И јас сум со постелка на преден ѕид и покасно го осетив. Негде 20та бев сигурна дека е бебе, па после некој ден го осеќав слабо, некој минимално појако. Неколку недели поминаа дур да почне ептен убаво да се осеќа. Кока колата и благото уште нема влијание мислам во твојот случај, зошто уште не му се развиени тие ‘taste buds’, таму негде накај 28ма се целосно оформени.
Со што можам да заменам Утрогестан од 100мг? Треба да го примам уште две недели, а дефицитарен бил, не можам да најдам.
Јас имам една лента цела и од другата 3 вагиналетки останато утрогестан од 200 ако скаш можам да ти ги дадам јас сум од ск пиши ми во лп.
Фала ти ама од 200мг имам и јас, треба да ги сменам со 100мг. Нема како да се подели апчето инаку ќе ги користев овие што ги имам.
Зошто сум веќе при крај, 32+5 сум, а цервиксот ми го измерија вчера 4.16цм. Уште две недели од 100мг треба да примам и да го прекинам.
Vo petokot imase vo apotekata Sara, vo blizina na studentskiot dom Kuzman vo centar, proveri dali slucajno gi ima uste. Inaku Utrogestan e deficitaren, so recepta zedov od Srbija.
И јас сум со постелка на преден ѕид и ден денес знам да се извадам од памет дека не ја осеќам колку што јас сум си замислила дека треба. Прв пат во 18 недела бев сигурна дека мрда бебето, ама како и да е во тој период имаше многу често денови каде што не осеќав ништо или ептен ретко беше. Секој ден редовно почнав да осеќам движења тек после 23-24 недела. Во осми месец баш значително се интензивираа и почнав да чувствувам и икање и тегнење и испакнати форми, ама ако сум во движење или ако лежам на стомак многу послабо осеќам отколку ако лежам на страна. Ако претходната бременост ти била со постелка на заден ѕид мислам дека овој пат многу поразлично ќе го доживееш мрдањето, па биди си спремна да не те фаќа паника дека нешто не е во ред.
Мешковци кажувајте нешто за кашлање умрев 5дена не сум спиена. Матичната не ми дава ништо не сум смеела да пијам. 200пакетчиња љути бомбони изедов џабе чаеви супи не помага ништо. Стомак почна да ме боли ни сон не ме фаќа
Јас сум 20+3 и најмногу го чуствувам кога лежам, а тоа е навечер и наутро кога станувам од спиење. Се случува и кога стојам или седам да почуствувам удар,но не секојдневно. Мислам дека е рано,почести удари во првата бременост имав од кај 25та недела. Не знам на кој ѕид ми е постелката,прво матичната рече на заден,па потоа на преден. Кога ја прашав дали се движи ми рече не,викам па дека рековте на заден ѕид е. Епа имало делови на преден
@Alishan30 Сега со вторава бременост ја гледам разликата преден-заден ѕид. Малава ми го поткрева стомаков уште од 20-та недела и видливо е мавањето понекогаш, а со син ми тоа се случи баш подоцна. Првото во 19+, а второво 16+ првпат ги осетив онака сигурна дека тоа е тоа. Без гајле, ќе биде почесто и поинтензивно понатаму.
Иста бев и јас. Пробај со чаеви, пилешка супа , прегорен шеќер путер млеко(мене ова киселини ми појача па имав напад на кашлица). Мене ми е од алергијата па бев на кожно и ми дадоа спреј кортико па така ми се намалија инаку ништо друго не ми помогна
Како се справувате со труднички кошмари? Утрово ќе го убиев мм Сонував како сум го фатила дека ме изневерува,со признавање со се се разбудив сред ноќ нервозна, продолжив да спијам и следеше дел два: ми вика ама и во првата бременост те изневерив е тек тогаш ме обли нервоза Се будам нервозна,ми иде да го рашлакам ама се воздржав Станува и он,јас лута ме прашува што ми е,му кажувам ,вика дај не ми го расипувај утрото со глупости. Викам па ти ноќта ми ја заеба
Да си жива и здрава ме изнасмеа. Меж не сонувам , како да не постои ама затоа други глупоштини, убиства , крвови па куќа по хипотека па ја губам , па незнам уште што не ама брзо заборавам среќа па го терам денот без нервози и стрес
Добро утро Ни наспана одморена ни неодморена.Да речам неодморена ќе речат цел ноќ лежиш,да речам да ќе излажам ми се плаче од колкот цел ноќ.Го мразам значи како ќе се тера вака уфф Какви глупости сонувам Софи ауу.Убиства,предвреме породување,неверства ехеее.Па коа ќе станам лута што викаш маж ми пустиот се превртува вика пак ли те варав.И двапати си го истепав на сон,он мене така Ај тие, најјаки ми се сексовиве.Несмеам да помислам на секс дента помислам ли толку тешко на човеков ноќеска на сон,со оргазми со се Па се будам цела извадена од памет да не напраам контракции Хормоните збудалени потреба до плафон,се тешам уште малку ај ќе издржам
Ако во првата бременост се убивав од секс во сон, тоа разни акробации и чуда, оргазми, во вторава сè нешто криминално сонувам. Убиства, карања, де се тепам со некого, ќе убивам, бркам Еднаш бар да се освежев со оргазам во оваа бременост, но не и не...
Јас единствен пат кога го сонував мм, беше пресмешен сонот. Сам беше останат со бебето и имаше таква паника шо да му даде да јаде додека сум била некаде излезена да се журкам. Толку релаксирана и расположена станав тоа сабајле, мераци