Лелелел Божице мааааааа кај мене од вчера е зголемен исцедокот, густ, чуден Се си мислам дека сум психички спремна, ама не ќе да сум , ахххх
^^ Во врска со исцедокот.... Кај мене се појави густ исцедок и со некоја кафеавкаста боја уште во 35 недела... И мене од работа колешките ме напнаа готово ќе се пораѓаш, чепот ти паднал, а јас уште ни боледувањето го немав отворено... И трчај на преглед, чепот не се отворил, брисеви ми земаа, немаше ништо..... Се породив после месец дена на договорен термин..... Во 36-37 недела исто така имав зголемен исцедок, дури како вода да ми течеше и јас готова, водата ми истекува, и ајде пак трчај на леакр, ништо..... Така да не мора да значи, на крај во 40 недела на договорен термин се породив а бебушот уште абер немаше за искачање
Најеројатно не зборуваме за ист исцедок, а можеби и кај секоја е различно. Искрено не знам. Ова моево беше многу лигаво, како слузница и во големи количини. Последниот ден имаше и темна боја како крваво. Се извинувам за деталниов опис.
Слушај ти нестрплива феминке. Остави го детето на раат да си расне!!!! Почекај уште 3 недели и ќе си родиш бабачко дебелко здраво право бебенце. Оди гледај некоја серија на раат зошто после нема да можеш. Ете така да си знаеш.
и јас да се надоврзам на муабетот И да знаете дека е вистина ... Одмарајте си имате уште време ... после времето цело ке е насочено кон бебето . Поздравче
Не сум нестрплива и јас правам договор со неа да почека уште две недели барем. Посебно викендов имаме работи доста, а + и пат ме чека, морам да одам до кај моите нека седи, што се однесува до мене, толку сум чекала, па сеа не е ич проблем, посебно што ми е страв и некако ме плаши што се ближи крајот.
Уник честитки и од мене, нека ви е жива и здрава Ана (убава таа на мајка ) Прочитав дека неможете да си најдете труднички панталони. На интернет има многу видеа за како да си ги направите старите фармерки во труднички. Многу е брзо и лесно а ви треба само машина за шиење (или на рака ако имате нерви). Има видеа и за кошулки и маички така да ако не ви се даваат пари а имате малку слободно време еве ви идеја.
Честитки Јуник, дај Боже сите со лес да ни помине пороѓајот. Новост кај мене, чепот ми падна, на ЦТГ се гледаа мали контракции, ама баш контракции од кога излеговме од на болница. Сега се отвараме и чекаме. Имаше некој кој праша како изгледа отварањето, нема грешка, како менструални болки се, ништо страшно. Бар сега за сега. Поздрави од мене и се надевам за брзо ке се фалиме и ние
Буквален, а воедно и најдобар опис што можам да ти дадам е како воденикаво мрсулче со како крвни капилари низ него. А после си продолжи да поткапнува, ама светло розе слуз. Се додека е така, др ми рече грлото веќе се отвора, се дури не е крв темно црвено во ред е се. Отварањето започнало, се чекаат или мноогу јаки болки, или пукнат водењак. Кај тебе како е Меу? Како и да е се дури си во 9ти месец влезена гајле немаш.
додека е во 9ти нема мака, да не дојде 10ти е проблемот јас никако не сум, т.е. немам појма како сум. Вчера имав така некој чуден исцедок,слично на тоа што опишуваш, ама немаше како капилари крвни низ него и не беше розе, туку накај крем-кафено опис невиден направив Болки имам вчера и денес, ама пак незнам дали се тие. Цел ден сум во вц, а немам појма што правам таму. Болките ги има па ги нема, и се така, само неможам да одредам периоди. Се мислам дали да одам на цтг, или да почекам до петок за преглед
Честитки Јуник, да ви е жива и здрава керкичката и само убавини да ја следат.. МеУ, ах душо те читам и се соживувам со Тебе.. но ајде издржи уште малку и се ке биде како што треба. Види утре како ке ти биде, ако не отиди си на лекар да не му ја мислиш многу, така барем ке знаеш на што си.. Поздравче до сите
со лесно нека ти е NoellePage сите не чека истото се надевам дека сите ние што ѓи чекаме наште душички ќе минеме лесно и дека пораѓајот ќе ни трае кратко
Не е проблем јас така имам заприметено а во марди знам оти деверицата си купуваше од таму па може некогаш кафе да си пиеме не е проблем а и не само што сум во бт туку мислам дека сме и од исти крај ако не се лажам
Ааа Меу, кога си почнала често во вц, па и исцедокот, кај и да е ќе бидне. Може како мене наеднаш како кинато при мензис што останува на влошката, така. Наеднаш, само неколку часа беше малку потемно, или по твое крем кафено, а сега розе и со парченца. Се дури не е свежа крв вино боја во ред е. Слободно можеш да си се релаксираш можда и цела недела ако пополека оди и немаш болки. Ајт таму одмарај и излежавај се, да си поуживаме во големиве мешиња и тропкањето, дека за скоро нема да ги има повеќе во меше, ами ќе си ги галиме и бацуфкаме
Здраво мешенца,денес имавме многу напорен ден...цел ден трчкање по болница.Земавме брисеви за микробиолошки испитувања,правевме крвна слика и се видовме пак на ехо. Знае некој што значат кратенкиве од мајчината книшка- hgm i urin.alb. Поздравче
Unique.chick голема да расте бебушката, и цел живот да бидете најсрекни anule88 може да се договориме некој ден да се видиме, може и на крај ке излезе дека се познаваме инаку и јас денес бев на лекар, се е во ред и навистина многу ми олеснува после секој преглед кога ке видам дека се е како што треба а и морам да се пријавам во друга тема, да си го сменам терминот, сега мие 08 јануари, може ке фатам некој денар од градоначалникот за нова година
Добро утро, како сте денес??? Еве сум јас, жива ненаспана, душата ми спие, ама не бива и не бива. Синоќа бев на цтг покажа мали контракции, но ме прегледаа вагинално па кажа докторот дека процесот сеуште не е почнат, значи има уште време, а до кога не се знае утре од сабајле повторно на преглед. Како сте ми вие, што се случува новости има ли??? Ноелле до каде си ти??