Чудно ми дојде, зошто никогаш во животот уствари не ми крварел носот исплукав и грутка крвава од уста
Прашај си се што ке ти падне на памет. И јас на другарка ми ( фармацевт и мајка) ја прашувам се и сешто, дури ја прашав зошто левата цицка ме боли повеке од десната.
Да ти кажам годинава плодна е што баш ме радува во моментов едно 4-5 другарки чекаме бебушки во исто време со 2-3 месеци разлика па можеш да замислиш џагара багара муабети
Малку ви завидувам вас што си ја "завршивте работата" Прееска маж ми вели: од понеделник е нов месец. - Пааа? - Па во новиот месец со нов член... Само ја протресов главата со намера да ја отерам мислата. Во панични моменти кога ме теши посакувам да му кажам дека лесно му е него да каже кога тој не мора да мине низ тоа на ист начин, ама не ми е тој крив. Потоа после само десетина минути започнав муабет како ете може да имаме и три деца Не ми е лесно во главава знам, од крајност во крајност одам, сама со себе си се расправам, треба да си запослам мозокот со нешто друго очигледно... Инаку, уште кашљам. Вчера матична ми предлагаше и цефалексин да сум земала ако сакам. Одбив, ми изгледа дека оди на подобро, само секое накашљување се подмочкам малку
@SpangeBob @bella.s @Galicka @Mekuska и ако пропуштив уште некоја мамичка да ви се здрави и живи бебушите големи да растат !!! Инаку се видовме со бебушот мој конечно еднаш ќефот на мама да му го направи да го покажи лиценцето без да се крие со речињата Спојлер а едно време проба дури и ногата ја крена за да се скрие и се заљубив на прв поглед лепотан на мама.Си напредува таман за неделите без разлика шо не сум му личела на луѓето за 6ти месец туку 4-5ти ама то е друга тема @mama89 добре ни дојде @kristina.k и мене ми се случува истото и јас истото помислив ама докторот ми рече дека имам доволно плодова вода не знам шо е ама сигурно не е ништо страшно
Веρувај деκа уживаш! Веρувај и навистина ќе уживаш! Тρгај ги сите мисли κои те вознемиρуваат! Нема за што да се гρижиш! Баρем за сега! Зачувај ја енеρгијата и маκсимално гρижи се за бебето κога ќе пρистигне! Аκо имаш вρеме до поρодување, земи си цефалеκсин. Зошто аκо не си оздρавена ќе те боцκаат на болница, и тебе и бебенцето ќе добива теρапија! Со лесно!
^ Зошто бебето би го боцкале ако е мајката настината.Прв пат слушам за тоа.Јас кога се породив стомачен вирус имав и не примив ништо ни јас ни малата.Си помина само од себе.
Жени и тука да прашам. Второ ми е ама ништо не знам. Ноќеска имав болки, така нередовни, де на 20, де на 5, па на 10 минути, ама константно ја чувствував болка позади, во половината. Еве и сега ме пресече таква една болка, посебно позади во половината, баш онака исто кога треба да добијам, ко некој грч. Што значи тоа, дека набргу ќе се породам? Со првото воопшто немав ништо вскво, не ми е познато.
Тоа значи дека времето ти се наближува телото се спрема родилниот канал се шири карлицата исто така бебе се мести надоле и кај и да е ке се гушкате Можно е да потераш уште некој ден ,можно е да те фатат болки на краток перод одма уште денес не се знае кога ке биде ама ако сакаш да е побрзо наполни си када со топла вода узивај полежи си и удри на секс Ајде е јас мислам утре ова време ке си имаш бебече до тебе а болките се такви како со ги опишуваш ама треба да бидат почести со лесно
@Sky-butterfly со лесно мила...имаш веќе едно ангелче дома. Концентрирај се на моментот кога него го зеде за прв пат во раце, и во моментите на болка обиди се повторно да го доловиш истото чувство. Ти посакувам што поскора и полесна средба со малата принцеза Инаку јас прееска се муабетам со мојов и почнав да зборам за моментот кој ќе дојде и болките...и после само некоја секунда почна фаци да прави и ми вика доста доста не можам да слушам. Имај обзир кон мене и моите чуства . Мажи. Он не може ни да слуша, а ние можеме се.
Мажишта наши бе, ме изнасмеа А мојот кога правиме муабет за дадениот момет вика леле па што ќе правам јас тогаш, нема да знам главата кај ми е, во паника ќе бидам. Викам па ќе треба во болница да ме однесеш, и он, па нема шанси јас во таква состојба да возам, епа викам ај јас да возам ти седи до мене.
Туку ние често шеткаме на дестинации оддалечени со кола и повеќе од еден час. Ако фатат болки или падне мукозниот чеп си знам не е страшно...има време додека дојде моментот. Ама ако пукне водењак? Колку време има човек додека стаса во болница? Јас си шетам со мајчината книшка во ташна, ама да си знам.
Мешиња да ве поздравам. Си дојдовме денес.дома..јас и Дамјан...батко е пресрекен за братчето ...поздрав и со лесно....
Треба штом ќе пукне одма да одиш. И ако се тушираш пред да оди ( со пукнат водењак) не користи јак гел за туширање , да не се иритира тој дел долу. А и после пукање се зголемуваат болките ако почнале претходно.
Бебчињата не ги боцκаат, туκу добиваат антибиотиκ со лажичκа! Аκо си немала поκачени леуκоцити немало потρеба да пρимате! Тоа се гледа споρед κρвната слиκа после поρаѓајот!