Јас на трет скрининг кај Димчев бев 29+2 според календар и беше 1400 гр одприлика, ми рече мерењата личи на 30+ така да немам поим ниту колкаво треба да е ниту колку да качува неделно... Од сам старт ми велат дека е поголемо за 6 дена одприлика а не ми смениле уште термин. Календарски уште ме водат средина на мај за пораѓај...
Мене на старт ми сменија термин зошто знаев дека овулирам покасно, следев овулации пред бременоста. Терминот кај сите го рачунаат на фиксни 28 дена циклус, а немаме сите исти циклуси и во исто време овулации. Тоа е уште една од причините зошто имаат различна тежина бебињата, покрај генетика итн. И онака терминот е ориентационен, после 36та во секој момент може да почне процесот.
Фала ви мешиња многу на советите. Ептен ми се најдоа и ми дадовте патоказ од каде да почнам.. Го отварам сега списокот и да дополнувам од каде што да се купи... Постелнини, гнездо од каде купвите? И неможам да се снајдам на странава на Bebe Home, ги гледам количкиве Maxi Cosi, ама неможам да ги дефинирам дали се со копра плус или не.. Некој да ме упати со поголемо искуство
Па ако има прикажано корпа значи дека има корпа. Јас ја имам Maxi Cosi Plaza+ и во комплетот има количка со спортско седиште, корпа и транспортер. Многу сум задоволна од количката засега.
Еве конкретно оваа ја гледав https://bebehome.mk/product/maxi-cosi-plaza-essential-graphite/ И во карактеристики си пишува Мaxi-Cosi Plaza Plus може да се користи од новороденче па се до 4 годишна возраст на Вашето дете шо значи корпа и спортско седиште е истото? Јас би сакала посебно корпа, посебно од кога ќе почне да седи.. Мислам дека тие се некако позгодни, или па може грешам, немам искуство...
Оваа ја имам и јас само мојата е Essential black. Корпата е посебна, не е исто што и спортското седиште. Корпата е за до 9кг.
Посебни се само целокупно количката може до тогаш да се користи. Иначе оваа количка е посебно корпа, посебно седиште, во цената ти се и двете.
Одлично, следно одење во ск ќе одам да ја видам, вака на слика убава ми излгеда ама друго е во живо да ја осетиш... Јас не сакам да е гломазна, и ме нервираат количките со огромни тркала...
Оваа е баш голема да знаеш. И висока и корпата за новороденче е скроз голема. Па и тркалата можам да речам. Ама според мене тоа и поцврста ја прави. Најубаво да одиш и во живо да ја видиш. И имај на ум дека ова е цена за количка, корпа за новороденче и спортско седиште, транспортер треба да се докупи.
Количките со големи тркала се за да амортизираат подобро на секаков терен, на камчиња, снег, нерамни површини итн. Во суштина за градски средини големите тркала повеќе ти отежнуваат него шо ти помагаат, затоа би рекла треба да земеш во обзир кај планираш да шеташ со количката ( и при какви временски услови ). Убави се макси но нема потреба да се даваат толку пари доколку не планираш да и ги користиш сите бенефити.
Да, ја не ја имам оваа количка ама сум ја видела во живо и баш ја возеше пониска жена, стварно е висока количкава. Иначе и мене ми гледа ептен цврста, реално само задните тркала се големи, ништо страшно.
Јасноо, за тоа реков во живо најдобро да се види... вака сликите лажат доста.. Имаме транспортер, 3-4 пати само искористен, тоа не ми треба.. а обично гледам сите колички се со транспортер и спортско седиште, без корпа.. А јас бебе во транспортер не би возела освен за заштита во кола, не би го шетала во него, воопшто не ми делуваат удобни транспортерите, башка и советите на педијатрите се тоа што сум читала и слушала искуства...
Мислам дека уште е исто Количката е закон, одлична амортизација има, посебно за улиците низ Мк каде често има раскопани улици, дупки, нерамнини итн. Јас сум ептен задоволна и ја препорачувам
Девојки тие што сте блиску до пораѓај пиете ли чај од лист од малина? Сакам да почнам да пијам ама не знам како се пие и кај може да се најде. Во билната на Алкалоид во К.Вода го има?