Za urinokultura preporaclivo e prvata mokraca samo prvo da go ispustis prvio mlaz a potoa ostatokot da go soberes vo casa. A za ova osnovnoto testiranje na urina, ne e bitno dali e prva vtora treta peta . Jas ne ja nosam prvata, a za urinokultura da prvata sekogas.
Со лесно да ти е, немој да се плашиш ни прва ни последна со царски, стомакот со враќање нема врска дали е царски или природно секоја жена за себе приказна. Јас за втор царски мн се плашев ама се почесто читам дека со втор е многу полесно, па се опуштам малку, само да е во ред се со бебушките и со нас, па како сакаат ќе излезат Имам време јас ама ништо не планирам да купувам пошто ми рече матичниот дека е машко па се ќе си наследи од баткото ако се смени женско случајно ќе треба да се купи нешто здравје само имам доста време до август. Иначе имам слаби болки во стомак, си пијам добростон и не се повтори розевото од пред 2 недели пу пу, па малку се опуштам почнав да пешачам по малку иначе се со кола ме носеа
Не треба да ти е жал што ќе наследи од дада ѝ, сите што сме помали деца во фамилија така сме пораснале. Ама не можам да кажам и дека не те разбирам. Нашето бебе живи и здрави, скоро 80% од работите ќе ги наследи од бато што го чува од небо. Па можеш да замислиш мене како ми е.. Некни така ми се стегна душата што многу малку работи купивме во оваа бременост, отидов и купив едни нови шпикозни демек за од болница, иако имаме еден куп. Од друга страна, тотално нелогично е да купуваме количка, креветче и сѐ останато ново, кога тие стојат неотпакувани. Во вашиот случај се користени, ама колку може едно бебе да изамортизира.
Луѓе помагајте 41 недела запек 4 дена во вц немам отидено сабајле на преглед ми рекоа само ленено семе со водс а јас ке пукнам тврда ми е столицста осеќам дека ми се оди во вц а немам напон да исфрлам од мене ве молам помагајте кој има искуство плус надворешни хемороиди имам се активираа и тие крвотници ке полудам
Во бременоста речиси никој ништо не ни понуди, а и прво дете немавме ништо од претходно, така да купивме само креветче и едните родители количка. Од кога стаса бебе, во група со мои колешки од работа, добивме еден куп работи користени. Доволно е само да пишам кој е најдобар релаксатор пример или кенгур и сл. и веднаш некоја колешка се нуди да ни позајми. На ист систем ќе фунционираме и ние со позајмици и подароци. Најпрво ми беше неубаво да земам работи, бебе да користи "старо" ама знам дека ни една третина од работите кои ги имаме сега немаше да може да си ги дозволиме или ќе го купевме само најосновното. Ова за поголемите работи што се користат минимално како релаксатор, нишалка, подлога со играчки, кенгур и слични работи.
И јас никогаш не сум била и нема да бидам против користење на веќе употребувани работи за моето бебе. Нема кој да ни понуди, инаку не би одбила.
И ние позајмивме креветче за до спална што ќе го надрасне после 6м и може ќе позајмимр релаксатор од пријатели тука, пошто ќе се селиме, а и летото планираме да идеме дома на некој месец па не сакам да се мкнам накај дома со се тоа. Ни дадоа и алиштенца и они имаат машко. Си купив и јас секако од мерак, ама не ми смета да позајмувам.
Иста сум и јас мене ми е 3 та бременост ама не сум била ваква на двете секоја бременост своја приказна си има ... Еве сега сабајлево само штом очи отворив трчав за купатило да не повратам во постела... членката погоре ми напиша за вода со ѓумбир лимон и нане и богами ми е подобро од тоа пробај и ти Ах овие ни се слатки маки ... За скоро се надевам ќе намалат
Купи си од аптека глицерински чепчиња, ќе ти помогнат. Сакав да ве прашам, што купувате од алишта за бебе крај на април почеток на мај? Јас имам бодиња (на долги, кратки и прерамки), панталончиња, шпикозни, комплетчиња ама ноќеска и така не спиев се замислив. На пример мај месец не е прежешко и што ми треба за да се прошетаме во парк? Нарачав две комплетчиња како меки потопли (дуксерче со панталончиња од h&m), а нешто друго ќе ми треба? Ќерка ми се роди во сред лето ијас некако и сега си изнакупив такви работи, ич не го размислив мај или па и јуни навечер пример. Дома не сум седела со ќерка, излегувавме на прошетка уште од одма така што ќе ми треба нешто со сигурност. Спојлер: Вакви нарачав
Zdravo devojki, shto pievte za macnini? Jas sum 8ma nedela I veke cela nedela sum so konstantni macnini. Probav Antimetil no ne mi pomaga.
И јас се мислам за ова, јас земав бодиња само по долги и долги како хеланки, ама кај мене тука во мај може да биде 0 степени а може и 15, а дефинитивно сакам да почнам одма да излегувам на прошетки. Се мислев да нарачам такво целосно, не знам како се вика на македонски, jumpsuit од мерино волна, волната бар регулира внатрешна температура без разлика како е надвор времето. Па ако биде поладно ќе барам чаре, или со покривање со екстра ќебе или ќе зеам некој додаток за количката. Ама ако има искуство некој нека каже, баш и мене ме интересира.