи, користев биодерма маслена купка и биодерма лосион за тело истите ги користи 4 години.
Девојки ве молам за мислење. 36+ сум и веќе 2 дена по ред на моменти осеќам ко притисок долу. На секое мрдање и истегнување на бебето мене долу ми прави протисок и болка ко веќе да сака да излегува. Дали е тоа нормално или ќе треба да си појдам утре во болница зашто му е време?
Девојки некој совет за висок притисок и болки во главата? Ноќеска бев и во брза помош ми измерика 160/90 па потоа се смири ме пуштија со 125/80... а пулсот константно висок над 100. Не ми дадоа ништо и еве сега пак главата премногу ме боли