И јас на цела паника со лажните и за ова почнав да паничам. Исто викендов ептен го осеќам дека ика, со себап барем му мапирав кај е главата. Ќе се јавам на пауза до на доктор па ќе прашам и за ова. Јас па знам дека и икање го рачунаат како движење.
Кај мене 36+ веќе недели претходно имаше секој ден икање, знае да потрае. На гугл истото го прочитав и решив да не се замарам, зошто ми беше посочено да пазам само на движењата. Ме следат и сѐ си е во ред. Баталив гуглање и анализи, само параноја создаваат.
И мене ми рекоа да не го сметам икањето затоа што било рефлексно од дијафрагмата, инаку да тоа е, како играње на мускул. И мене ми има логика сега најмногу да се осеќа оти баш 8ми месец е за развиток на дробови и учење да диши ама сепак кога потрае се загрижувам. Како и да е сега одам кај бабицата на контрола и ќе прашам па ќе ви пишам, а утре сум на скен па и таму ќе видат дали е се во ред.
Моето многу икаше, се осеќа како вибрација да речам и со пауза, баш како што икаме ние, неможиш да утниш икање. Вие со второ кога осетивте движење прв пат? 17та недела првото го осетив ама ми го водеа 2 недели понапред.
јас сум од тие на маса што ставаа коритце да заштедиме .....гледано од овој аспект прво што ке купам е коритце со постоље права мука е на маса ај ке донесеш вода да го наполниш него после полно да го вратиш во тоалет ( мми тоа ) греота така да ептен се исплати
Јас на маса го преслекував ме болеше половината и неможев да стојам наведната, за капење на под клекната немав мака, јас сега би купила (на старо) маса за преслекување, можеби и кенгур само тоа немав др ништо се имам од првово.
Каква маса ја на под доле Две кофи вода носев или ја или маж ако беше дома,избањаме дете,напунам после кофите истурам во туш кабина и чао пријатно.Ќе се снајдеш секако бе,жена.Мене лично не ми се даваа пари за постоље дека не се користи долго,ама тоа е мое мислење секако и малку некогаш скржава сум за некои такви работи. @lackygirl добра ти е идејава за пресоблекување на маса,имам маса за пресоблекување ама ја купив после 2 месеца и ја дефектна сум во кичмава не ми текнало за трпезариска
Фала на одговор. А пробав со прегорен шеќер па кога ми се слоши истурив црева од путерот и благото. Не поднесувам шеќер
Првото во 19+ (постелка на преден ѕид), а второто во 16+ (постелка на заден). Може и со некој сад да црпиш од водата и да ја фрлаш, па ќе го кренете кога ќе биде полесно коритото. Или има корита со испуст, чисто да имаат инфо мајкиве што првпат ќе купуваат корито. Ставаш под него леген или кофа, пушташ дел да се истури водата, затвораш чеп и станува полесно коритото за кревање.
Бабицата рече нормално е икањето сега, треба да престане 3-4 недели пред пораѓај или да се намали, нема зошто да се грижам освен ептен нешто многу да е, по цел ден и да трае, вели сама ќе осетиш кога да алармираш слушај си инстинкти. Ми закажаа и за дијабет тест, уште тоа не го бев искусила, имав протеини во урината, ама отидов пиена смути и рече може од тоа е ама за секој случај. Киселината во крвта се спушта ама ензимите на црниот дроб се качуваат. Ќе биде изгледа породувањето 37ма…како е така е само да е добар малиот.
Јас го избегнувам бидејќи ми го спушташе железото додека не бев бремена и нутриционист ме искара као кој ми кажал да јадам тоа Не ми текнува точно што и како, наводно поради некоја состојка. И оттогаш бегам од него Но ова е само мое искуство, ќе пише некоја нешто друго.
како себе да се читам до предходен преглед во 26та имав качено 8кг и јадев сешто и од се ми се гадеше ама џатоа и јадев се немаше вајде да се откажам од нешто а и се бев гладна сега овие 2 3 недели дури размислувам да не сум болна затоа што јадам помалку без апетит и затоа што треба да се јаде ....си мислам дека кога ке одам следно 31ва на преглед ке сум ослабена .....само бебе да си напредува добро за мене штом терам ( дури и со доста повеќе енергија него ли во второ тромесечие ) добро е
Ни тогаш ни сега ми се даваат пари, скржава сум и јас за некои работи постоље не би купила ни на старо за масичка за преслекување пишав на старо бидејќи се наоѓаат мн поефтини, креветче не купив ни за првото, од брачеда го зедов од Југославија купено, дрво, само го исфарбавме бело, ново душече и така, 130 на 70см е синко уште го бери внатре имаме од мм уште 1 креветче и тоа југословенско ако ни треба тоа ќе го составиме и така исто не купив ни релаксатор, ни дадоја роднини од нивните деца ама синко воопшто нејќеше да седи во него па арно што не купив и тоа Ако нешто купувам тоа ќе биди на старо оти знам колку се користат
А тие со постоље каде се испушта водата? Имаат испуст? Јас на маса бањав и супер ми беше, во кофата маж претураше вода на крај и полесно коритото го носеше во тоалет. Одличен е цервиксот
мене сем на лева секако друго не можам .....а после пола вечер ми трне нога и рака :/ на грб ако легнам бебе узбуна дига а на десно се осеќам како да се гушам
Јас имав скроз обично кадиче, од пазар мало, на под го капев, @Starchild имаше пишано дека има обични кадички без постоље кои имаат дупче и се испушта водата во купатило, ама јас во дневна го кспев па истуравме вода во купатило, не беше тешко, плус 2рото здравје планирам 2 пати неделата цело да го капам, синко секој ден со 40 дена и се направи со егземи и совет од доктор беше поретко капење. Иначе такво со дупче имавме, се капеше летото надвор после само испушташ вода, еве го
И моето е вакво и здраво е, истото ќе го користам. 1 кофа вода стававме, секој ден не сум ни бањала дете, таа не е тешка и во дневна ја бањавме. За постоље плус не ми се даваат пари
И комоди специјални за пресоблекување не мора, на маса ставаш подлога за пресоблекување и се завршува работа. Или на кревет ја ставаш подлогата, седиш и пресоблекуваш. Ние нарачавме фиокар и на него ја стававме подлогата за почеток, и тоа врши работа.