Здраво девојки Да ви се придружам Ми касни 10 дена направив тест после 7 дена каснење, позитивен со втора темно црвена црта. Имам две машки дечиња значи здравје третото е на пат по само еден обид По моја пресметка бремена сум 5 недели имам закажано преглед вторник. Се надевам се ќе биди во ред. Второто ми е 1 годинка па дали е штетно што го кревам? Симптоми имам веќе 1 недела малку лошење вознемиреност, тешко дишење, поспаност, и болки во долниот дел кога го кревам малото и како менструални болки. Детево уште го дојам вторник ќе видам докторката што ќе кажи дали е штетно
Честитки, лесна и школска бременост да си имаш. Бременоста не е болест и мислам дека треба да се функционира нормално, освен ако не постојат некои ризици по бременоста. И јас имам мало дете, го кревам в раце толку колку што можам, ако почувствувам тежина, болка или нелагодност го спуштам, не форсирам.
Ти благодарам Која недела си ти? И јас си го мислам истото некои не знаст дека се бремени па креваат и се др работи Господ да чува само А за доењето знаеш?
Мене кога големото ми беше 8.5 месеци останав трудна, сеуште не одеше така да ми беше често во раце, бременоста ми беше уредна, со доење терав цела бременост и уште 7месеци тандем. Лесна бременост да си имаш
Благодалам да се здрави и живи твоите Леле браво за доењето значи не е штетно, мисла ми е. Инаку и моево не е проодено ка со лазење бега и само го кревам го преместувам и чувствувам болка ама малку можеби и нормално е
Јас имав дозвола и од педијатар и од гинеколог, немаше никаков проблем, бременоста ми беше лесна, крвната слика уредна, плус детето добро си напредуваше, а јас имав премногу млеко, така да кога се роди имаше доволно за двајцата
Честитки, и јас ја кревав мојата 4год. ќерка на почеток во бременост, не често ама знаев да ја кренам. Колку можеш избегнувај секогаш препорачуваат на почеток одмарање и да се избегнува кревање тешко. Со лесно
Јас сум 8ма недела. И јас дојам сѐ уште. Сѐ додека нема никакви проблеми во бременоста, не претставува проблем. Ќе си се консултираш со гинекологот за секој случај.
Како што е редот, да пријавам дека се породив. Ви посакувам на сите да си дочекате да го мириснете најубавиот мирис на свет
Не, јас некои денови ги имам многу, некои денови ич. Ако бебето е многу активно и ако сум изморена имам повеќе. Мене ми се непријатно, некогаш знаат и да заболат малце.
Со лесно ,и јас кога дознав дека сум бремена малата имаше 16 месеци и продолжив да ја дојам уште 5 месеци...ја одбив пошто и беше време и повеќе од навика цицаше,инаку докторите рекоа дека не е проблем.