Јас си нарачав од Алфалаб на Аурон уште во претходната бременост и добро се покажа,има и гаранција,а на самата страна ти се појавува грепка со попуст и често производите може да се купат со 40% попуст.
Јас бев кај Димчев 29+ На крај ни го наплатија како преглед, не како скрининг, Докторот рече се е во ред и беше карлично свртено, ваљда си видел се што треба и го истретира како скрининг.
Sendo ми го препорачаа како најдобар, ама мојот не е дигитален. Дигитален имам Visocor, најчесто ми покажуваат слични вредности, ама дигиталниот знае некогаш да покаже повеќе од Sendo. Моја препорака, да си мериш со онаков со пумпица. Јас не знаев, ама се научив и сега веќе сама мерам.
Јас ја спремам торбата за бебе и сум изгубена со алиштенцата да бидам искрена, сфатив дека од оние најмалите што се броеви јас скоро ништо немам, сите се од 0-3, сите ми велеа тие најмалите нема да ти требаат ама ако се роди 37ма како ќе го облечам во големи алишта? Исто не знам што да облечам за одење дома, тука тем ќе бидат докај 15, боди на долги или кратки, блузичка и пантолончиња со кебенце или шпикозни со плус блуза и пантолони? Веројатно еден ден ќе сме во болница, колку пара да спремам? Да докупам најмали работи или не? На кратки бодиња немам воопшто ни скроз мали ни од 0-3, сите се на долги, морам да купам мислам.
Долго боди никогаш не облеков. Сите ми се на кратки, освен неколку и тие неколку се скроз нови необлечени. Најмалите броеви најбрзо ќе ги израсне. Премногу брзо растат, додека се свестиш ќе рониш солзи кога порасна. Јас само складирам огромни ќеси. Се зависи дома која температура ти е. Едно време само по шпихозни го облакав. Голо одоздола. Се потеше многу. Ни чорапи не ставав, ништо.
Моето дете е родено во сред зимо а боди на долги не му облеков ниту еднаш само на кратки ракавчиња , мислам искрено дека и немаш потреба од долги веќе е потопло .
Е супер моите се сите на долги, тогаш одам денес да земам на кратки неколку, ќе земам 2-3 од оние најмалите и другите од 0-3м, имам доста пантолончиња ќе ти комбинирам со оние на долги за да де износат. @no name5 јас не сум во мк, тука е уште многу ладно и ќе биде сигурно до мај, ние летно време одиме на долги со мантили или палта. @Alexandrite знам дека брзо ќе ги израсне ама сепак ми требаат, ако не повеќе за две недели, а јас немам воопшто такви. А за еден ден во болница што да земма, колку пара алишта?
Од памперсот ќе се наполнат бодињата, не купувај мали оти одма ги надраснуваат со кратки боди на таа температура, шпикозни и чорапчиња, палтенце или џемперче, за во болница овде не треба ништо за бебето само памперс и влажни, дури сме таму тие си го облекуваат, овде секој ден го преслекуваа во нови алишта (Битола на државна). Нз како е во странство. Јас чекам рез денес од брисевите и од Торч, иначе 3 скрининг матичнниот ми правеше со првото на контрола. И овде не е задолжителен ко што знам.
Во болница за бебето ништо не носев. Таму го облакаа по шпихозни. После за излегување си носев алишта. Не знам како е кај тебе. Можеш боди, чорапчиња и шпихозни со ногавици. Мене ми се најпрактични за облекување. Евентуално тенко капче.
Јас на кратки имам само неколку бодиња, и тоа сите се од 0-3, бидејќи како што и сама рече, поладничко е ваму на север. Не е проблем толку за дома пошо дома може и само по боди да седи, јас повеќе мислев на дневни прошетки, дека ќе биде ладно со боди на кратки. Плус за налето за спиење навечер планирам само по боди на долги и вреќата за спиење. За во болница јави се и прашај најдобро, јас се јавив ми кажаа дека не мора ништо да носам за престојот пошо преферираат skin to skin додека е во раце, додека е во креветчето тие го виткааат во болничко ќебенце.
