Дали некоја скоро поднесувала за рефундација за клексани со извештај од трансфузиолог? Дали ќе ми го уважат или да одам на гак по извештај? До сега имав и од двете места и така поднесував цела бременост
Оваа е 2,5 тог дебелина, ги гледав и јас. За сега мислам нема да е дебела, ама за летоска ми личи ко да ќе биде. Нека кажат поискусните. Инаку ги прашав, планираат да донесат и потенки наскоро.
И јас за два дена влегувам во 40гн. на последен преглед ми кажаа ке чекаме недела време по термин, ако нема абер тогаш одиме со провокација До 38+4 одев на работа и уште можам ама користам стар одмор да не ми пропадне
Оваа што ја постираше ми изгледа дебела за мај. Првото ми е во мај и мислам дека не ти треба толку дебела. Имам вреќа за новороденче од подебел памук и многу малку ја искористив. На почеток го покривав со тенко памучно ќебе, најчесто со шпикозни без ногавици спиеше и секогаш без чорапи. После веќе од есента почнав во вреќа да го ставам и ден денес еве 3 години спие и денски и навечер во вреќа. Зависи и од температурата што ви е дома. Мислам за вреќа да не брзаш, има време до мај, чекај да видиме какво ќе е тогаш времето. Едит. Вреќи секогаш без ракави користам.
Неплатено срцка, ништо не барам од државата, сама си пуштам плата, одмор немам користено 2 години па така планирам, здравје ако сме добри и јас и малата.
https://lococroco.com/вреќа-за-спиење-kikka-boo-my-teddy Ние оваа ја купивме, како тенко јорганче е материјалот и мислам дека ќе одговара за периодов.
Еее кога се решив јас така за малава, вриштеше оти беше затворена и не прифати никако, затоа од старт сега. Пу пу да не заречам ама ти по се имаш бајче детенце хаха нашево е во секој поглед терсено испаднато. Оваа сега не трпи ни ќебе, ни пеленка, ете ја одма станата ако и ставиш нешто на половина
Ваква во зима му облекував, па и тогаш му беше топло и со голи нозе спиеше во неа. Далеку е од бубаче (кога е буден) Само од старт го навикнував на работите, не отстапував и затоа ми е полесно сега
Епа оти рече дека прво си го покривала, па после си го навикнала на вреќа.. кај нас немаше шанса тоа. Иначе, за спиењето браво, јас со првото ми заспиваше на града, па префрлав, не думкав ама пак не успеав да ја трнам од града и да си заспие само, мислам дека ти беше таа што и успеа да го научиш на таков ред, па коа дојде време, во мајчинсли ќе те бараме хаха
Го преживеав ОГТТ и втор пат и пак немам скриен шеќер,ако уште еднаш ми речат крупно е бебето ќе ги прашам дали ми светеа кога го правев кога се фатило само стресови да ти прават.Така да се испукам,уште лошо ми е на желудникот од глукозата
Да, го покривав ама само на почетокот. Мај се роди, на почетокот со тенко памучно, потоа во лето со тетра, а од есен почнав вреќичка да му ставам. И сега во лето не му ставам вреќичка, па од есен пак продолжуваме. Така ќе правам и со второво, па ќе видиме. И моево заспиваше со цицање, со цице во уста, сум пишувала низ темите во Бебе. Цицаше, па ад пиеше, па пак со цице за да заспие. Така си го научив сама од што сакав да цица што повеќе за да ми се врати млеко. Потоа еден период го чекав да зацврсти и го префрлав во креветче. Ама моето веќе од 6 месеци спиеше цела ноќ без да се буди, но поради килажата морав да му давам еднаш ноќе ад. Од старт бевме комбинирано - цицање и ад.
Јас па или сум те помешала или погрешно сум стварила дека само си заспивало во креветче.. оти мене не ми беше тешко заспивањето, сега само си легнувам до неа и ќе заспие и пак ја префрламе ама тоа да ја остаам скроз сама не успеав. Иначе не ја имав нишано никогаш.
^никогаш не користиме ќебе од прв ден кога е родена, вреќи не доаѓа во обзир, купив една, на кратки боди беше и таа одозгоре, дете за пола саат беше обареноиспотено, ко избањато, и ете ја си стое нова вреќата. по с'клет дете нема од моето, или јас живеам на многу топло Зимно време ние сме покриени, таа не. 22 степени ми е дома инаку. Родена е инаку септември, боди на долги и облекував јас. За ова сега ќе се роди на лето, од старт боди на рамки и на кратки ќе биде.