Нешто последниве постови ми се сѐ жалење и кукање. Сама ми иде да си шлапнам една . Едвај чекам да можам малку да се поднапијам, звучам како алко ама ми треба малку да НЕ следам правила. Ова не требало, ова требало, ова умерено, припазувај, внимавај, испитај, следи ситуација, мирувај. Немам *пупу* тешка бременост (за сега) греота е да се жалам, али мене лично многу тешко ми паднаа испитувањава на 20-30 дена. Крв, шеќер, димери, протеини, тсх, чуда бесови. Таман сум добила еден резултат, оп троп, чекаш друг, сѐ во грч... Прилично пресно влезена во трето тромесечие мислев ќе ми олекне шо третина од патот е изоден, ама не бре. Се нешто се плашам, преразмислувам, преиспитувам. Си го гледам стомакот, мал ми е... Стагнирам со килажа и јас, не дека лошо ми дојде, ама зошто си велам... Па не мрда, па зошто не мрда... Па болки некои ме штрекнуваат се си велам готово еве ќе излегува this is it. Ми отиде некаде позитивата и еланот, а богами и рационалноста така бавно ама сигурно... Спиењето апсолутно неквалитетно, па кога ќе речат 'спиј оти после нема сон' Соновите што ги сонувам ќе ги премолчам. Киселиниве што да кажам ќе грешам. Нешто хаотична сум, со мислите насекаде, а уствари никаде. Се плашам од пораѓај, од како ќе се снајдам со сѐ, ќе издржам ли... И такви егзистенцијални прашања. И така јас. Си покукав понеделнички, малку ми лекна што на 'глас' размислив. Ај барем времево убаво
@DaisyDoo ако ти е некаква утеха и јас се осеќам така, стварно може греота е да речам ама мене бременоста искрено не ми е ич уживање и одвај чекам да се роди, знам дека тогаш ќе има други грижи ама барем ќе го гледам надвор и физички јас се надевам ќе се осеќам подобро. Исто како мене да се читам што си пишала, секоја недела минимум 4 испитувања имам кои патем не се ни близу, натаму наваму еден ден немав слободен да речам еве денес ќе спремам за бебе, листа уште немам направено, немам ни се купено, финансиите ме загрижуваат исто дека малце работев месецот и продилното мислам нема да ми е како што треба, ништо немаме купено, а платата ми ојде веќе. На работа уште одам секој ден преморена, само што ќе седнам дома пе треба да се породам. После ова искуство мислам дека за следна бременост ќе ми треба малце повеќе убедување.
Девојки фала ви на сите за советите. Очигледно добив тровење од храна, ама ете со помош на советите ваши и мојот инат издржав некако и мислам дека веќе е при крај маката. Си го видов бебето денес на контрола и си се расположив дополнително. Пораснало мајкиното сонце, скоро 2 килца има веќе. Се свртел и со главче надолу, малку ми олесни и од тој аспект. Се надевам ќе си седи така до крај. Убав сончев ден на сите!
Ние ја имаме на чико кадичката со има и за пресоблекување. Практична оти е нели 2 во едно, има колца и можеш да ја носиш секаде, има одвод ии од страна корпички за редење козметика. Еее сега, додека помала беше супер ми дојде амаа веќе кога почне да расте и да сака да седи, зедовме најобична поголема, таа некако теснаа и беше кратка. Исто од мерак зедовме корпа за спиење во дневна на тркала, тааа пак за 2 месеци ја надрасна.. кај ми беше паметот не знам. На такви работи не се мамете.Јест да е многу стабилна и еве и второ ќе редам во неа, би ми било мило да се сочува и за внуци јхаха амаа дефинитивно за едно дете не се искористува.
Навечер пиј пред спиење Магнезиум и Б6. Да, јас го јадам од време на време а и други цитрусни овошја. Никој не ми го забранил нити па сум прочитала некаде да не смее. Која недела си? Јас 29, моето пред неколку дена му текна да се сврти со ноџињата и се надевам да си се врати во положба наскоро. Почнав и со вежби. Јас масичка за пресоблекување не купувам бидејќи немам место во спална. Со ќерка ми не ни користев, ја пресоблекував на кревет седната секогаш. Користев подлоги за една употреба. Кадичка со постолје е спас за кичма, мене многу ми се најде и сега пак сум во план да земам.
Dali bebinjata vo stomak vi reagiraat na glasna muzika? Moevo nema gajle, nit mrda nit mu smeta.. a iskreno ni koga jadam blago nema nekoja reakcija. Kako e kaj vas? Ima li nesto po sto mrdaat I ste primetile?
Јас да си прашам нешто. Креветчето главно планираме да ни биде во спална за почеток. Но каде да спие бебето преку ден, во дневна пример? Уште едно креветче ли да земеме? Еве не знам. Да речеме таму ќе сме цел ден, па некако на тоа си помислувам само.
Зачинето ако јадам, после активност кога ќе одмарам обавезно ме шутира. Десено ми е и во движење и тоа беше ептен неугодно. @Hatula осети ли кога се сврти? Оти иста недела сме, мене пред некој ден чукањето ми беше некако болно и чудно, помислив дека се свртила..
