Мислам никој не ти одговорил на прашањево па еве ме мене Мислам дека не работат т.е сигурна сум. Не знам што хормони точно ќе испитуваш ама најдобро е да одиш наутро, наспана и одморена. Ама ако не се лажам скоро си породена, зошто сега испитуваш хормони?
Да изгледа дека ќе има добра примена. А пример водата каде ја испуштате? И какви други реквизити ми требаат, кофа, нешто за полевање? Не знам што да земам.
Од утре сум 34 полни и секој ден ми е се помачно. Само размислувам како не сакам да чекам до термин, таму негде 37-38 недела кога ќе биде веќе безбедно да излезе. Ми варира енергијата многу, не можам ништо подолгорочно да испланирам. Има денови летам, се ми е лесно, а некогаш од кревет едвај се подигнувам и секој чекор ми е предизвик. Ако поседам подолго некаде на стол, после може и да не станам да се укочам од нигде никаде. Навечер ако не станам барем 3 пати, не поминува ноќта. Знам и несоница да имам, па утредента како зомби на работа да сум. Пазам доста на храна затоа што приметив дека и две залчиња плус да ставам од тоа што ми е доста, после цел ден и цела ноќ се вртам како риба на суво и не можам да дишам нормално. Така што, се што опиша си е нормално, гледај ако можеш да си фатиш некој ред што ти прија, а што не и нека не те мачат анксионзи мисли. Освен ако не е нешто ептен неиздржливо мислам дека сите тие нелагодности се нормални за 8-9 месец.
Моето си и има за полевање. За испуштање има како одвод со цревце и во кофа ја испушта маж ми водата и ја истура, после само го вадиме и го плакнеме коритцето. Доле си имам наредено сè што ми треба (пелени, тетра, влажни, крпа итн), а и од страна има како садови за да си наредиш козметика и сè таму ми стои, па не трчам нигде кога го бањам или пресоблекувам.
Со каков прашак планирате да почнете да перете бебешки алишта? Се мислам за Персил сензитив или Ариел бејби течен.И дали Персил течен или прашак?
Перам со Ариел сензитив течен и кога беше новороденче и уште со него терам, 3 години ќе прави. Додуша, навикнати сме сите на него, за сите перам со тој.
Во 28ма се прават,и мене требаше да ми земат ама не ми земаа заради постелката дека ми е превиа тотална.
А за какви брисеви станува збор, оти тука никакви не ми зедоа до сега, знам дека пред пораѓај земаат само за Стреп Б, други брисеви ништо, никој не ме ни погледнал долу цела бременост и цело време кога читам тука си викам кои брисеви ги испуштам. Инаку не знам како денес бебе е наместено ама горе под десната града го осеќам дека мава, ама мавање дури местото ме жеже од внатре, многу високо, до сега таму го немам осетено.
Истите брисеви се тие што се земаат и после 12 недела. Тие 4. Кандида,Кламидија,Уреаплазма/Микоплазма и Гарднела. Некои доктори сакаат да ги повторат во 28 недела. Не се задолжителни,ако докторот смета дека треба тогаш да.Тој за Стрептокока си е башка од надвор што се зема.
Mene mi rece rano e za brisevi, jas ke ti kazam koga. A sega sum kaj mazot mi i tuka ke si gi napravam na privatno.
Ни во 12та не ми ги правеа, не знам која е процедурата тука, мада јас ги правев во МК еден месец пред да останам бремена мислам беше, чисти беа, не верувам нешто да се има сменето.
Исто е и кај мене, никакви брисеви не се земаат освен ако нема индикации. Мислам дека ни тој за стрептокока не се зема. Ако нешо има ќе се манифестира физички, јас така си велам и не се замарам многу.
Стандард 4те микробиолошки. Може и не се обавезни ама ми рече др што ме води на гак и инсистирав на матичната дека сакам