Јас не правев трет скрининг, матичниот ми кажа дека нема потреба со изговор секојдневно се измислува некој скриниг плус, се што треба тој детално гледал на секој преглед, се надевам е во право упатот е од матичен доктор не е од матичен гинеколог, за наплата незнам. Само живин, тој ми е најточен земав бесконтактен на микролајф ама кога кажува кога не кажува како што треба.
Ич да не гуглаш. Не се става по автоматизам, само ако има препорака од ортопед. За машки бебиња па ич не е препорачливо да ставаш од чиста мира. @Bubish26 @Giovanna @***Bony*** фала ви за препораките.
I jas sum so bel sekret vekje Edna nedela, osobeno izrazen koga ke stanam od spienje , kako da se sleva od cela vecer I tece koga ne sum vo lezecka polozba. Mislam deka e normalno I nema mesto za panika
Да си пишам јас уште еден преглед поминат денес и вратени повторно дома Момата спие, цтг мирно, болките кои ги имав пред некој ден веќе ги нема.. Контрола пак за три дена, прашав за провокација нешто да направам да ја испровоцирам, ми кажа "Не рано е" 39+4 ке сме дале фора недела дена по термин тешко мене, неизвесноста е досадна Незнам зошто ама се мислам дека пак ке завршам со провокација, убаво им е во мешето на моите принцези Стигнав до најдосадниот дел каде и да се појавам ме прашуваат уште колку.... уште многуууу дури и вработената во маркет почна да ми дава совети како да направам за да се породам поскоро ке си умрам
Незнам што е мојот апетит цела бременост не јадев а сега јадам и пак сум гладна и пак и пак, еве сега мм го пратив по овошје по нешто освежително ми се јадее страшно а јадев пред само еден час До сега сум 9.3кг поправена ама оваа недела ке ставам уште 5кг како што сум тргнала
Не знам зошто матичните сами си решаваат дека нема потреба од трет скрининг кога тој всушност не е ништо ново и скоро секаде си го има. Јас правев трет скрининг и пред 5 ипол години и сега пак, моја препорака е сепак да се направи. Се гледаат протоци, мозоче, срце, бубрези и др работи што ми објаснуваше докторката. Апарат за притисок препорачувам Омрон, го имам неколку години и одличен е. Топломер исто Омрон за на чело, веќе 3 год го користиме и супер е. За величините на бебешките работи, зависи некогаш и од бренд до бренд. На пр. 50ка во h&m точно одговара за величината, во Картерс е означено како NB (newborn) а од 0-3 е веќе поголемо. Во Зара 50ка е од 0-1, Некст исто 0-1 е најмало, следно е тоа до 3м. По принцип секаде се скоро исти, освен можеби МК брендови како Тритекс пример кои се поголеми. Има и помало бројче од 50, 48 тоа се води веќе за предвреме родени бебенца.
@Hatula мислам дека не го рачунаат како трет скрининг, а инаку прегледот е со протоци, постелка, органи и се по ред. Исто и јас пред 3 години не правев трет скрининг официјално бидејќи секој преглед ми беше како скрининг. Затоа ако добро се се види детално, не мора да се плаќа само плус колку да се каже дека скрининг е правено.
Незнам зошто искрено, за многу работи кога сум прашала се чудел од каде сега тоа. Ама за многу работи бил во право и затоа му верувам многу истото со @Alishan30 го мислам
Dostapna li e viber i slicno? Za vodenje bremenost ok li e? Imam moznost da odberam megju niv dve pa se mislam...
Супер е за водење на бременост, матична ми е. За достапност на Вибер не знам, јас имам пријателка гинеколог и кога имав нешто да прашам неа ја барав, а не Билјана и затоа не можам да ти кажам околу тоа. Инаку, многу е пристапна, ќе ти одговори на сè што сакаш, ќе те смири. Единствено што ми сметаше е тоа што знае да доцни, па покасно ќе почне со прегледи па знаев да чекам подолго.
Денес влегов во една продавница за трикотажа тука кај шо живеам да зеам боденца за бебо, и за почеток земав мали, колку да имам, и продавачката ми вели ааа не земи поголеми, оти пелена па две тетра пелени, па еден тријаголник нема да можеш да му ги закопчаш, викам за шо е тоа, па и ме нападна како не сум знаела за широк повој, така обавезно се редело до 5/6 месеци, викам јас прв пат слушам, а и мислам дека тоа е застарена форма… леле шо ми требаше тоа да го кажам, уште толку ја отвори устата… Аман више од тие застарени форми…
И мене Билјана ми беше матична, првата бременост ја водев кај нејзе. Јас бев задоволна. Само не сум сигурна дали запишува нови пациенти.
Мене докторот каде што следам бременост ми закажа контрола баш во тој период каде што се прави овој таканаречен трет скрининг, баш за да ги види протоците, постелката и органите. Не ми го наплати како скрининг ама ми нагласи дека баш тогаш треба да дојдам. Еве и сега последно кога бев во 34+ пак исто гледаше, а верувам дека веќе до крај ќе ги следи тие параметри на секое наредно ехо затоа што се најбитни во последната фаза од бременоста.
Бев на прво ехо 5 + 4 по менструација по однос 4 недели За срце е рано, наместено е каде што треба.,само било малку пододлепено ми кажа дека тоа што дојам и што го кревам детето го има тоа предизвикано. Веднаш да прекинам со доење и да одмарам да не кревам за да биди се во ред. Утрогестан нормално ми пиша. На контрола за срце по 10 дена
мене матичниот гинеколог ми даде упат за скриен шеќер. ама не ми беше прашањето тоа. дали се наплаќа ме интересираше.
Хахах и мене тоа ме снајде Мк, бев да си и го купам тоа што го одбрав за излегување од болнца ( иначе срцето ќе ме мавнеше денес кога видов дека тука во Австрија истото е 20евеа, а таму 2500ден) и ми вели амаа види кога ќе ставиш две тетри, памперс, боди, хулахопки таман ќе и биде, не не викам само боди по кратки, аууу како така нешто ново сме измислувале ние младите, како свекрва ми помирно ќе било цело завиткано како лепче, така порано праеле и ништо не им фалело.
Сигурно била жена во постари години, во нивно време тоа било нормално и сега доколку е потребно кај некои дечиња знаат да препорачаат барем два месеци да се става широк повој. Во принцип памперсот сега е доста голем што доволно ги шири и нема потреба, но има случаи и кога треба, се е индивидуално. За завиткно како лепче ако јас со првото не пробав ама сега решив да пробам ако мислиме на истото. Во спиење на почеток доста често знаеше да ми се разбуди малата со мрдање на рачето, се штрекнуваше во сон, затоа сега за новиот бебуш земав многу беше мекана на прв поглед ме освои се што е добро зошто да не се проба, макар бил и стар обичај, барем на спиење ке си спие во ова