Девојчиња,итно е,стојам пред ДМ и се мислам дали да ги купам витаминиве. Дали некоја ги пие? Гледам има се во една таблета (и омега) што ми е важно, а по состав слични се со феминион 2. Околу 800ден се. Да не ги земам за џабе После ќе се навратам со километарски пост,особено за матичната,навистина веќе не можам да и ја поднесам ароганцијата и во сред бременост ќе си барам нова матична
Јас за во дневна ќе имам релаксатор и гнездо, иако планирам да пробам во спална да си спие и денски. За ќерка ми многу ми се најде релаксаторот за таа работа, само што мразеше да ѝ мрда па сега ќе земам статичен без триста чуда. @Bubish26 осетив по ударите. Вечерта многу мрдаше и утредента веќе немаше удари горе околу и над папок туку само доле кај бешиката. Мината недела бев на преглед и во право сум била, свртена е.
Паа ние затоа и ја зедовме корпата, оти си ја возикав кај што бев јас, сама дома одев туш мавав, бебе во корпата до мене ама грешка направивме што никогаш не зедовме камера, сега тоа прво ќе купам.
@Hatula 32+3 сум. Пишував и порано, во 28ма беше со главчето горе, во меѓувреме се свртел, а кога точно не знам. Јас цело време мислев дека уште е карлично, ама среќа сум грешела.
Првото бебе ми спиеше во лулка една во дневна а од 3 месеци сите дремки во креветче. А второво сега од старт само во креветче, зошто поголемото па ми седи во дневна.
Не ги земав витамините за кои прашував погоре. Пребарав во темиве и доволно беше што прочитав дека на 2-3 им биле гадни(имам проблем со тоа) па затоа си заминав. Ништо,ќе земам Фемибион, нешто мора.. Е сега да си олеснам душа. Значи не можам да ја разберам матичнава. Преглед се закажува само во понеделник. Ама ако се јавиш во понеделник нема за тековната недела,дури за следната. Претходно ако посакаш да закажеш ти вика рано е,јави се во понеделник. Едно со друго врска нема. Кај неа последно бев во 16та недела. Сега сум 20та недела и знам дека треба да одам на скрининг ,планирам следната недела на 21+4. Сабајлево вртам да закажам преглед кај матична ,после неколку обиди едвај се јави. Ме одби. Немало потреба да дојдам кај неа,ќе сум одела на скрининг другата недела а после тоа по 3 недели да сум одела кај неа. Извини молим те. За мои пари,што патем на бремена жена наплаќа ,а при тоа не смее,па уште тешко и е да ме прегледа? Не дека е фул со пациенти,повеќе од 2 не сме биле во чекална. Можеби ми требаше некој совет, да види месечна крвна слика, еве на пр.имам надворешно некоја болка долу што не знам од што е,дали поткожно,дали бубуличка или нешто сосем трето? Па за што е матичната,само да лапа пари од фонд за мене? Епа ќе ми извини. Повеќе нема да дозволам. Арогантна,бесчуствителна,ладна мраз. Сестрата бетер од неа,па да не зборам. Среќа што пред нецели 2 недели бев во Систина и знам дека се е ок со бременоста. Да имам пари за таму секој месец нит ќе земам матична нит ќе ме види. Ама не се малце и 4000ки. Така што тотално разочарана сум и решив ќе ја менувам со време за да не си направам проблем со породилното. Ве молам во порака предложете ми вие каде одите во Ск.
Јас дење го оставав на гарнитура во дневна, со перници покрај него за не дај боже. Често спиеше и во спална,па со вратите отворени го ѕиркав повремено. Некогаш и во количка во дневна си спиеше.
@DaisyDoo @1209 Значи иста сум како вас.. имам уште другарки што се 30+ недела како мен.. абе си уживаат нон стоп шетаат негде ова велат им е најубав период. А јас се затворив дома само по лекари си одам во хипохондрик се претворив ни јадам нешто многу нити имам желба за нешто легам по цел ден, навечер ми е страв да спијам какви мисли ми доаѓаат... не знам хормоните психата кој си го прави своето ама секој ден вака значи.. колку бев возбудена на почетокот сега толку сум down со расположението..се си мислам негативно, зошто немам апетит зошто сум намалила килажа зошто ме пецкаат дланките глава абе секој ден нешто
Јас гнездото го користев во дневна за спиење, долго време, скоро до година, долу одврзано и така си спиеше, мн мирно спиеше стално без многу мрдање и вртење, мрзливо бебе беше.
Инаку бев денес и кај матичниот и кај интернист бев објаснив што како, ми рекоа и двајцата (бидејќи тука имам повреда од сообраќајка пред две ипол години) најверојатно е некој нерв нешто поврзано со рбетот па од тоа и пецкање во рацете, само масажа, магнезиум, б6. Дека сега во бременоста ништо друго не би можеле да испитаме
Јас кај мојата матична после 3тиот месец не стапнав, упат за крв и урина си зимав од општата, после одев само во Систина еве сега чекам и да се породам таму и тоа ми е најпаметното нешто на што можев да ги потрошам парите, си одев еднаш месечно докторот не ме замараше со информации на кои јас немам влијание или не ги разбирам и буквално со мирна совест и психа си ја терам еве и 39тата недела, тука читам членки знаат должина на цервикс, знаат обем ваков, онаков и ред други информации, јас само знам дека бебето е супер и тоа е тоа што ме интересира ништо фазла.