Не знам како ви е дома, јас ви зела неколу на долги шприкозни за спиење пример 3 пара , би зела и летни со кратки секако тоа, ама да имаш нели по долги, ако е лето може да се погоди врнежливо, смотано време. Иначе ако е стандарно лето пекол во Ск, има прееслатки едноделни по кратки за шеткање ама за сваки случај по некое комплетче со долги. Мене 62ка ќе ми наследи се од сестра и ако затреба по долги, а и како што Австрија е времево променливо ќе искористиме секако.
Пред пораѓај дента ми рекоа дека е 3 недели помало мешето. Еве го бебче здраво, право се си е во ред. Без грижи
Кај мене беше мало стомаче голема глава две недели пред пораѓај. И ја мереа на ехо 3.100 а се роди 2.900. А се роди 10/10 Ич да не се грижиш. Мерките не можат да бидат секогаш точни.
Денес имав консултации со доктор, нема да ме породат со провокации освен ако не се промени нешто во следните недели, сите вредности се назад во нормала и бебето си напредува одлично освен проблемот со бубрегот кој не е индикација за провокации, па сметаат дека нема причина за тоа освен јас ако не сакам во случај да се чувствувам посмирено така. Јас не сакам, сметам дека спонтано ќе биде најдобро и дека ќе останеме добро до крај. Единствено ако не се породам до 40+6 тогаш ради дијабетисот ќе мора. Искрено ми падна камен од срце, иско ми е тешко и сакам што побргу да го запознаеме, сметам дека ова е најдобра опција, сега останува ние да го провоцираме до термин и со Господ напред имам надеж дека се ќе биде добро.
Денес бев на контрола 38 недела сеуште е карлично поставено и дефинитивно ќе ме пораѓаат царски и плус не ја излеков никако стрептококата и во 37 на брисевите ја имаше не ми се ризикува чекам 5 години и бебе е големо 3.556 кг.
@Bella_Stella , не следам до која недела си стасана. Мене во 28ма ме испаничи матичната дека е 2 недели поназад, во 30та дека воопшто не е напреднато. Измеѓу правев и протоци, испитувања, па уште две консултации во различни ординации, за да испадне се во ред. Бебе се роди кај мене порано, со неполна 36та недела, меѓутоа во ред си е со стомачето, немало никаков проблем овие месеци.
И ја бев со стрептокока, иц не се секирај ја примав антибиотик при сам порагај (царски) после беба го проверуваа да не ја закачил. Фала богу се помина ко што треба.
Мене многу ме болеа сите зглобчиња на рацете, баш ми беше чудно тогаш, плус се вака ме болеше како што се жалат членките во трет семестар само си читам и се сеќавам, во 9ти месец не ни одев пешки, неможев од што ме болеше половината Моето треба крај на август да се роди, далеку од Ск сум кај нас цело лето навечер со долги сме па последниве 2 лета август заладува, прво ќе користиме од батко алишта ако треба нешто тогаш ќе купувам. Денес на итна бев, за малку во несвест не паднав од низок притисок, 80 со 40 ми беше во 9ч, од на работа на итна и една инфузија ми дадоја па после ок сум.
Мешиња добро утро Сите велат спии во бременста, уживај после сон нема да видиш, јас ко за имат 6:00 очите отворени… али тоа е, нема правило.. Едно прашање за тие што сте во Скопје, знаете во која аптека можам да ги најдам со сигурност кремите и маслото што ви ги пуштам во прилог, за да не лутам од аптека во аптека?
Истото го помислив и јас пред малку кога легнав кога станав, наспана одморена мислиш 10ч сум спиела а само три дали се За производите незнам, јас им ѕвонам за да не лутам, има секоја аптека бројче на нет, најдобро јави се за сигурно ке проверат и ке ти кажат во која имаат
И мене тешко ми оди со спиењето. Последнава недела око не можам да склопам од кошмари, секоја вечер по неколку. Туку, ми се појави вертикалната линија на стомакот. И две имам на вратот, се надевам тие со сигурност ќе исчезнат. И не сум сигурна дали се лажните контракции, но почнав да чувствувам како згрчување во горниот дел на стомакот, околу желудникот. Не е малку рано во 24 недела?
Јас порачував од оваа аптека, не знам дали имаат некаде седиште бидеќи онлајн ми беше полесно и имаат скоро се. https://www.annifarm.com.mk/product/weleda-масло-за-масажа-на-перинеум-50ml/
Дали последните брисеви влијаат нешто за пораѓај со царски ррз? Некако немам сили веќе натаму наваму да одам, за природен пораѓај ајде битни се,ама во мојот случај што би значеле Закажавме и термин за пораѓај,па уште малку да потпорасне и дадоа фора и ќе се гушкаме за кратко На враќање купив и комплетче за од болница, па деновиве што остануваат да доспремам катче за бебе,за отпосле ќе му ја мислиме
Кога летна времето, како вчера да те прочитав дека си бремена, со лесно Сакав да те прашам колку ти се разлика цицовците И дали и првите две породувања ти беа царски? Спојлер Јана е, нов профил ми е ова да не се чудиш од кај знам за цицо
Линеа негра имав во претходната бременост. Ми стоеше долго се до оваа бременост после скоро две години, ептен бледа, ама постепено ја снема или пак јас не ја гледам. За Брекстон Хикс не е рано, не знам само дали тоа околу желудникот се они. Мене цел стомак ми се грчи/стврднува кога ги имам и не ми се болни, само чудни.
Zdravo Ovoj pat vi pisuvam da ja raskazam mojata prikazna... Imam bliznacki koi gi dobiv po ivf pat vo new born kade sto zaedno se borevme celi 3 godini. Bebinjata imaat samo 9meseci... Pred nekoj den mi docnese ciklusot, napraviv test i opppp 2 linii, linii crveni, zar, linii na ljubovta, linii na nesto cisto i nezno. Zeni,majki, kralici veruvajte cuda se slucuvaat! Vi posakuvam ubav den
Секогаш кога ќе прочитам вакво нешто, се ежам. И пак ќе кажам, ова е најголем доказ дека Господ е голем. Тебе ти посакувам лесна бременост и живо, здраво и слатко бебче
Фала Јана Стварно летнаа месеците многу брзо. Мм туку ме зафркава, се нешто се жалам дека ми се гади и повраќа и на секое прашува, абе да не си трудна имаш проверено? Пошо ја не се свестувам дека сум за 3 дена 9ти месрц, бајаги големка и се е многу потешко Цицовци сите се/ќе биде и трето дунде со царски рез донесени на овој свет. Првата е скоро 5год, втората е 2 годинки и 2 месеца. Кад је бал нек је маскенбал Таман не сум навикната да спијам, за 2 год ќе се рефреширам како треба. * И стерилизација ми понуди др. и тоа ќе правам, оти вака ако тераме со маже.. охохо