Добро утро Моментално сум 7-8 недела ама по цел ден мака мачам со гадење знам дека е нормално во овој период, ама барем некоја ако знае да ми каже нешто барем да малку да се смират мачниниве по цел ден не можам ништо да јадам најлошо од се и вода и сок ми мирисаат на железо
Пролистај ја темата, ќе најдеш некои повремени решенија. Ама нема што да се направи, мора да помине. Јади двопек, јогурт, јаболки, јас на тоа живеев докај 18та недела, кај некој трае помалку кај некој повеќе, вода и јас не можев да пијам, ама можев кисела со многу лед, пробај така. Со лесно, ќе помине и ќе јадеш после се.
Ни јас не можев да пијам вода и сок, посебно сабајле. Живеев на препечен леб/тост и соленки. Јогуртот исто ми ги креваше киселините до горе. Ќе видиш што ќе ти одговара најммогу и тоа јади, нема врска не се секирај бебе ќе е добро и да не внесуваш тој период разновидна храна, само гледај ако повраќаш да не дехидрираш.
Млеко мене ми го смируваше колку толку желуднукот. Б6 и антиметил таблетки насабајле штом ке станам и уште една антиметил пред ручек. Гледај сува храна да јадеш, кифли, двопек, перек. Јадев и попара со кисело млеко. Чај од ѓумбир прави многу и тоа го смирува желудникот, ако не можеш чист стави малку мед и лимон. Компот од вишни мислам живеев од тоа, толку убаво ми доаѓаше. И вода во бокал со нане лимон и ѓумбир јас уште ја пијам зошо пак ме фаќаат, а мислев ги снема. Да ги снема скроз не може ама колку толку ке се намалат. Бадеми ми рече еден доктор помагале наутро на гладно па пробај си и тоа.
Кичмата ме боли премногу,ни магнезиум не помага. Пред 2 дена пак прокрварев и др ми кажа контракција некоја е а мене ми е страв дека јас не ги осеќам, туку вака само половината ме здоболува што препишувам на стоење на работа. Ми правеа цтг ама мирно е, како може се во 12 на полноќ да ми се случува тоа Од денес 32ра почнав, Утрогестан едно наутро едно навечер, и да изгураме бар до 36та.. Речиси сите горе долу сме со некоја шкљ дијагноза во овие недели,нешто до годината ќе да е Да издржиме уште малку остана
Баш сите горе доле тука сме со шкљ дијагноза Незнам до што е ама ќе издржиме❤️ Мирувај повеќе и редовно на контрола.
Па,како што видов во Мој термин нема нешто слободно,меѓутоа он секој вторник е таму,прва смена,Ивица Стојаноски значи.Побарај приоритетен или итен упат од матичен,и оди таму побарај го во одделот за Урологија,замоли го,верувам дека ќе те прегледа,штом се работи за трудница.
Не си сама, исто и јас моментално 7+1 сум и мачнините не ми се утрински туку 24-часовни, втора бременост ми е, исто ми беше и во првата, одат до таму да ми гори желудникот ми се чини, сакав да испитам хелико и можеби и ке испитам иако знам дека тоа се само мачнините. Покрај тоа мене и многуууу ми се спие, многу сум омалаксана, се ми е тешко некако. Баш од пон ке проверам железото како ми е, во првата бременост многу ми опадна па тоа беше причината за омалаксанста и уморот, битно во второ тромесечие е се подобро.
Фала ви на сите за честиткитее, се што е убаво да си исчекате сите Накратко, закажан царски знаете беше, супер во сала поминав, не ме успаа овој пат, добра бев Ми се слоши од анестезијата малце ама со кислород се среди, имаше едно девојче в сала, душа од човек, ме гушкаше ме држеше за рака, алал да и е Бебе го извадија брзо ептен, се роди 3 200 и 50цм, си плачеше одма, сега е добар, мирен Првото станување и сите следни ми беа каде каде полесни од првиот царски, значи физички супер минав Психички е делот кај што тонев, уште тонам на моменти ама ќе мине се кога ќе си одиме дома
Исто сум и јас, 6+5 нон стоп гадење, без сила, без воља, омалаксана ништооо не ми се прави само ми се лежи безвеза ми е цело време, се надевам ке помине не се издржува ни дома ни на работа...
