Кога си со упат мислам дека е негде околу 60 ден, ако не се лажам и се две боцкања. Јас правев во авицена приватно 550 платив за три боцкања
Можеш да го умотуваш вака ама ако сакаш така да спие, треба уште одма да почнеш, после нема да сака, види на нет има правилно како се прави, без да му ги држиш рацете исправени надолу како војник, така правеле порано, сега има друга метода која е подобра за развој. Гуглај под how ti swaddle baby properly има многу видеа.
Имам две јас дома ама не ги употребив никогаш. Шо знам, тие методи се во ЕУ веќе прешкртани и си имаат причина, гледам Сад уште користат вакво повивање ама рефлексот е здрав и бебето е здраво да се буди често,како што се и забранети нараквичињата за као да не се жгребнело, лом ме направија на болница кога видоја дека сум и ставила на малава, а имаше бога ми ноктиии за френч да направи, рефлексите не е во ред да се избегнуваат и со тие методи да се намалат. Сите сакам сон де ама што е во ред е прашање. Повивањето исто може да добеде и до претоплување што е уште една од причините за SIDS. Ама повеќе верувам во тоа што кажуваат докторите тука ( вклучувајќи и за широкиот повој) од тие Мк.
ке побарам баш, јас и сега не мислев надолу да и ги правам чисто само да се замотани да не и паѓаат лево десно
Јас не планирам да го умотувам искрено и вреќичка за спиење зедов без ракави, не би сакала јас лично да сум така затегната, па не ми иди во глава и тоа да сака. Тука не знам како е пракса, ми рекоа да земам ракавички значи мора да имаш, ми рекоа и ресивинг бланкет да земам претпоставувам ради ова дека уште е пракса, сепак и да го прават во болница јас дома нема да го правам. За широк повој сега кога знам што е нема шанси да го практикувам освен ако не е строго препорачано од педијатар поради развој. Денес сум ептен у нестинг фаза, спремна сум со торба, со список, со рецитирање на маж ми што треба у случај јас да заборавам, гледам видеа од прееска да се присетам што и како треба…мислиш утре ќе раѓам. Инаку мајка ми ми рече дека стомакот ми се спуштил, а стварно приметив некое олеснување на желудник, плус кога се гледам на страна горе нема ништо, де ближи Д дај почна да ме фаќа анксиозност, морам да се фокусирам да не ме обзеде.
За трет скрининг и јас посебно не правам, секој преглед ми е како скрининг. Најнормално е да се штрекнува, моро рефлексот после некое време се губи. Не треба да се повиваат, а ни во вакви да вреќи да спијат. Покрај причините што погоре ги наведоа, пак ќе спомнам дека и поради нозете не треба да спие во вакво завиткано. И раце и нозе треба да му се слободни, овој долниот дел е потесен од тоа што му е потребно за бебето да може слободно да ги крева, шири и витка нозете и во спиење.
Јас сум кај Лолита и сум задоволна од неа. Сега стварно има многу гужва и тешко да бидеш на терминот, ама барем сум сигурна во неа што ќе каже кажано е.
@Bubish26 @1209 @0ли јас размислувам за во вреќа за спиење да го ставам. Само за мај месец што мислите каква да земам, со или без ракави? и колку би ми биле доволни, 2?
Мешиња како сте денес Јас си одбројувам до трет триместер денес 26+6. Се надевам ќе биде полесен од изминатава недела вчера повторно болки ама овој пат баш се осеќаше дека се од бубрези, докторката ми рече напиј се кетонал и утре на интернист. Денес бев на интернист и како што претпоставував каменче во десен бубрег и песок и во двата Ми препорачаа многу течности и чај од брусница по потреба спазмекс, малку ми олекна барем знам од што беше болката. Секој совет за како да се надмине ова е добредојден . Бебче за два дена треба да го видам и едвај чекам
Добредојде во клубот на камчиња и песоци, ич не е пријатно ама ќе помине кад тад. Многу течности многу многу брусница чај, пери се цело време за да колку толку избегнеш застој кој придонесува кон стварање бактерии кои се многу досадни, а и штетни. Ти посакувам со лесно да ги измочкаш и да не ти створат дополнителни проблеми
Ни јас не платив трет скрининг. На втор бев во 20+, а следен преглед кај него докторот ми закажа за после 8 недели. Ми беше наплатено како обичен преглед.
Денес на контрола од сабајле, цтг мирно, онака колку да има некоја контракција, ништо посебно, утре пак ,а од утре веќе 40та недела. До кога можат вака да ме држат? Ниту болки , ништо. Списоков зс март се чисти полека ,полека...е се стопли времево нема да имам шанса подебелки алишта да и облечам.
Јас одам уште, 35+5 сум и планирам да одам дур можам, па и до крај. Моментално немам проблеми, навечер спијам добри 8+ саати и сум одморена за работниот ден. Индивидуално е, ќе си одлучиш зависно од тоа како се осеќаш.
Еве и јас 6ти месец, сеуште одам. И планирам ако сум ок да одам и да не користам породилно отсуство. Само одмор од 2 недели после пораѓај
Јас одев до кај 31-32 недела, а утре влегувам во 34. Планирав да терам до крај, ама живот тече додека планираш Останав на боледување по препорака на доктор и веројатно така ќе сум до крај.
Мене ме чекаа до 41 и некој ден и ме породија со провокации, зависи дали има можност за чекање или не
Алишан, кај нас законски мора да се користи 45 дена породилно отсуство. Освен ако не исполнуваш услови за породилно или ако не си во мкд.
Јас без ракави, од малава имам она не ја научив во вреќа и ден денес спие без да се покрива хах аа за ова ќе пробам во вреќа тенка, па после ќе купам од тие скроз летните што се од муслин.
Јас оваа ја гледам, поим немам дебела ли е тенка ли е https://www.elo.mk/product/vrekicka-za-spienje-a-little-bird-told-me-0-6-m/