39та недела Кога ќе ми текне дека мислев ќе се породам 32/33 недела А еве абер нема Овие два три дена осеќам како нешто топло ми протекува не е количински туку по малце. Е сега неможам да распознаам дали од што се потам ми се влажни гаќите или навистина протекува нешто. И се случува на некоја вакво нешто во последните недели или јас си правам филмови само
И јас 38ма веќе, исто мислев само да влезам во 9ти и нека се раѓа. Го имам истото чувство, имам воден исцедок ,менувам по сто пати гаќи. Конечно денес решив да подсоберам нешто за на болница, за лична хигиена и само се врткам.
Јас пак денес сум со некој чуден притисок во вагината, не дека предходно не се јавувал ама некако интензивен ми е, а бебе мрда ли мрда. Нешто не знам што се ми се вртат во глава дека ќе тргнам порано да раѓам спонтано кога никој не ми нагласи дека имам индикации за тоа, вајда дека телото сега полека се спрема за пораѓај и имам поинтензивни чудни симптоми па си правам филмови. Освен притисок што осеќам ништо друго немам, ни исцедок чуден, ни крв ни болки( освен лажниве) ЦТГ вчера беше мирно без контракции, не верувам дека еден ден ќе смени нешто ама ете нешто ми се маа во глава и тоа е. Дали некоја од вас во скоро 35та осеќа чудни притисоци, некоја тежина во долу, оптегнатост?
Јас и во првата бременост и сега,сите скрининзи кај него ги правам ,детален...внимателен,стручен.А за другово прашање исто ко тебе за да не се навреди матичниот(пошто за прв коа кажав дека веќе сум правела ко да се навреди и прегледите ми траат по минута) и кај него правев втор скрининг редовна цена,па рано"беше за срцето да го гледал за неколку недели и за срце ми наплати (а јас веќе си имав и кај Никола направено скрининг) и си преќутев од поштовање .
Девојки help , 25 недела сум прв пат денес при мокрење почна да ме боли и пече … Некој совет што да правам -.- Недела е а и докторкава неделава нема ни да ја видам ни чујам болна е .
Ептен ми значи споделеното, фала ви @Splendor. Ептен ми е незгодно и баш со сопругот зборувавме да го направам и кај матичната и кај Маџунков скринингот.. Такви луѓе сме, се на душа се става А кажи ми, докторот не пораѓа нели? Јас не сум од Струмица и не ми е баш близу, ама докторот некако првиот пат толку ми влеа надеж, што до сега никој не успеал. И дали пеметиш колку е цената на скринингот во 12 недела?
Mila stom te pece i boli pri mokrenje ne veruvam deka e vaginalno nesto, tuku urinarno. Vaginaletka i da e na prirodna baza nisto nema da ti smeni, plus bez odobrenie na lekar ne stavaj nisto. Utre edna urinokultura napravi, ako ima nesto ne pokaze.
Иста сум со апетитот, намален скроз. Иако цела бременост немав нешто којзнае каков апетит, јадев нормално како и пред бременост. Јас фала богу немам мака со спиење. Навечер си спијам убаво, може да се разбудам некоја ноќ но лесно презаспивам. Знам и денски да дремнам по 15-20 мин, како влегов во 9 ти движењата ми станаа ограничени. Многу брзо се заморувам. Е сега како ќе се приближуват деновите знам дека и несоница ќе ме фаќа од мислење, но тоа е што е. Да не се подречам за тоалет немам станато оваа бременост. Се на се ок сум не се жалам
за еден ден дали нешо ќе се смени, може ,само тоа кај мене се деси во 40та недела. На 12ти вечерта бев итно на болница оти мислев дека пукнал водењакот, а тоа за 2 минути ми попуштиле мускулите долу и огромна количина испадна дека сум се измочала.. чудно ептен. А на 13ти вечерта ми падна служниот чеп, на 14ти се породив. Иначе и јас од пред 2-3 дена осеќам притисок, гребење бебево со рацето дури ептен језиво, кога ќе ме чукне многу доле мислам испаќа ее баш такво чувство имам. Денес бевме на ручек, се пркиравме едно 200м од кафаната, веривите тие 200м ми беа најтешките до сега.
Вајда 9ти месец може така нагло да се десат промени, сеа си се убедувам дека е рано за такви промени од ден за ден ама утре сум пак на преглед ќе прашам, мада мајка ми вика стомакот ми е уште горе да не си правам филмови, а и вистина грбот горе ме боли не во половината, кога седам и лежам сепак не осеќам ништо. Јас прееска отидов до лидл, демек да се прошетам, на 10 мин ми е од дома, се помаав малце низ продавници, чекав ред во лидл 15-20 мин и назад викнав убер Ама не можев да одам па не знам што да се десеше, не можев чекор да направам од тежина.
Препозитивен, кога одев кај него сите маки ми исчезнуваа, многу трпение има и стручен е. Запишувај си што те мачи и кога ќе одиш прашај си сѐ. Јас требаше да одам уште еднаш ама не успеав од некои приватни причини и продолжив во мојот град, секако сум веќе и на ЦТГ се спремам за пораѓај. Прв скрининг беше 3200 + приска 4000 ден. Втор скрининг е 4200 ден. Инаку пораѓа и он, до скоро беше во Санте плус, а сега со жена му пораѓаат во Ремедика. Што и да те интересира друго прашувај
Мајки трудни со второ, дали и вас одма ви скокна мешето со второво? Влагам во 11недела а имам меше како на почеток на 6ти што имав со првото. Сакав да не кажувам на работа уште некое време, ама изглеа ќе морам..
Да, многу порано за разлика од првата бременост. И самиот стомак ми е поголем за разлика од истиов период со првото.
Јас сум заборавила колкави се алиштата за новороденче.. денеска распоредував што може да се искористи, што е за фрлање и имам дел кој сакам да го подарам на некој кој му е ствааарно потребно. Кога го зедов бодито 56ка, како на зафрканција ми дојде хаха зар е можно толкаво да ми било девојчево? Емоции до плафон. И покрај магнезиум кој секогаш ми деловал ептен добро против запек, нешто овие 3 дена мака мачам и страшно ме нервира оти стомак ми е подуен, осеќам гасови внатре. Дали оти бебе притиска некаде и тоа пореметува или па можно е да имаат врска кесичките што ги пијам за хемоглобинот? Вчера во еден ден бев Ск-Струга-Ск, после тоа земавме малава и во игротека, да не ви кажам остатокот од вечерта како го поминав.. маж е преселен во друга соба да спие оти го будам на пола саат со офкање, со вртење како кит. Цимерче почнав да го викам.
И јас сум од Скопје ,да влева надеж премногу му верувам....пораѓаат и тој и жена му (со првото она ме породи,ама работеше на Гак),а сега соработуваат со приватниве по договор доаѓаат,беа во Санте сега мислам Ремедика.....(за цената на скринингот стварно не сум сигурна мислам околу 3-4000,ама нека ти потврди некој посигурен или јави се прашај).
Ако ми веруваш 7 недели сум бремена и на сите шо му кажавме ми рекоа дека се забележувало и веќе претпоставувале. Стомаков ми е како 4-5 месец со првото. Се надевам нема да продолжи вака да расти, ништо не ме собира.