Јас спремав боди на долги, памучни шпикозни, памучно капче и ќебе за покривање од оние меките што се од едната страна како крзнени ама не е дебело. Какво и да е времето за пет мин работа од болница до кола не е страшно. Чепот ми е паднат од пред две недели и еве абер нема 39+3 ни сум отворена ни болки ме фатиле. Си чекаме Мисли позитивно и не се оптеретувај со негативни мисли. Јас на клинка одам и истото го мислев на почетокот кога почнав да одам во 8ми месец дека докторот ништо не ми кажува се така набрзина ме поминува. Ама решив да му верувам и стојам на тоа дека ако има нешто ќе ми каже, истото и тој ми го рече не се секирај ако постои и најмал ризик сигурно нема да те оставам така. Истиот ладнокрвен однос секој пат ама немам друг избор освен да му верувам. Мисли на тоа дека толку издржавме сега за една недела се оптеретуваме со неубави мисли, а за кратко ќе си ги гушкаме лепотичките наши
Добар ден мешиња Завршен уште еден преглед 38+4, цтг разиграно, на ехо се е во најдобар ред нема знаци некои ама болки и затегнувања се почести. Отворена само 1,5см, има надеж наскоро да се видиме. Еве се ставив во акција дома, да ја испровоцирам малку, средив речиси се, неможам за изметам само, тоа го оставам на мм, се задишувам страшно, клекни стани стомак камен и само се тегне и лупа долу ниско, ме препотува во тој момент, ама не застанувам Доста е за денес сега кафенце едно и кома до 16ч со ќерка ми, душа ми помагаше во средување, па и ми вика не кревај не клекнувај ќе те кара тато Фала ви на сите за добрите совети така и направив гледав да не се замарам ама овој пат зборував и ме праша за последна менс Сега или ке чекаме да изненадат болки или ке одиме пак за недела дена. Момичката на мама е 3100г. Сакав да ве прашам со амонијак или без да ја средам косата уште тоа ми остсна од спремање за бебе, уште јас да се средам
Здраво, да ве прашам дали има некоја што е со ендометриозни цисти и е бремена? 7 недела сум и веќе 2 недели имам болки во јајник и прeпон на таа страна кај што ми се цистите. Докторот ми рече дека е психа мада не е баш така. На мисла ми е и ме секира дали е се во ред. Бев во средата сеуште немаше срцева акција само ми потврди бременост и тоа исто ме плаши, се тешам дека е поради тоа што сум со доцна овулација. Инаку ве читам со месеци веќе секој ден и конечно и јас да ви се приклучам тука
Јас без амонијак. Исфарбана пред 1 недела. Вчера исчупана и издепилирана. Е не се ишишав, ме мрзеше. И онака во пунџа ќе ми биде косатс сигурно после пораѓај, па после 40 дена таму ќе одам да се средам пак целосно. Ситно се брои, ептен ситно..
Кога се правеа последните брисеви женски? Според матичната бебе е 2 недели назад, според Петровска со одговара таман на неделите со мерки. 2кг го измери минатата недела,а мојата др со 300г помалку. Јас сум 33+3 матичнава 31 ме води вика другата недела за брисеви,да не е касно? Јас си кажувам последен циклус кога ми е,она со 10дена покасно ми го внесува и никако да се разбереме. Ако ме породат во 36та,она 34та ќе ме води сеуште..
Секој ден има. Само нормално различни др. Обично две амбуланти работат. Една е со термини на др кој е за тој ден а во другата за приоритетните и со др кој е слободен за да не се прават гузви за да може сите да се прегледаат.
