Иста е постапката, и јас сум на боледување поради ризик од спонтан. Веќе месец и половина сум дома и боледувањето ми е продолжено два пати од комисија по 15 дена . Првиот пат бев лично ,меѓутоа од таму ми кажаа може да пратам било кој од фамилија .
Da pak te praka maticnata na specijalist da te pregleda i togas ti davaat konzilijarno. I pak se nosi na komisija.na komisija ti nikako tuku maz, svekor, bilo koj ti nikako.
Епа ако немаш повеќе гадење или повраќање, радувај се пошо ти следи еден супер период. Јас со првото немав повраќање воопшто, само ми сметаа мириси ама немав ни киселини, ммогу лесна бременост до крај, посебно втортриместер ми беше за завидување, со второво ми почнаа 7ма недела мачнитите и повраќање и ме држеа до кај 17та негде, ее ама оваа бременост имам болки во карлица, уморна сум само ми се спие, лицево ми е катастрофа напраено, не можам многу да се движам оти мислам ќе се распаднам буквално. Така да, се е нормално,и да имаш и да немаш симптоми, подобро за тебе да ги немаш.
Јако ке се зезнев ако сум се боцнела инсулин синоќа. Ке сум влезела во хипогликемија и ке беше оф леле мајко. Апаратчето не ми било точно покажува многу повеќе од што ми е стварно шеќерот,проверив во лабораторија денес… Иначе нема крај со мојте бактерии замислете пијам Панцеф скоро 20дена,и денес на урината три плуса кај бактерии,нитрити исто плус,кристали плус,еритроцити плус и леукоцити седимент висок повеќе од 500… Утре пак уринокултура ке правам да видиме сега која е во прашање бактерија. И сега само се молам да пројде овој месец и да ме породат,да бидеме добри двајцата друго ништо несакам.
Ах бе жено и твоите маки крај немаат, бактериите може и од шеќерот се, дека си поподложна покрај него. Издржи уште малце има, ќе бидете добри и се ќе се врати во нормала после.
И шеќерот има голем удел ама и овс хидронефрозата на бубрегот прави бељи. Се задржува мокрача и тие си имаат услови за мерак за множење и нема крај. Ко ке се породам ке се среди се,и со шеќер и со бубрег а со тоа и бактериите. Месецов да го изгураме само уфф..
Цервиксот е како мини тунел. Кога почнува процесот на раѓање има 2 фази низ кои минува цервиксот. Кратење и отварање. Обично се случуваат заедно во исто време но и не мора да значи. Во случајов должината на цервиксот е добра и не се крати грлото, но се отвара. Се надевам добро и разбирливо објаснив Да ти летне што побргу месецов и да се олесниш
Да да јасно ми е. Почнало да се отвара кај мене а должината му е супер Есапот дома и на пазар не е ист. На патолошка од денес,џабе планови до тогаш на работа,па одмор па до оваа недела блабла..
И јас сум сличен случај, 10 дена на Панцеф по не знам кој пат веќе, имав долу некои болки вчера, одам денес да се проверам хидронефроза пак и на двата бубрега, песок камчиња, во бешика 8 мм камче. Мокрача ужас, цела со плусеви и како за првпат со протеини, не знам што значат ама докторката вика не било добро, да се перам викендов со течности и понеделник да одам пак. Јас стигнав вака до 35+4 на антибиотици и константни воспаленија, само си велам и јас да помине уште малку па да ме породат да сме живи и здрави . Ти посакувам и тебе мирен остаток од бременоста
Ајде уште малку е ќе издржи бебушко, позитивни мисли само, таман ќе одмориш малку Јас бев денес за брисеви дури др вторник резултати, некако мн далеку е, ехо не ми направи на 13ти ми правеше сега ми рече рано е кон 15 ти за ехо таман 16,17та недела па да закажеме и скрининг тогаш. Добростон од 3 на 2 апчиња денот ми намали и толку засега му викам се заплашив од ко имав розево, ми вика скоро 3 недели не си имала немаш простор за грижи, само не стој на ноже цел ден, не кревај тешко. Ај не стој на нозе, на работа сум на нозе скоро цело време прва смена, за 2ра имам и седнување, дома ај лежи со дете 4 год ама ај колку ќе можам толку ќе се пазам, 14та недела ја терам а гадење уште имам и болки долу слаби во стомак, шо велат нормални се
Какви симптоми имаш? Малку ме чуди толку антибиотици што ги испи, знам неопходни се, но и сама знаеш дека уништуваат цревна и урофлора и си во зачаран круг. Друго чаре нема? Обично во пракса 7-8 антибиотици е многу, за овој период а и јаки пиеш. Хидронефрозата ја имаш од претходно или сега се појави во бременоста?