Иста сум. Од почеток од првата уринокултура до сега све сум со бактерии и антибиотици. Ова 8-9 пат ми е со антибиотици. И нема да го прекинувам Панцефот до крај воопшто како заштита да не се рашири инфекцијата па да кревам температури. Јас сум 31+3, да издржам до 35-36 и царски ке ми прави докторот,несака веќе да се мачам. А ова хидронефрозата што ти рекоа за нејзе? Ти предложија ставање на ЈЈ сонда(стент)? И кој степен ти е? Ти кој бактерии ги фаќаш? Мене све некој ретки ме закачуваат што се чудат и докторите.. Утре јас уринокултура ке правам да видиме која е сега следна.. Абе бог да чува веќе,раат да не сме. Други препораки имаш некакви освен антибиотик и пробиотик? Нешто УРИФАР,брусница такви работи? Кај мене ништо не помогна.. Иначе јас немам камчиња и само десниот бубрег ми е со хидронефроза,од бременоста било,од бебето и цела матка што тежи и притиска. Ти посакувам исто и на тебе,уште малце стисни заби и да помине се во најдобар ред
За хидронефрозата ништо посебно не ми кажуваат, а ни општо богами. Многу течности т.е. вода и бистри сокови, многу брусница и увин чај, не знам колку имам испиено цела бременост. Претежно ме хоспитализираат при нападите, инфузии обавезно, освен антибиотици знам дека ми ставаат спазмекс и Аналгин и ми кажаа дома по потреба да ги пијам ако осетам болка која прогресира. При хоспитализација ми испитуваат бактерии, не знам да ти кажам точно за која се работи, освен последниот пат пред 1 недела кога правев уринокултура после испиена терапија и излезе чиста, а сега еве пак сѐ одново и не знам што да кажам. Воспаленијата ми се проблем, прават жариште, дигаат леукоцити, паѓа имунитет и сѐ во круг Кај нас и не пораѓаат пред 37ма, ми велат да издржам до тогаш па ќе договараме царски (плус имам и полип како предиспозиција) и си викам нека седи ќе траам, да не треба да правиме циркузи по другите градови околу во 5 до 12. Помислив на алтернативна медицина, ама од страв не испробав ништо освен ова што ти набројав. Ќе издржиш до 36, не му се секирај, и јас сѐ тоа го мислев ама летна времето. Ќе помине и ова ќе бидеме во ред, после ќе се читкаме за кои пелени се најдобри и како да спиеме додека спие бебе
Од кои пренатални сте задоволни а да не се Премама или Фемибион? И од кој препарат за железо сте задоволни? Пробав со Глобифер и со Лактиферон нема никакво подобрување. И вит Ц пијам џабе се.
И мене воспаленијата ми прават катастрофа,црп 100 ми се качи со последнава,железо на 4 ми падна,леукоцити,гранулоцити хаос. Плус лошо е со температури со чуда. И затоа сеа Панцефот до крај да го пијам треба по половинка навечер,ама еве и со него пак ме закачило нешто. Ке видиме на уринокултурата шо ке излезе. Напад јас еднаш имав и издржав без ништо. После болки од воспаленијата имав во кичма страшни и со кетонал бев. А сега несмеело кетонал од 28-32 недела ми рекоа. Среќа не ме фатило пак да чукнам во дрво. Само да се истурка некако до 36та и ке бидам најсреќна.
Јас пијам фемибион и до сега не сум имала проблем со железот ми беше до 16 паднато и сега последно 21 ми е.
So prvoto znam deka piev Tothema za zelezo. Ama ako ti e epten nisko rasprasaj se za Maltofer, so nego nema utka, go nema kaj nas, ama po grupive za majki znam deka edna zena nosese od Bugarija i prodava. Samo prasaj dali smee za trudnici.
Моментално немам никакви симптоми,освен што често мокрам ама тоа од бременоста си е. Ништо друго немам најверојатно зашто сум под антибиотик. Друг начин нема. Да го прекинам одма ке кренам температури,црп ке иде у плафон катастрофа ке биде,и решија воопшто да не го прекинам Панцефот до крај по половинка навечер да пијам и така правам. Немало штета од Панцефот не проаѓал низ плацентата оваа доза као. Подобро е да сум заштитена,зошто одма ке се активира. Иначе ко ке прекинев антибиотик нема два три дена одма грозници температури катастрофи,крвта хаос ми се правеше. Уште неможам да си ја оправам. Еве железото неке да се качи,хемоглобин,хематокрит под граници. Пиев и суплементи за железо џабе. Иначе нема друго решение тоа е. Хидронефрозата во бременост ја добив и ко ке се породам ке се среди рекоа. Сакаа сонда да ми стават до бубрег за да нема заддршка на мокрача и да не се ствараат инфекции ама несмеат затоа што ке ја однесат инфекцијата во бубрег горе и после е страшно знаеш. И решението е вака да издржам уште еден месец и да ме породат. Сега зреење ке примам и ке се спремаме полека. Пијам и пробиотици и вагинални и цревни и тоа е,нема друг излез. Ке направам уринокултура утре чисто да се види дали ова суштество е сензитивно на Панцеф или ке мора да ми го сменат и така. Вака до крај ке се тера некако. Само викам побрзо да поминува пошто неможам веќе,се отрув. Претходно 10години немав пиено ни антибиотик ни ништо,нити па сум имала проблем некогаш во животот со уринарни инфекции и бубрези.
Девојки дали некоја од вас се има соочено со некакви промени во однос на видот. Конкретно десното око последниве неколку дена го чувствувам чудно, како премногу да ми е осетливо на светлина, немам проблем со видот конкретно туку го чувствувам окото како позатворено некогаш и осетливо на светлина особено странично Читав дека се нормални некои вакви промени во последното тримесечие но да ве прашам и вас
Океј ми е притисокот го мерев секој ден сега веќе престанав.. само се нервирам малку што во резултати од урина кај протеини стоеше (+-) а гинекологот ми рече дека се е во ред
Па пред бременоста си имав низок 90 со 60, а сега цело време варира околу 120 со 80. Ова со окото и осетливост на светлина ме исплаши малку инаку вака супер се чувствувам
Што знам за осетливоста како да имам читано некаде нешто дека е поврзано со притисок, главоболки имаш уште? Јас да сум на твое место би прашала доктор за секој случај.
Па да ќе прашам обавезно ама секогаш еве вака за викенд ке се погоди и до понеделник ке му мислам што е како е
Не му давај значење, штом се осеќаш добро нема што да мислиш, може повремено е нешто, некој нерв пример.