Кога треба да се пораѓаш здравје?Имај нешто и на кратки, 50ка број верувај дека не се износуваат ич, ок моето се роди 40та недела 51цм ама ако ти е земи 3-4 работи 50ка, па ќе докупиш ако треба. За од болница јас имам шприкозни на долги купено, боди ќе имам со мене и со кратки и со долги, пошо и кај нас мај знае да е од 7-15 степени.. имам купено една јакничка памучна за шеткање и ќебе имам и подебело од малава, а и памучно ќе купам за оваа бебушка. Се зависи од времето, памучно капче за надвор и тоа е тоа. Шприкозни со маичка и пантолончиња според мене е премногу, види одбери или целокупни шприкозни ( многу ќе ти е полесно да го облечиш) или одделно некое комплетче, може на преклоп. За болница, треба да се информираш, тука кај нас добиваме се за бебе и мајка и не се носи ништо.
Ај може ќе чекам да се роди па ќе докупам што треба, другарките исто ми рекоа од 0-3 може и само што родено малце лабаво ќе му е, а бодињата ми се од јетрва ми и таа живее северно па рече дека она на кратки не користела, после кога времето било потопло го облекувала само по шпикозни и ќебенце за шетање. Имам листа јас од болница што треба да земам и пишува дека треба и облека ама ни колку ни што не е објаснето. Нема веза ќе ставам што мислам, за еден ден проблем нема да има, ако останеме повеќе за нешто вонредно ќе тркне маж ми и ќе донесе. @Bubish26 12 Април ми е краен термин, ама најверојатно со провокации ќе сум сега 37ма, утре имам скен и другата недела скен и ќе ми кажат, ради состојбите кои ги имам, па ради тоа ми е, бебето големко беше на скен па си мислам дека стварно нема да ми треба мали. Не земам ништо решив, што треба ќе нарачам онлајн, за ден ќе е тука ќе исперам и готово.
Најпаметно, јас едно имав 50ка земено и пошо со долги нозе, едвај и го ставив, само сликнав и толку се спакова. 56 исто многу брзо ги надраснуваат, плус како што читам напредува супер по неделите. Сега бар е се достапно, па ќе си докупиш што треба. Чудно што таму не ви даваат облека од болницата.. ќе се покака, бљуцне, немам представа колку би требела да земеш со тебе. Мене дури шприкозниве шо ги зедов за излегување ми гледаат поголем број, него другиве работи што се 56ка ама ако ептен се роди мало, ќе купи маж и нека испере хаха имаат ластичиња на нозете, малце како пуфнасто ќе дојде.
Исто и јас бев кај него во 28+ и ми беше наплатено како обичен преглед. И моето тогаш беше карлично свртено.
Јас имам бодиња на долги и планирам да му ги облекувам со панталончиња надоле зошто не се обични еднобојни бодиња што мораат да се носат одоздола.
Ќерка ми се роди во Август па јас и облекував боди на долги со панталончиња. Така што ќе ги искористиш 100% и убаво е што си имаш. Боди на кратки периодов ќе облакаш за одоздоле, а на долги може дома и само по него да си седи. Знам дека сите ти викаат мал број не купувај брзо расте бебе, мене истото ми го викаа и јас имав изнакупено 0-3 па кога се роди ќерка ми одеше сопругот докупуваше. За бебе од 48цм баш убаво си износи 50ки така што јас ти советувам да си имаш и по некоја 50ка. За таа тт за одење дома можеш боди на кратки + блузичка со панталончиња или шпикозни и ќебенце. Сепак со кола ќе бидете нема да сте надвор на таа тт (имај и капче). За во билница ако таму не ги облекуваат они и треба да си носиш свои, земи барем по 3 од се (бодиња, шпикозни, панталончиња и.тн) Во h&m имаш убави комплети како дуксерче со панталончиња меки како мече, јас баш земав. Исто ти се добра опција за изнесување на таа тт.
Seks so mm so zastita ili bez za pred kraj? Mene mi e strav od bakterii a neli vilaat deka spermata pomaga za otvaranje. Aj koga sme na ovaa tema da prasam: so zastita ili bez? Strav mi e od bakterii na kraj a neli vikaat deka spermata pomaga za otvaranje. Ic nemam zhelba, ama se kje probam samo prirodno da se porodam