Целта е да се заштитат во првите три месеци, првата доза ја примаат на 3 месеци. Следно на 5 месеци па на 12 години. Иначе кај мене беше тривалентна, тетанус, дифтерија и Пертусис.
За од болница јас од Чико земав, ептен имаше слатки шприкозни, си ја имам замислено бела, плава, нежна и сакав бело комплетче да зеам, па таму си најдов,на крај ќе испдне црно на мене
Здраво, денеска бевме со сопругот на вечера. Но изгледа нешто од вечерата не ми одговараше бидејќи се исповратив. Инаку сум 20 недела и до сега имам повратено 3 до 4 пати само, исто мислам поради некоја храна што желудникот не ми ја поднесува. Но овој пат кога си дојдов дома гаките ми беа цели мокри од нагонот на повракање. Малку ми е страв бидејќо беа многу мокри. Мислење или искуство некој да ми каже.
Со првото немав такви ситуации, ама затоа сега дали последица од пораѓај од старт си се помочувам и тоа и кога кивам и кашлам... не на секое ама на почеток беше страшно
Не се грижужи нормално е.јас повраќав првите 4 месеци и сега повремено.Придружни работи ми беа мокри ѓаќи и испукани капилари на цело лице,ситни како да сум расечена кои се губат после неколку дена ама на секое пак се прават.
Истиот однос го имав со првото дете во приватна болница, а сега за второво не сум била никаде на приватно, матичната ми е мн детална,по 30мин преглед, детален, како скрининг, со многу прашања и одговорено се. Па договор за колку време преглед и дали треба нешто да се испита дотогаш
@Bubish26 и јас мислам дека не е за загрижување мешето. На трет скрининг и мене Димчев ми кажа дека му е малку помало, вика овој некој манекен ќе биде. Ме праша колку сум родена, јас сум 3100, а татко му 3000. Ни јас ни он сега не сме ситни, нормално изгледаме. Значи правила стварно нема.
Па и јас сега за второво сум повеќе кај матичен,ама некако имам чувство дека само 2та прегледа што ги платив беа асални друго све по една минута ,незз што да кажам дај Боже се да биде добро до крај.Можеби и ние премногу очекуваме,ама мислам не е до мене,имам отидено пример нешто ме фатило паника и следи муабет "ајде да видиме дали е живо" епа по језиво нема....
мене пошто ми е карлично со ноџињата ко ке се распрета си викам дрште го луѓе ке искача за малата не памтам мн ни јас ама знам дека се ја водеше понапред и излезе во 40та 3070 значи не се баш мерките таман .......а во однос на твоите девојки цело време се пратиме мислам и за првата кажа дека ти е манекенка уште од меше ....а и не сме сите луге исти мм е 2 м јас 180 не излегува кај нас просек никако
Dali ste koristele Kanasten ama vaginalnata krema so aplikator sto se nanesuva, ne vaginaletite? Mi ja dade maticnava, ama citam vo upatstvoto da ne se upotrebuva vo prv trimestar...
да таа е вакц . дитепер во Мк е задолжителна во првите 6 месеци и после во втората година има ревакц.
исто ке кажам и за мојот матичен детален преглед од секаде погледнато испитано и секое прашање одговорено и на најмал сомнеж веднаш отворено кажува се .....сеуште има некој саглам
Луѓе денес бев на цтг, мирно е нема контракции ама јас сум со постојана болка во половината, а вечерно време и во јајниците, имам и зголемен исцедок, не е променет ама немав толку, бабицата вели може сум измрзната или бебето притиска на нервите и јајниците, му провери позиција, не е ни долу уште, главата не му е во канал туку на левата страна баш кај јајникот. Кога седам немам болки, кога лежам на страна посебно на лева каде што е главата ме боли како оптегнат мускул. Дали е нормално, ви се случува ли при крајот?
Темата е поактивна за тоа тука ќе прашам. Породена сум пред четири месеци природно. Бебето не го дојам а циклус уште немам добиено. Веќе една недела имам мачнини и повраќање. Направив тест излегоа две црти. Можно ли е тестот да е валиден. Имам уште трауми од првата бременост и породување. И не знам како би терала ако навистина сум бремена.
Јас да сум ќе го повторам тестот и ќе идам со крв да проверат, заедно со мачнините нешто чудно ми е. Мајка ми останала така бремена со второ меѓу мене и брат ми, не сакала да го задржи, не знам дали имала циклус ама веројатно не пошто само 3м биле поминати. Ако сте имале односи без да се пазите, шанси има секако.