А јас пак пукам енергија, перам, чистам, цела соба прередив, цела куќа генералка, до вчера на работа бев и од денес породилно почнува, место да одморам јас како нездрава од 9 сабајле. Од каде оваа енергија не знам. А лошо спијам, мене во спиење ми е лошо, осеќам како да немам воздух ме притиска на грб некако, како затегнатост и многу малце спијам, пулсот висок ми бил, епа висок ќе е со помалку од 5 саата сон и активност цел ден. Инаку денес рез од шеќер, над горна граница, имам нов термин со специјалист и пак ќе ме тестираат, ајде и ова уште ми требаше. Како и да е јас мислам железото е виновно за пулсот, мене ми е ниско, почнав да пијам суплемент, веројатно од него ни се лоши повремено, ама општо мислам нормално е во последните месеци.
Алал да ти е,јас многу поубаво се осеќав така него вака. Јас така до пред некој ден пукав енергија ама од вчера одеднаш ова почна да ми се дешава. Шеќерот ми е скокнат од вчера исто може има некоја поврзаност незнам. А за железото во петок правам крвна слика па баш ке видам дали е од тоа мада не верувам еве цел месец пијам веќе суплемент па ке видиме. А ддимери и хемостаза задутре испитувам па да видиме и тоа како е. Битно ми рече матичната дека е нормално веќе вакви работи да осеќам си тежи и бебето и си притиска и ради тоа е се.
И мене вака, 32+2 сум Ладна пот ме облева,нозе ми се пресекуваат,раце ми се тресат.. Од нигде никаде неубаво ми станува. Притисок добар,крвта добра.. Уште 3 недели на работа, ќе гурам некако
Јас исто на вечер дежурам,ниедна страна не можам да спијам убаво, мислам сите органи ми се притиснати, снемувам воздух и болка имам сред спиење,плус ме уби алергија на полен, подуена сум, очи црвени.. пулсот ми оди и мене до 100 ама нормално било тоа ми рекоа. Да имам одмор не можам и да сакам.. чекаат обрвски дома. На вечер си седам бар по саат будна обично кај 4 станувам, презаспивам од кај 5 до 7 и тоа е тоа, аа легната во 12-1. Лицево ми е постанато ужаааас, излегуваат болченца, црвенило, се лупи. Нема нешто шо немам хаха
Арно бар некој навреме си се повлече од работни обврски, јас им најавив до крај дека ќе работам. Ама тоа беше со паметот од второ тромесечие, со овој памет сеа би заминала на породилно.
А немате таму законски да се престане на работа после одредена недела? Кај нас, од 8 недели пред краен термин не смее да се работи.
И јас да си се пожалам, ноќеска многу лошо спиев. Се разбудив во сред ноќ, стомак странично ме болеше од лигаментите, грб ме болеше, легни на една страна кук ќе ме заболи па ај на друга и така до 5 сабајле Па и маж ми не ми е тука, абе триста филма си свртев во глава. Фала богу утре ќе се врати. Инаку знае и мене некои денови да ми се такви млитави, но во глобала добро сум греота е да се жалам. Само ова спиењево и будење во сред ноќ никако да помине, валда до крај така ќе си дежурам. Денес не ме боли така стомак како ноќеска, а и пиев и сабајле и сега магнезиум. Сега веќе нагло почнува да расте бебе и меше и јас како за беља оваа бременост буквално се осеќам.
Не, може да си работиш до крај. Имаш право да го отвориш мислам 6 недели пред термин, за се порано треба боловање. Ќе изработам ваљда до крај, сма ќе барам флексибилно работно време ваљда. Пошо морам да си дремнам на сред ден веќе, не трпам повеќе од 8 саати будна.
