Многу зависи од царинарникот, ние сме имале проблем за сума што надминуваше малку над 300 евра бидејќи заборавивме да поделиме на две сметки. Пред 5 години имаме купувано количка за бебе којашто чинеше околу 800 евра, ја земавме без кутии и без ќеси за да некој не се посомнева дека е нова. Плус ја возевме до паркингот за да ги извалкаме тркалата хаха ))
Se gleda deka e novo, mene srbite me cerinea za stara klima koristena dve godini , znaci se gleda cela izvalkana, plativ 80 evra carina. Imav fiskalna pa pominav so 80, inaku sami kataloski ke ti ja vrednuvaat robata i moze da te osurat. Da ne nagazis na nekoj takov carinatnik. A klimata na novo cinese 350 evra. Jas ne bi rizikuvala da vnesam poveke od toa sto veli zakonot.
700 евра и јас мислам дека е доволно и да не ризикуваш подели на 2 сметки и со маж покриени ќе сте. Јас гледам да сме точни секогаш за такви работи зошто ко што кажа @Ceneva ризик е и може да ти се погоди некој што за 1 евро ќе те малтретира. А трудна со хормони уште тоа ми фали, со царинарници да се расправам
Здраво девојки ,можеби сте упатени што се превзема кога хемоглобин е под граница,а серумско железо во граници на нормала?(Секако ќе консултирам и доктор),само ме интересира ваше искуство.
Хеј жени, ве читам за колички и транспортери. Само да споделам мои информации, од физиотерапевт за деца. Во транспортери не треба да спијат бебиња, колку што може пократко, само за возење во кола. За спиење се тие големите корпи, докај 6 месеци во нив најдобро, на рамно и со средно тврдо душече. Кога е будно и на меше може да го свртите, убаво е, ем вежба ем се вози. После кога ќе ја одрасте, во количка на најниско спуштено, додека уште не седи. Оти ќе виснува на една страна. Откако ќе почне да седи тогаш нормално исправено, или под агол.
Оли ти искоментира др нешто за должината на цервиксот? Користиш утрогестан? Мене којзнае колку ми е сега,језа ме фаќа дека овој период (22 недела) со првото лежев,а сега сум подвижна како коњ во 18та ми беше 40мм, на скрининг ни јас побарав да мери,ниту она ми измери. Мојов батко многу е раздвижен. Нешто слично на големиот бато дур беше во стомак таман мислев да речам дека е помирно,ептен се расколца последниве денови. Особено навечер пред спиење, душа ми вади дур заспијам мислам. Не престанува ни со менување на положба. Бар сум уморна и спијам сеуште како што треба, па дури и дење кога можам. Вчера правев пилешко во кари сос за ручек,мм конечно убав ручек да касне ,вика ааа ти помина лошењето тебе изгледа
Користам, двапати на ден. Ми рече дека скратен цервикс е ако во 22 недела е под 2,5. Во 22 недела сама побарав и ми беше 3, па побарав пак да ми измери сега, ми беше страв да не се скратил многу за еден месец но 2,8 беше. Ми направи проверка на пх, си реков да не имам бактерија, но во ред беше. Поради плацентата ми кажа да продолжам да внимавам, да не правам нагли движења, полека да се движам, да немаме односи и сл. Јас си продолжувам да се однесувам како што правев последниов месец, ќе внимавам максимум со надеж дека нема нагло да се скрати. Баткото си го накркала со зачини, затоа журка правел И гарант веќе си збори внатре твоево, поголемиот батко го научил
Некој со искуство со серклаж покасно ставен? После тие болки вчера денес цервиксот 20мм а сум 26та недела, пред една недела ми беше 33.5мм. Докторката ми рече строго мирување и да го следиме ама знам дека во систина ставаа покасно серклаж. Баш се исплашив, не знам што да правам.
Извини вака што улетувам ,супер што се ти е добро уживај си ,ме интересира кај матичен добивате така убави детални прегледи?