Vo pravo si sega nemam.provereno kolku e ova bese pred 5 godini.jas minimalno ke kupuvam ovoj pat oti imam skoro se plus pak zenska e ama obicni pamucni kompleti so bile po500 den sega se 1500 .ovie dena mn macno so promena na vremeto i pritisokot.samo do 36ta se molam da izdzam posle so saka neka e Sending hugs
Од која недела се прима калциум? Јас сум 10та недела, се боцкам скоро 3 недели, никој не ми спомна за апчиња
Помина и 2 скрининг, најважно до се е дека се е во ред. Дефинитивно е девојче, нема сомнеж. Преубав ми е денов, пресреќна сум што помина и ова во најдобар ред. Повторно и овој преглед е со ноџиња надолу, глава горе, и според докторкава немало да се сврти. Баш објаснив и за првата бременост и дека и сега секој преглед е така, вика тоа е едноставно така ги носиш бебињата и тоа е тоа. Ќе мора царски и ова, ако остане вака до крај. @Alishan30 баш ме интересира како ќе биде кај тебе до крај. Јас некако по искуство со првото се мислам нема да се сврти и ова до крај ќе остане вака, ова моиве девојки се инаети изгледа уште од стомак.
Ќе биде, не знам колку можеш да функционираш ама јас бришам под на колена, пробај.. не знам дали е до тоа ама таква е и положбата за вежби нели, па може ќе го испровоцираш на тој начин да се сврти
Исти ни се позите, а со првото кај мене цело време беше со главче надолу, уште на овој скрининг и до крај беше така. Сега е како твојата мома, цел преглед вчера траеше саат и 40мин и ниту еднаш не се сврти, буквално со грбче свртена и така ја снимавме. Се смее докторкава вика брееј види карактер, дури и станав за цервикс да мериме, да се помрдне, не бре, си седеше така. Ти царски беше заради положбава или? Бидејќи јас првиот пат бев природно и се надевав дека и сега ќе биде така, ама ќе видиме
Да со првото бев царски поради положбава, баш докторот што ме пораѓаше уште од 36 недела си почнав на контроли, ми викаше да е карлично да те мачам некако ќе те породам, ама ова не е ни карлично буквално со ноџињата надолу. И тогаш баш секој преглед беше во таа положба, ама некако дали дека прва бременост не се оптеретував толку со положбата а и сите ми викаа има време ќе се сврти, ама не се сврти си остана така до крај. Е сега поучена од првата бременост, секој преглед прашувам како е наместена. И нема промашај буквално сите прегледи до сега се со истата положба како дада и, неможам да си поверувам. Затоа немам нешто надеж дека ќе се сврти. @Bubish26 Некако имам страв од такви вежби незнам зошто. И првово кога го извадија од што толку лошо била наместена, едното раче горе и било заглавено некако и имаше оток и модра и беше буквално недела дена после пораѓај. Кога ја видов многу се исплашив. И сега ми е страв да не направам некоја беља ако ја форсирам јас некако да се сврти. Ама јас со царскиот имам многу убаво искуство, лесно се опоравив и од прв ден дома сама си се грижев и за мене и за бебе. Во убаво сеќавање ми е останато, освен што вриснав кога почнаа да сечат па ме успаа скроз. Баш ќе видиме овој пат како ќе решат момите да се наместат до крај.
Во 37гн се сврте со главата надолу два месеци заглавена карлично, пробај со вежби мислам дека ми помогнаа многу
Јас можно е бебево да го лансирам побрзо од што мислев. Цело време се филмав ќе го надносам колку убаво се чувствувам уау, лесно е ова ќе си терам до крај на работа, охохо цела платичка. Мај ес Сѐ потешко и потешко ми е. Отворив боледување, а 32+5 сум. Додека ме гледаа на ехо, лежејќи се онесвестив, па ме прскаа таму со вода, ме миеја. Притисок 120/95, може и се споиле во моментот. Дома сум сега спијам 24/7. За некој ден на хематолог имам закажано за ниски тромбоцити да ми кажат чаре има ли нема ли. Ако има некоја од вас што стасала до хематолог од иста причина (истовремено примала клексани) и го има одено мојот пат, ќе ми биде од помош да ми каже искуство.