Здравиот начин на живот и нема некое значително влијание врз конкретната ситуација. Од самата бременост, односно од тежината и поставеноста на бебето кај многу трудници се појавуваат. Пречка за природен пораѓај не се. Кај мене после пораѓај од напон се појавија, со облоги од памук натопен во кантарионово масло се повлекоа за 2-3 дена. Моментално сум 8ми месец и немам, се надевам ќе немам до крај. Ама многу е веројатно дека ако се пораѓам природно пак ќе се појават.
Може ли некој да ми ја опише постапката на промивка на вагина при инфекција? Јас како што се сеќавам,промивката се прави со бетадин или метиленско плаво и потоа има и малку исцедок на долната облека. Дека имав "промивка" со стапче за брис без ништо и наплатена ми е 300ден
Еве иста сум и јас посебно од кога останав трудна страшна вкочанетост кај "лопатките" посебно ,вратот и главата , и мислам од тоа и главоболките се почести . Секоја вечер се молам на маж да ме масира ама ништо не ми помага ...
Devojki od koj ginikolog za vodenje bremenost ste zadovolni? Se mislam da ja smenam mojava a i mnogu mi e daleku nekako..
Само што го направив тестот за шеќер и не беше и не беше ич страшен, отидов целата потресена дека ќе ми е лошо и грдо од што читав тука. Што даваат кај нас да пиеш? Пошто тука ми дадоа вода што имаше вкус на лимон со малце шеќер и немаше лош вкус.
И мене не ми беше ич страшен првата бременост, сега рано ми е го немам правено, ама ништо не ми беше ни гадно ни ми се гадеше изгледа секој различно си поднесува.
Ќе ја додадам @AngelOfArh , таа имаше слично објавено. Јас имам без делот за креветче што се прави. Засега е Ок, немаме многу излезено ама доста работи собира. Мене ми го донесоа од Пики.
Затоа не се чита сѐ тука. Кај нас даваат преблага вода, ама се издржува, не е да паѓаш во несвест како што се преувеличува. Зошто толку касно правиш тест? Кај нас до 28ма недела се прави.
Па тука не е стандардна процедура и рекоа дека до сега сум немала индикации, сега имав протеини во урината ++, не е од инфекција, не е од притисок, не е од холестазата па сакаат да го исклучат и ова. Јас мислам дека е од што пред да отидам на контрола, пиев овошно смути со мед и немав пиено вода ноќта многу ама сепак да проверат.
Има шанси да е од тоа. Овошјето иако природен, има многу шеќер што не е за потценување, па плус и мед, премногу е. На тие што се ставени на диета за гестациски дијабет внесот на овошје им е сведен на минимум. Со среќа, да испадне добар резултатот.
И мене не ми беше страшен кога го правев, скроз ок поминав. Сега нека бидат добри резултатите @АнаМаријаД како си? Те помислив денес.
Здраво Оли, какво транспортно креветче препорачуваш, какво имаш? Сакам да купам такво, не дрвено @0ли
Фала ти што ме помисли. Ми е страв да кажам дека сум добра. Само што ке кажам добра сум ми се случува нешто. Мислам сите дијагнози ги имам у бременоста. Иначе ок сум,вака да остане до крај ке бидам најсреќна. Уште пијам антибиотик,страв ми е коа ке го прекинам да не дојде некоја нова бактерија,зошто така ми се случува нонстоп. Шеќерот го држам под контрола пијам Глукофаж од 500мг,јадам се,гледам да избегнувам теста,бели пецива,бело брашно,благо… И ова со бубрегот треба да одам на контрола пак да видиме како е,мора да го следиме почесто. Се надевам последен снтибиотик ке ми е ова што го пијам па да видам еднаш и јас чиста уринокултура. Па сега чекам да дојде 6март да одам кај докторот што ке ме пораѓа и ке се договориме да примам зреење и кога да биде царскиот. Малку порано мора да биде заради се што имам. Ми фуфка малку од царски дека плацента превиа тотална сум ама тоа е нема бегање,мора,почнувам и со тоа да се помирувам. Ти како си?
Едно имам од Чиполино, коешто е на две нивоа и едната страна му се спушта, а другото ми е од Енци Менци и исто така е со две нивоа, но на ова не се спушта страната и има отвор со патент за да служи како игрална. Од двете сум задоволна и уште ги користиме. Имаш некоја замисла какво сакаш, во смисла какви опции да има креветчето?
Немав и јас индикации и на крај испадна имам гестациски. Подобро што си направи. Иначе мене со првата бременост за вкус не ми беше лош, само почнав да се препотувам, да ми се врти и повратив, а сега оваа бременост, вода буквално со многу малу вкус беше и лесно го поминав, без такви драми.
Каде испитувавте за скриен шеќер што било како вода? Јас пред 2 години во синлаб беше платична чаша, пола и више полна со ситен шеќер. Кога почнав да го пијам топ, како што бев гладна лелее викам што било ова страшно, на крај пола чаша и со лажица исркав буквално шеќер, еее ама отпосле кога изедов се, претешко ми беше на стомакот. Не е дека не се издржува само зборот ми беше дека тогаш не беше баш водичка. Ама ќе се издржи и оваа бременост обавезно планирам да го направам тоа испитување за мирна глава.
да не знае некој во случај каде има лубеница не е сезона ќе умрам или да си купам мастики од лубеница