Не се појавувам кај матичен ич, одам само за потврда за рефундирање Фраксипарини Во Ремедика ми следат бременост. Инаку, навистина се детални прегледите, по пола саат уживанција со раскажување што гледа, со прашања и одговори, совети и насоки без брзање, слики еден куп
Мешковци, вчера бебе во стомак го имаше последниот лет. Конечно се сместивме дома, сега може пополека да се спремаме и да ја чекаме. Пред недела дена правев скрининг Ремедика во 30та недела, тогаш измерија 1300г, цервикс 3,8. Мешето помало за една недела, а долги нозе. Денес бев тука на преглед, бебе е 1400г, мешето исто потврдено дека е помало ама нема гајле рече, јас сум кг ослабена највероватно заради диетата со гестациски. Е сега, ми рече дека за 31+1 според тука што ме водат, а по менс 30+5, бебето има помала тежина као.. следна недела имам прва контрола со бабица во болницата кај што ќе се породам, иначе докторкава моја која одам кај неа во ординација е главна докторка во болницата, па ми спомна дека таму ќе ми зачести прегледи за да го следат со тежината како ќе напредува. Ме интересира вашите бебушки во 31 недела колку биле измерени во тежина? Друго, ремедика мерен цервикс 3,8 а денес 3,1.. за една недела многу ли е тоа намалување? Иако ми рече должината си е таман. Примив и вакцина против Pertussis таму ви ја даваат ли? Највеќе ми беше што првово ќе тргне градинка, плус ние од старт ги мешаме со луѓе и затоа.
31+5 имав последен преглед, беше 1900. Иначе и јас ја примив таа вакцина, whooping cough е болеста, не знам како е на мк.
Мене матичната од 15та недела ми препиша Ферона и не знам дали од нив цервиксот е уште околу 4. а терам 31ва и тоа со двечки. Можеш да земеш од нив лошо нема да е сигурно. Витамини се.
Не знам ни јас како го викаат, знам на германски затоа пишав на латински тука хаха а на српски ми дава велика кашлица. Машала бебчо ваш после вакцинава ме боли ракава до тој степен да не можам да ја кренам..
Дааа раката ми потече како бумбар да ме каснал. А и цел ден бев како малаксана, ме тресеше и треска некоја. Толку, ден два и помина.
И мојот термин е мај (по мерките крајот на април) баш ве прашував што да земам. Сега за сега имам купено: 10 бодиња со долги со странично закоп. 5 бодиња со кратки и 5 на прерамки 10 панталончиња (мешано со и без ногавички) 5 шпикозни Чорапчиња пократки и повисоки 2 пара хулахопчиња 3 памучни капчиња 4 комплети блузичка и панталончиња и 3 пара тренерчиња малку потопли и 2 џемперчиња на копчиња. Пижами и вреќичка не купив, имам купено 2 бебешки ноќници (што се врзуваат како чворче доле) плус шпикозните мене ми се како пижамки. Тетра пелени и муслин имам 15, ќебенца и прекривки 7 ( од пусти мерак) Мали пешкирчиња (се продава комплет во Икеа, се наоѓаат за многу работи) Пешкири за бебе 3 Постелнини комплет имам 2 плус долни чаршавчиња 2 Цуцли имам бибс комплет од 2, шишенца 2 (со ќерка ми не ми требаше ни едното ни другото ама нека има) Машнички еден куп , лигавчиња како марама имам 3 ама ќе треба да доземам. За величини имам мешано 50 и 56, памет од првиот пат 50ки и те како ми беа потребни и искористени. Од мое искуство, боди и тетра никогаш доволно освен ако не планирате да перете секој ден. Некои работи ми се купени повеќе од мерак, а и јас не чувам ништо од ќерка ми освен количката така да се ми е потребно. Јас не памтам нешто да не сум искористила првиот пат освен цуцли, се што имав купено од алишта се искористи и се носеше. Од покрупните работи имаме количка, го чекаме транспортерот и базата. Купивме креветче, во април ќе земеме релаксатор. Ми истануваат само кадичка и сите останати ситници кои пак се цел куп ама полека ќе комплетираме.