За тоа сакам да ги видам во живо овие на Maxi-Cosi ваљда има и помали. Јас реално сум ситна, и не сакам такви големи колички па борба да водам со неа за управување.. За тоа оние Baby zen Yoyo се идеални и баш се за тоа направени, лесно се склопуваат, мали се удобни, и лесни за управување, ама кај нас ги нема... Ako имате предлог за добра квалитетна количка ама да не е гломазна и огромна кажувајте...
Joolz ми се преубави и знам дека се малечки, Bogaboo се едни од најпродаваните тука во Австрија, важат за многу квалитетни, лесни и ниски колички, а Kinderkraft не знам точно какви се ама ми изгледаат убаво. Е сега , не знам колку овие три се достапни во Мк ама Грција мислам ги има сигурно.
Дааа за Bagaboo читав, на светско ниво се многу познати а ги гледам и дека се скапички... Ќе ги разгледам сите што ги пушти па ако ги има во Грција, и ако се тука некаде со цени, вреди да се отиде до таму. Не сакам да претерувам, не дека не се наоѓа и тука, ама пак си викам количката стварно е важна, колку за бебето толку за мајката, најголем дел со неа поминуваат и двајцата..
Па реално тие што ти ги пратив се буџет тука негде со макси. Имаш и поскапи од Бугабоо над 1000 евра што се.
Јас исто сум ситна и количката не ја доживувам така голема, што знам може дека немам искуство ама не згрешив, одлична се покажа... Мене ми е прелесна за возење, ко пердув да управувам. Разгледај си и други. Мене на прво место ми беше да е удобна и кога ќе е поголемо детето, да има одлична амортизација со оглед на тоа какви крш улици имаме и да е цврста.
Bugaboo има модели во истиот ценовен ранг како останатите што ги спомна, а од сите спомнати се реално најквалитетни. А мислам дека ги има во Грција.
Три дена мислам да ве прашам за чајот од лист од малина и се заборавам И јас го слушнав како делотворен за полесен пораѓај, ама мислев дека е некој балкански иљач, кога земав да гуглам видов дека е нашироко познат Ќе одам да го барам или во билната на Алкалоид или позади во истиот кварт има една билна Стојанови. Мислам дека 1-2 шољи на ден ќе се таман. Урми веќе почнав да јадам од пред некој ден, помагале не помагале барем вкусни ми се. Е со сексовиве малку пот'нка ми стои работава. Пукната сум за малку акција ама не бива Прво тромесечие се исцедив од повраќање дење-ноќе. Второ тромесечие ниска постелката па не смеев. Сега веќе не знам ни како да се понашам башка денес добив резултати од последни брисеви, се е супер, па си викам сега пред крај да не закачам нешто. Иако си викам да имал маж ми нешто ќе покажеше до сега Можда ќе пробаме ако се охрабрам, ако не да сум жива и здрава барем редовно сонувам @Homme и јас ја купив истата количка што си ја гледала, уште ја немам пробано со бебе. Јас баш сакав да е таква висока и комотна со сите амортизации, ама реално субјективно чувство е дали е гломазна. Инаку дефинитивно е една од најголемите на пазаров. Пробај во продавница повози ја, пробај да ја склопиш и замисли си како истото го правиш со бебе Мислам има многу врска и до навиките, дали ќе излегуваш почесто сама, дали ќе ја пакуваш сама во кола, колкав гепек имате, дали имаш лесен пристап до дома или треба да качуваш скали...итн. Генерално макси кози се квалитетен бренд и имаш помали варијанти што се исто така убави и удобни за бебе, скоро сите модели им се изложени во продавницата. Инаку и јас ја земав на промоција како 3 во 1, на линков што го постираше сфаќам како сега да се докупува транспортерот според тоа што го пишува во првиот пасус, најубаво да си прашаш таму.
Јас имам и Maxi-Cosi i Baby zen(recaro).На Maxi Cosi си ја викам џип ,гломазна е да и двете се со големи тркала,ама далеку од тоа дека големите тркала се тешки за маневар,баш напротив одлична амортизација,стабилност...да не правам споредба со една летна количка од место не можев да ја мрднам и на најмало камче
Бев денес на преглед. Бремена сум. Слушнавме срцева акција. И решив да го задржам. Не сум спремна ни психички ни физички. Но поинаку не би можела. Совеста би ме убила.
Ќе помине време и ќе бидеш спремна, штом си решила да го задржиш значи сепак некој дел од тебе ти вели дека си спремна, Господ решил да те изненади и сигурна сум дека ќе ти ја даде и силата која ти треба, сепак велат дека тој дава колку што можеме да издржиме. Оваа бременост нека ти биде и полесна и пораѓајот да ти биде песна. Со лесно.
Нормално е не се плаши, удари се тоа, на почетокот ќе ги осеќаш како бранчиња, скокоткање и сл. Лажните почнуваат покасно.
Здраво, да ве прашам девојки дали матичните ве праќаат на редовни контроли на крв и урина? Мене матичниот никогаш не ми рекол без мое барање да ми даде упат да се испитам, а кај што одам приватно докторката еднаш месечно обавезно ми бара да и однесам резултати од испитување, одам на две недели кај неа ради кандидата и вагиноза имав ставам вагиналети. Сакам сега да си побарам и уринокултура да направам тоа оди на упат да му барам или приватно е? Касно ми е да го менувам веќе, а ме одра и он со пари што за прегледи што за брисови и ПАП кој требале бесплатни да ми се ама бидна веќе.. сега утре ке одам за упат за крв и урина да ми даде па за утинокултурава да си прашам ако оди преку фонд и за тоа да побарам, а и да знам да не ме смота таа сестрата на пулт
Секој месец ми дава упат за крв и мокрача,уринокултурата се наплаќа приватно.Инаку ехо прегледи си наплаќа и мојот и 99% од гинеколозите, е брисевите не ми ги наплаќаше до сега никогаш и пред да останам бремена,сега на крај на месецов треба да правам па ќе видам дали ќе ми наплати може сменил.
Со среќа мами и со лесно,ќе биде се во ред Знам како ти е на психа и јас изодев тежок пат со детето ама знам и верувам дека ќе најдеш сила.Ако ти треба некогаш разговор пиши слободно
и јас тогаш ја земав по твоја препорака и супер ми беше си ја имам и сега па здравје ако ми затреба ке ја искористам и од мене палец горе за оваа пумпа
го јадев и јас стапот со втор пат скриен заради истата причина и фала богу пак се во ред а што се секса тиче дур не дознав имавме редовно после во 5ти месец еднаш и сега мемоари ке пишувам ке се издржи битно се да е во ред