Ме примате во друштвото и мене? Многу ми е мило за сите што ве гледам во темава. Лесни бремености да имате! Се' имам заборавено од првата бременост... Колку ви го измерија цервиксот на прв скрининг? 3цм ОК е? Претходниот пат бев со серклаж ама доста подоцна се скрати цервиксот, па ептен сум во мисли. Матичниот не ми е многу од доверба. Секако закажав кај друг доктор... ама да не знаете од прилика колку е нормално за овие недели? Да знаеш дека оваа вреќичка е многу широка кај вратот и рамениците за новороденче. Јас на почетокот ја сошив горе за да ги намалам рамките, подоцна му ја отпарав. Олку широка ми беше страв да не ја измести над глава. Инаку е баш зимска, не е за во лето. За во лето можеш да побараш чисто памучна, еднослојна.
Јас имам од сѐ по неколку баш од таа причина. Бодиња на долги, кратки, кимони, панталончиња, сетови со бенкици, шпикозни. Од сите по 7-8 пара за првите три месеци, може и многу се, ама нека има. Ќе се научиме, како сите така и ние.
Нормално е, ќе имаш замор првите 3м сигурно. А за тоа што си пушач мислам дека знаеш што треба да направиш, штетата може да биде и огромна и фатална и јас бев па од кога дознав не запалив.
Добредојде и со лесно до крај. Мене цервиксот на прв скрининг ми е измерен 43мм, толку беше и на последен преглед во 32+. Ќе видам како ќе биде со вреќичката, се надевам ќе се научам да проценам дали е соодветно облечено/покриено кога ќе дојде ред.
Знам свесна сум но зависна сум а си јадам количински за бебето се да му надокнадувам си расте супер, ќе пробам по денешнава контрола.... Алкохол не пипам има некои што пијат јас само по литро сок
Ова мислам дека ти е за сликање повеќе него за спиење, и кај повивањето рацете може да се стегнати ама кај нозете мора да има простор широк.
@0ли @Bubish26 Не изгледа вака тесно како на сликата, за новороденче би било таман доле бидејќи не се врзува баш под стапалца туку може две раце подоле доста е долго. Многу е пошироко од повиено на пример (не сум повивала јас) Читав позитивни ревјус за нив па затоа земав две. Ќе видам ќе размислам, имам време сеуште. Можеби ќе земам една да имам од тенките вреќички па ако седи во неа ок ако не пак ок.
Јас вчера мислев дека ќе треба да викнам инта.. бебе беше од 7 саат до 11 без престан активно, покретите беа болни, стомак почна да ме боли премногу.. се истиширав и легнав ама не поминуваше, од умор сум заспала. Се напив парацетамол и магнезиум и можеби тој ме кутнал. Признавам дека немам застој, само нешто прам, со малава се занимавам по цел ден, сега пак осудени сме на метроа и пешки одење. Станав сабајле подобра бев ама еве пак почна да ме боли чим почнам со движење. Иначе, мене цервикс втор скрининг ми беше 43, на трет ми беше 38, недела дена после трет скрининг 31, оно за неделите можеби е ок да е 31 ама нели некако набргу се скратил? Почнав и малава да ја кревам многу, маж само вика по мене ама ај де. Преглед имам тек 14ти април и тоа предпоследен, последен ќе е на денот на терминот. Освен ако не се појавам на итно.
Имам и јас такви денови, мислам дека е од замор највеќе, пробај да најдеш баланс, знам дека се осеќаш како да можеш се да направиш ама веќе си тежи бебе и мораш да успориш. Мене вчера се ми беше болно, не знам како се движев искрено, ама одморив едно 12 саата и сега сум топ.
Може посоодветно е прашањево во подфорумот за бебе но ќе си прашам и тука. Дали некоја има искуство со 4moms mamaroo релаксаторот? Другарка се нуди да ми го даде нејзиниот. Вака убаво изгледа, но колку долго може да се држи новороденче во него? Дали може да спие ( со оглед на тоа дека е во полуисправена состојба )? Или е попрактично за поголемко бебе? Реално колку долги будни периоди има новороденче за да се стави во релаксатор? Мене ми беше план да не земам релаксатор туку да си го легнувам пример или на кауч или во портабилно креветче преку ден. Ама немам искуство, ако може некој да сподели.
Ти си знаеш, ама јадењето количински нема да направи разлика во штетата од цигарите. Ама секој со својот избор, сега има побитна работа од твојата зависност треба само тоа да го ставиш во главата.
Јас го имав за првото дете и бев задоволна. За новороденче има додаток што се става долу, а се користи додека да почне да седи бебето. Јас ја ставав да спие во него денски, има многу убави опции за нишкање и бели звуци ако сака бебето. Мојата не сакаше да и мрда никако и само така статично го користевме. Јас би ти го препорачала, за друг немам искуство ама овој ептен ни се најде. Edit: Ова е додатокот за новороденче
Мајки што имате дома мали деца ги држете ли во раце? Малата ми е 4 ипол месеци. Заспива само кај мене во раце. А веќе имам болки и не знам како да ја оставам да не ја земам.
Јас имам и еве бебе веќе три месеци секојдневно си го користиме, одличен е. Искрено, која леснотија е колку толку да седи првото ич не сакаше релаксатор, и само на раце беше. Ова го прифати и топ ми е Иначе има опции да биде во нај ниска положба, така што така не седи. Штом ти го даваат, земи, и процени дали ти е од корист. Секако ќе видиш дали и бебе сака да седи во него
8 месец сум бремена ,до скоро ќерка ми заспиваше со лулење а има 2 години и 2 месеци,ја дигам мн често дека постојано е сама со мене а има 17 кг,убаво е да се избегнува кревање но некогаш немаме избор,доколку имаш уредна бременост и немаш друг избор тоа е,болки може да ти се ако си уште на почеток од бременоста,јас лично првите недели имав мн често како менструални болки.
Во претходната бременост во 31ва недела ми беше околу 35мм и тоа беше мерка соодветна за неделата. До тогаш бев на мирување,од тогаш ми дозволи да се движам. Така што не знам точно кога си правела трет скрининг,но би требало да ти е во ред мерката.
Денес на ехо бев, бебче деф е машко, потврди, синко ќе си има братко (така вели тој) патем му се оствари желбата, сакал братко Иначе во ред е се, убаво го измери се, раце, нозе, главче, желудник...161г е и одговара на неделите 16+2. Цервикс и мене ми нема мерено досега. Така сега за скрининг ми закажа за 13ти април, 24та недела би била, што имам читано овде порано го правите? Комплетна доверба имам кај него и со првото и сега, секогаш се детално гледа, мери, ама се ми се чини дека ве имам читано порано правите јас ќе одам секако на закажаното ама ме интересира др искуства.