Нормално е, веќе 3 недели сум со таков притисок, си седи уште бебе во меше Ако ти е ептен мисла провери на доктор, ама мислам најнормално е, барем според мене Он топик, 37+4, закажан царски за следна недела, а јас имам фаза на nesting, само се мислам што да пофатам да средам Цтг секој ден од денеска, некој болки покажувало, нееека седи бебе до понеделник мирничко да завршам генералки и депилација, после ако сака и нека си излезе Ми тежи мешево многу веќе, ко лубениче е, синко на мајка ќе е изгледа, буце Закажавме царскиот ко што спомнав, јас искулирана, маж ми паника го фати, мислиш него ќе го пораѓаат боже боже Едино мене ме секира поголемкава, како ќе се снајдат со неа, ќе заспие ли ноќе со некого, уф И зборам и кажувам дека ќе ја однесат мама да го извадат бебето, па ќе дојде да го земе она со тато, се надевам фино ќе минат Друго, не знам како ќе бидам сфатена, ама страшно ме нервира периодов кога ми идат гости, сакам и луѓе и се, ама ем не можам да спремам да ги служам, ме гледаат се движам ко тенк, а си седат по 5-6 саати Плус додатно чистење има секогаш после Ми иде да набркам се некогаш Низ муабет спомнувам дека ко ќе дојде бебе, ќе има строг распоред за гости исто ко со првово, 20h куќа се затвора за гости, па кој се лути нека му стои Тоа е од мене мешиња, ќе ви пишам пред подготовка и отпосле како сум минала со втор царски Убав викенд да си имате
Мери секој ден по 3 пати на ден, ако ти е стално висок мораш да известиш доктор. Ако е моментално, се десило на повеќе. Види не јади јадења со сол. Ама на твое место би се слушнала со матичен.
Набркај. Јас по природа не сакам гужви дома ама ако ти смета, нема шо тука да се устручаваш да кажеш, уморна сум, ми треба мир и крај.
Висок притисок во бременост не е за потцена воопшто, ако имаш пак оди пак на болница, терапија бар некоја да ти дадат. Мора да се регулира.. Со помин. Нејќам никој да плашам во фамилија имавме случај со прееклампсија заради висок притисок, среќа се заврши добро.
Се согласувам за високиот притисок, мора да се регулира посебно ако е над 140/90, со мене сега една жена лежеше во болницата ја примиле изненадно тој ден и одма и рекоа дека ќе ја пораѓаат со провокации следен ден поради историјата со висок притисок во предходна бременост. Ја прашав дали стално и е висок, рече дека не ама ја пратат ради тоа што едвај ја спасиле последниот пат и затоа сега се нафаќа на провокации во 38ма оти предходно после 38ма цело време нагло и скокал од час во час. Така да редовно мерење и реагирање на време за висок притисок.
Не служат за ништо тука примери како на една жена, член на фамилија итн. Може и на друг начин да се каже, со такви примери уште толку ќе и се качи притисокот. @girlboy следи го притисокот редовно и консултирај си се со доктор. Веројатно прво ќе ти стават холтер па после ќе се одреди дали си за терапија или не. Не се одтавај така, со соодветна терапија ќе бидеш добро.
Ќе си се слушнеш со матичниот и плус со гинекологот, пиј многу течности да мочаш и солено никако, од соленото уште толку се качува притисокот, висок притисок не е играчка ако претходно си го немала.
Девојки, некој совет за затнат нос и главоболка настината сум, незнам дали смеам да користам некој капки барем
Еве сега мерев од сабајле нормален ми е 120/70 и пулсот океј 95, можеби и од стрес да ми било бидејќи цел ден паничев за главата па од тоа да сум качила притисок
Девојки некој искуство со ТСХ 0,11 во 5ти месец? При прво мерење во 11 недела ми беше многу пониско 0,01, па испитував антитела за хипер (претпоставувам ме разбирате, малку тешко ми оди со преводот и медицински термини ), но среќа немав, па ми рекоа да продолжиме да го следиме, без терапија за сега. Во прво тромесечие кога ми беше 0,01 имав топли бранови, забрзано чукање на срце итн, но само неколку пати. Сега сум 5ти месец, и од кога влегов во второ не се случило. До сега не сум имала никакви проблеми со тироидната (колку што знам). Следен месец имам пак проверка па на ендокринолог. Гинекологот ми вика дека е можно и од бременоста, па да се нормализира кога ќе се породам, но можеби и имам некој проблем со тироидната. Некој случајно да не има искуство со ова? А и од убави вести, пред некој ден го имавме 20 недела ехото, бебче е супер, си расте, клоца, и дознавме дека ќе имаме синче.
Девојки дајте некој совет за главата еве не поминува сеуште.. десната страна кај слепоочницата постојано со тап бол и десна страна позади зад увото со боцкање и пецкање периодично, не е нормално вака веќе втор ден да ме боли со гадење и зуење во ушите исто и од синоќе некое мало пецкање на прстите на левата рака
Следи притисок и не се плаши да паничиш од паника можеш да го качуваш притисокот Ми личи на мигренозна главоболка.Пробај напиј се парацетамол и б6 и магнезиум и темна тивка просторија да одмориш.Можеш да се испркаш и со руска вода на врат и слепоочници
Да да го пазам притисокот цело време сега само што измерив 127/68, за мене вака вообичаено е висок бидејќи нормален ми е 90/60 ама океј е и пвок се трпи
Асоцира на мигренозна болка. Јас слични такви имав и невролог ги окарактеризира како главоболки предизвикани од анскиозност. Откако се средив психички ги снема и главоболките. Тој период не бев бремена и ми помагаше налгесин форте, ама тоа не смееш сега. Лежи во темно, ставај ладни облоги, мачкај некоја лута маст и обавезно оди на доктор.
Таква главоболка имав 2 дена, тогаш бев, 6та 7ма недела, како мигрена личеше, само лежев 2 дена од болка, на секој чекор ме болеше, парацетамол се напив 2та дена по 1 ама ич не помогна, притисок 90 со 60 беше, многу често ме боли мене од ко сум бремена, исто како што кажуваш, кај слепоочниците и горе, само тој дел, парацетамол пијам не се трпи, само малку помага, вчера исто ме болеше и реков ќе пробам турско со лимон, можев да го пијам не ми се гадеше, денес с исто се напив со лимон и не ме боли, иначе скоро секој ден боли се навикнав веќе. Мислам дека од неспиење ме боли јас имам несоница
Сигурно е спуштено многу ниско доле како што беше и на мене се имав притисок и тежина доле дури и седењето ми беше напорно... напрај си еден преглед чисто да знаеш на што си
Zosto da ne smee? Eve sto veli : Утринските мачнини кај многу трудници може значително да се намалат или да се проретчат доколку се употребува по една чаша свежо приготвен чај од маточина, два пати во текот на денот, наутро и навечер. Plus mene lekar mi dozvoli zosto imav maka so creva i zeludnik i strasni grcevi