Еј женски, за испитување мокрача мора таа првата од сабајле? Јас искрено некогаш така, некогаш едноставно кога одев, ми даваа чашичка и полнев. Веќе сум 33 недела.
Со среќа ванилќе, бебуш жив здрав а тебе ти посакувам брзо опоравување. Денес 37 недела. За некој ден, недела ќе имам бебе во раце. Триста прашалници, несигурности, емоции, возбуда, среќа и страв се помешано како чвор. Спремно е се, испрано, испеглано, купено, наредено. Кога летна бременоста... Бебе е сеуште карлично поставено. Ни со вежби не успеав да го свртам. Се помирив, царски ќе биде. Тешко ми е ептен и страв. Но тоа е. @Vanilla15 и некоја тазе породена со царски, ако не ви е мака споделете каво е опоравувањето после царски. Позитива, се тешам не сум многу поправена, после пораѓај очекувам брзо да се вратам во форма... Освен стомакот, тој останува со царски мислам Пред некој ден прошетав низ молот, гледам преубави фустанчиња, пролетни. Пусти мерак фатив 2 број Ѕmall, да си ги купам. После се пишманив, ги оставив, тесен модел беа си викам со стомак кај тесно. Да се породам па ќе пробам како ќе стојат. Денес сум ептен емотивна, се гледа и по постот. Се надевам нема да ми трае
И јас ке бидам царски полека се помирувам со тоа. Ама мене не ми е страв за после како ке биде опоравувањето или дали ке ме боли,знам дека ке издржам се тоа. Мене страв ми е од операцијата,само тоа да пројде ко што треба да сме добри двајцата друго се проага.
Не се плаши од царски ,само биди смирена позитивна ,се ќе помине за час. Имам два царски во рок од две години ,вториот пред 15 дена. Тешко е првите денови ама секој ден буквално ср полесно е станувањето и движењето. Сега после две недели сум како да немало ништо финкционирам најнормално.
Првото станување е потешкичко, не е болка туку како да ти го влечат стомакот надолу, така ќе ти го опишам Ќе си го држиш со раце притиснат стомакот кај раната и така ќе се креваш, ќе стануваш, полесно е ко е стегнат Секое наредно станување ќе ти биде се полесно Јас одма станав, се избањав со сестра и полесно ми беше.. е сега боли ама тоа е.. и си кашлав и си кивав, се, стомакот во раце само држи, полесно е така со лесно, не се плаши, за две недели од царскиот ќе бидеш скроз како нова, ќе леташ, ќе видиш
@АнаМаријаД јас па самата операција не ја мислам толку. Нема да осетам ништо и знам дека ќе бидам во сигурни раце. Кога ќе дојде моментот може ќе ме фати треска од страв, ќе видиме. @Estella да ти се здрави и живи. Јас првото го родив природно. Сега одсм по втор пат пак на непознато. Се надевам ќе можам и јас да се пофалам за кратко дека сум функционална. Сама ќе бидам, мм ќе земе некој ден од работа но не може долго. Како што викаш само да сум смирена и психички да не паднам па ќе фатиме некој ред. Фала ви женски @Vanilla15 да не те цитирам во нов пост. Ти благодарам за споделената тактика, ќе ја применам и јас, се надевам ќе помогне колку толку. Им кажав од сега нека дават се што имаат за болка, јас болка не трпам. Од друга страна не сакам да сум млитава, сакам бебе да си го држам одма и да пробаме да се храниме
Ептен возбудени пошо веќе ја газам за некој ден 30та недела, решивме со маж денес додека сме Мк да шетниме по продавници и видиме што сакаме ново за бебе, и направиме некоја споредба кај има поубави работи и поефтино. Од алишта за почеток ќе мора нови, за понатаму од дада што можеме искористиме оти стварноо и се како нови. Загреана за количка нова, ново креветче.. на крај испадна дека ништо не ми е поубаво и поквалитетно од тоа што го имаме. Уххх ќе заштедиме време на трчкарање наоколу ии парии хаха ама не знам дали е до хормони, некако ептен ми е жал што ќе ги наследи работите од дада... Туку, при стврднување сабајле т.е при лажни контракции, мешето ми беше заоблено само долу, до сега немав приметено како е ама ме збуни, дан случајно си има заземено нова позиција хоризонтално ? И јас имам страв од царски т.е не од операцијата туку од тоа што не можам да гледам рана, се боцкам да проверам шеќер и се препотувам, а не пак да видам конци..