Најверојатно не ни имаш бактерија,ама уринокултура направи си.Се почесто пишува на урина + за бактерии а на уринокултура нема ништо,не се грижи.
Јас имам инфо дека ќе ги нема до 15ти Март... колку е точно не знам Иде утре моја роднина во Србија, мислам дека ги има и таму, ако сакаш да се организираме да ти купи
Фала ти, ќе направам уште малку напори да ги најдам тука. Утре ќе се консултирам со докторката дали воопшто да се трудам да ги најдам зошто сум во одмината бременост и со добар цервикс, не сум сигурна дека ми се неопходни.
Фалаа ви на сите, ќе проверам уринокултура. Само највеќе ме изнервира докторкава што игнорира и ништо не одговара на пораки. Нека помине само последен скрининг и толку.
Ти ги даде да пиеш од 100 не се прекинуваат наеднаш,и мене ми ги прекинаа само да ги допијам преку еден ден.Прашаја дали можеш преку еден ден да пиеш.
Незнам не се разбирам многу мене така ми рече матичната и прогестеронот депо кога ги прекинував примав преку еден ден па почнав 2 пати неделно ми намали па ги прекинав.
Девојки појава на бактерии во урина може да значи и контаминација на примерокот при земање. Многу малку фали да се контаминира, а не мора да значи дека е уринарна инфекција. Јас еднаш заборавив да однесам урина на редовна проверка и морав да одам таму во тоалетот. Знаев дека резултатот ќе покаже бактерии иако 10 минути пред тоа излегов од туш и после процедурално дека ќе треба да правам и уринокултура за да се исклучи евентуална инфекција. Видете да не прескокнувате некој од овие чекори, можно е и самите да ја контаминирате.
Колку често ги чувствувате бебињата околу 30-31ва недела? Знам дека во одреден момент им станува тесно и движењата намалуваат, ама имам голема разлика од пред недела дена до сега. Ептен ретко го осеќам, со голо око не гледам движења на стомакот, а гледав. Си велам да не прави нешто Утрогестанот, во смисол да го успива повеќе, како што мене ме бута. Единствено тоа ми е сменето во секојдневието, ми ја зголемија дозата 3х1. Ваше искуство околу овие недели? Од утре сум 31ва г.н. и на последно мерење пред недела дена отприлика, бебето беше околу 1600 г.
И јас имав период кога неколку дена го осеќав послабо и баш се загрижив, се спремав да се јавам на доктор и се јави. Од тогаш не е престанат да мрда, дури и се јавив да прашам дали нешто не е во ред шо толку се движи. Доколку го осеќаш секојдневно, почекај ден два, може е нешо успиен. Ако продолжи и натака оди нека те видат за секој случај. Но се ова е доколку го чувствуваш секојдневно.
Работата е што не го осеќам како што го осеќав. Има драстична разлика. И кога бев активна во движење го осеќав, а сега ептен слабо дури и кога легнам на грб или странично. Каснувам благо, не бре, исто. Скоро и да го нема. Ќе видам вечерва, утре како ќе биде ако не ќе отидам. Фала ти.
Јас вчера така не го осеќав цел ден и на скенот беше успиен, што е нобично за него, многу е активен и предходните денови беше многу активен, ама се беше во ред на скен, еве денес почна да мрда вообичаено. И јас се штрекнувам често оти секаде пишува мора исто да го чувствуваш ама јас мислам по моево дека сепак кмаат мрзливи денови.
Девојки во дилема сум, дали да правам контрола за скриен шеќер. Матичниот гинеколог а и на приватно докторот што ми ја следи бременоста ми рекоја дека немам потреба според големината на плодот и според крвната слика. Сепак оставија на мене да одлучам и сега не знам што да правам... Како што имам слушнато и доста измачување е проверката за скриен шеќер.
Da pravis obavezno. Nitu jas nemav indikacii, bebe mi e pomalo so nekolku dena od ciklus, nemam visok plodova voda, nemam visok krven pritisok, ne sum popravena mnogu 27+0 samo 4 kg imam plus na mene do sega. Sekerot sekogas mi bese dobar na sekoja proverka do sega. A na OGTT testot mi najdoa gestaciski dijabet. Ne mi e namerata da te plasam ama napravi go da si bides mirna.
Бебе број 2 е најверојатно женско, 99% според докторката а и мојата интуиција ми вика така, не верувам дека греши иако не можеше со 100% сигурност да каже. Неможам да поверувам дека еве веќе 2 преглед по ред е со ноџињата надоле а главата горе, зарем е можно две деца по ред со таа положба да носам!?!? Затоа и всушност доле ниско осеќам удари цело време од ноџињата, буквално во резот од царскиот ме мава. Инаку ем со ноџиња надолу, стиснати двете ем папочната врвца била исто меѓу ноџињата и затоа потешко се гледало полот ама вика 99% е девојка. Повеќе среќа некој друг пат за машко. Гарантирам и 3 да би имале би било женско. Ама како што ми мириса на 2 царски тешко дека би имала 3 дете некогаш. Нека се живи и здрави само. Следно 2 скрининг да биде се како што треба па одмор малку пред сите испитувања оггт, па инекцијата за рх -, офоф.
Утре ќе прашам. Јас немам проблем со кратење на цервикс или со постелка. Два пати во 5+ и 9+ имав по една точка розево/кафеаво и затоа ми се дадени и не ми ги прекинаа. Со должина на цервикс 4.16цм во 32+ недела не верувам да има некој проблем и нагло да ги прекинам. Ама не сум доктор и затоа ќе си прашам утре. @DaisyDoo кај мене после 28-29та недела ударите станаа поразлични, поинтензивни. Има денови кога е помирен и ретко се јавува со нежни удари, ама генерално е активно бебе и силно си мава. Од Утрогестанот не верувам да ти е, јас цела бременост примам 2х200мг. Може едноставно таков му е денот, си нанка повеќе. Ако е и следните денови така оди да те ѕирнат, да не ти е мисла.
Ве гледале со спекулум во второ тромесечие? Ми се појави некоја нелагодност, како печење,гаќите ми сметаат,немам чешање,нема некој исцедок ,можеби променет мирис. Се сомневам на инфекција. Ќе одам денес на преглед,па да знам што ме очекува.
Мене ме гледаа во 21ва недела ама заради крварење, а кај тебе нема такво нешто што не верувам дека така ќе те прегледаат