Јас мислам ова спиење и немање енергија од времево е. Јас денес главата ке ми експлодираше мислам од 2 саатот, се избањав, исповратив се што сун јадела и легнав сум заспала заврнало и ми поминала у сон а мислев ке полудам од болка. Станав у 6ипол мислиш сум спиела 5 дена поседев саат саат ипол и пак легнав еве ме лежам у темно и тишина иначе готово мислам главава ке ми експлодира
Иста сум и јас 32 од денес, ама станувам од спиење, јадам седнувам на кревет и очите пак ми се затвараат само сакам да спијам. По скали да се спуштам па се заморувам ме мрзи дури и да јадам. А за спиење преку ноќ да не зборувам мислам дека на 15 мин одам до вц пред да заспијам а потоа ке се разбудам во ниедно време со секакви мисли и наредни сат два нема спиење .. и потоа пак ке заспијам. Стомакот тврд секој ден не можам да го пипнам а бебето си мрда си прави акробации ☺️
И јас сум иста, секој ден 3:30 или 4 како навиена, станувам и заспивање пак накај 7-8, пола работи ги изгуглав и искупив така во сред ноќ Најубаво ми станува таму после 8, ништо не осеќам и спијам како бебе. Да ви кажам сега дури седнувам, што нестинг ќе беше дури малините во двор ги кастрев, перниците со пердуви ги бапнав во сушара и едната експлодира, два саата плус работа си отворив, со кој памет, трудничи веројатно, сега немам перници освен анатомски кои маж ми ги мрази тие од дно душа. Од утре ќе се фокусирам на облеката, да селектирам што фали, да се пере и пегла оти енергијата ќе ја снема така наеднаш како што де јави, сигурна сум.
Затоа го чувам остатокот од летниот одмор,10дена ќе користам и породилно ќе отворам 37ма недела,а планот на докторката е тогаш да ме породи.. Не се издржува веќе,уште утре би седнала дома.
Рано ми е за жалење ама исто сум денес, енергија 0 14 та недела почнувам од утре, уште имам гадење, подочници огромни од мојата "пријателка" инсомниа оваа недела ќе одам за микробиолошки и за др испитувања, па и ехо сакам и сега стравот се активира, дали ќе биде ок, да прашам и за добростонот колку да пијам, сега сум со 3 апчиња денот, аспирин исто така пијам по 1 апче на 2 дена и за него да прашам до кога, оти реално немам потреба, поќе превентивно ми ги даде. И така прашања 100
Па да ти кажам, велат као втор триместер е најубав, немаш потешкотии, се осеќаш преубаво, кај мене мене крш, како раштрафена одев, болки ненормални имав во препони, сегаа се осеќам подобро, болки имам ако ептееен се уморам ама не се како порано. Која недела си? Јас морам некој работи што ми се Ск да ги средвам пошо ќе мора паковање и праќање по автобуси. Вие немате појма колку сме ние со стварите ужас, пола ни се Струга, пола Велес, пола Ск, пола Виена хахах седнав направив список кој што задачи има по градовиве и да се соберат отии паника ме фаќа. Циркуз сме, а времево си летаа, а имам и за купување алишта за почеток.
Леле јас сум некој феномен изгледа. Во бременоста сум најенергична и ништо не ме боли до сега, да не се подречам. А претходно не бев баш ваква. Мнооогу ретко ми се случува да не можам да фатам позиција за спиење и да се будам на секое вртење, ама и тогаш станувам одморена. Синоќа пример легнав во 11 ипол, прво станување ми беше во 5 за во вц и пак презаспав до 9 ипол. Единствено на моменти осеќам топлотни бранови некои. Знае одеднаш да ме фати склет и ми станува прежешко, ама ќе се расоблечам и се трпи. Уште од пред месец дена ми викаат сите ееее чекај во 8-9ти ќе видиш колку е тешко, не знам зошто таков песимизам. На крај од осми сум и се надевам ќе имам среќа и вака ќе остане и во 9ти.
Јас немам мака со заспивање,ама затоа се будам секоја боќ во 4 или 5. Среќа презаспивам лесно ,а се сеќавам во првата бременост 8-9 мезец ме дрмаше некоја инсомнија Девојки, железото ми е 11 од референтни вредности 9-30. Што мислите,дали е за терапија? Мразам апчиња
Јас мислам дека да. Мене ми беше 16, плус паднат хемоглобин и ми даде апчиња. Ги пијам веќе втор месец и немам никаков проблем или гадење од нив.