Јас имам од Oysho многу убави памучни, меки и со копчиња напред како кошула-ноќница. Одлични за доење, убави на изглед и после може да си ја носиш. Имаше и во h&m вакви ноќници и пижами (со копчиња)
И јас многу слабо и нежно го осеќам, и тоа секогаш е навечер пред спиење или наутро пред да станам од кревет. Преку ден ништо буквално ништо. И сите удари се долу премногу ниско буквално кај резот од царскиот, јас и вака се гледам ептен низок ми е и цел стомак, незнам колку е нормално само таму да ме удира, баш денес сум на контрола за ова сакав да прашам.
се изнасмеав јас уште сонувам кошмари, грди работи, а имам сонувано не трудна кај што ме изневерил и баш така сабајлето ми идеше да го отепам
Да се пријавам и јас за сонување на глупости синоќа не ни можев да заспијам морав да избегам од спална па заспав некако во дневна. Еден ден бар да можев мирно да спијам ама нема За движењата на бебето јас иако втора бременост многу касно почнав да ја осеќам. На преглед секогаш ми беше прво тоа прашање има ли бебе јас ништо не осеќам, матичниот баш ми се чудеше како ништо не осеќам, тек после 23/24 некако почнав да ја осеќам ама и тоа мн нежно. Има голема разлика од првото, цуцата сега е многу нежна еве и во 37гн праве само нежни движења, многу често ика тогаш ја осеќам, и знае да изненади со некое движење истовремено на три страни да се зстресе мислиш салса игра Се надевам нема да ми наплати кога ќе дојде Денес купив павловичева за дома и за во болница, купив и подлоги за мене, по колку треба да се носат такви во болница? Со првото не носев и беше страшно, сега земав за да не се срамам ама незнам колку да понесам
Од кошмари, најголем кошмар ми беше кога сонував дека мм е уствари татко на децата на мој колега Се развеле со жената на колегава и као делеа заедничко старателство врз децата, па си правевме иди ми дојди ми цело време. Кога се разбудив и му кажав на мм ми рече ти си ненормална. Колегава па се изнасмеа.
Ме изнасмеавте од сабајле Никако не се справувам, се навикнав веќе и си се смеам одпосле кога ќе ми спласне еуфоријата Пред бременост спиев како топ, сонував еднаш годишно, сега секоја вечер имам ептен вивидни сонови. Изневерување со признание имам и јас, седеше во дневна и насмеан ми објаснуваше во детали што правеле Инаку во топ три нервози ми беше сонот кога ми ја продал колата и ми ја сменил со некоја безвезна на него што му се свиѓа, па цел возбуден ми ја презентираше. Тогаш мислам и повеќе ме изнервира него со неверството, се разбудив препотена сериозно спремна да се тепам, цел ден нервоза ме изеде после Затоа, па редовно сонувам сексови и чуда со оргазми со се, па балансирам некако
Со бебе барај в аптека подлоги за преслекување на бебе, има од сите фирми. Цело пакетче си носев на болница јас.
Здраво девојки некој нешто во врска со крвната слика да ми каже додека не ми се јави гинекологот малку паничам што мислите вие
Затоа што за се паничам без потреба очигледно, не знам оваа тромесечие веќе за што не испаничив Фала многу
Мешковци, вчера проверував урина со седиментација, на резултатот покажува дека имам бактерија во урина, јас немам никакви симптоми, но ете покажа. И пратив на оваа докторка што тука одам на скрининг за да ми каже што понатаму, женава ме игнорира. И се јавив денес и телефонски за да и кажам дека и имам пратено емаил, ок ми рече само ќе ти пишам, еве ја нема. До сега не сум се соочила со бактерии и не знам што треба точно да испитам, за да се виде која е бактеријата. Додека ја чекам оваа да врати ќе се породам. Вријам од бес.
Уринокултура направи и ќе покаже кој антибиотик може да се земе, па докторот што те води ќе ти каже кој да го пиеш.
Не паничи, направи си уринокултура. И мене на урина ми покажа бактерии, на уринокултура немаше ништо.
Направи уринокултура но не е срашно, многу пати ми покажуава а секогаш уринокултурата е чиста, се сомневав на точноста па направив и приватно, и пак се си беше чисто