И мојот има малце како темно бела, бледо жолта, без промена на мирис и без други симтоми, ми рекоа дека е нормален при крајот на бременоста, така да не го ставај толку на памет.
A gotovo sega mirna mi glava od taa strana ... Go mislev dosta vreme. Sega znam deka nekogas i takov sekret e ok.... Ama za da bidam uste pomirna ke napravam i urinokultura.
Фала ти Крварењето се смири океј сум засега рекоа ако е ок вака се ке ме пушти во петок дома ама следен четврток ке ме породи,толку тоа е,нема бегање чим почна крварење вака. Тогаш ке сум 35 + некој ден,што не е воопшто страшно плус со зреење. Тоа си викам сега ако е се добро бар дома да полежам деновиве до пораѓај.
Има логика тоа со активноста на бебето и како се осеќаме. Моево вчера беше преактивно, цееел ден имав стврднувања и прв пат во цела бременост осетив доле ниско во стомакот болкички, дефинитивно од што мрдаше ми се тегнеа некои лигаменти. Плус прв пат спиев толку лошо, како прасе на ражен се вртев, ми требаше минута време дур да се свртам од една на друга страна. Почнува да ми тежи стомакот и да не можам долго да сум физички активна. Уште малку ни остана ајде, ќе се вратиме во нормала за брзо.
Се пресмеав со коментарот со прасето оти иста сум хахах морам да станам за да се свртам, лууудииилоо. Како земјотрес да има се тресе цел кревет, сите се иселиа од спална. Ете мене стврднувањата ми се највеќе кога работам низ дома, клекни стани и со малава, облечи-слечи и тогаш почнува да се стврднува и да имам јаки удари од бебе. Дали некоја од вас има дома организатори на алишта за во комода? Дали се стварно практични или? Комодата за бебе треба да ја купиме и размислував за организатори, така да ги диплам алиштата ама морам искуство да слушнам. @АнаМаријаД со лесно мајка, само позитива и за брзо ќе го мирисниш најубавиот мирис на светот
Јас имам организери, обични, пластични повеќе како сепаратори шо сам си ги сечиш и правиш како шо ти одговара. Од џамбо ги имам земено по 150-200 ден. Мене ми се многу практични, бидејќи облеката му ја чувавме во фиокар со огромни 3 фиоки, вака сите алишта средени. Сега детска соба ќе му правиме и пак мислам во фиоките во плакарот да му ставам организатори, поубави некои.
Еве ме и мене кризирам на моменти,едвај дочекав убаво да ја осеќам....и од вчера попладнето по слабо и одма 300 филмови ....факт е дека не може да се активни по цели денови,ама кој да ни докаже .Само да се добро .Инаку 29та нед.сум.
@АнаМаријаД Со лесно мами,уште малку ќе се гушкате со бебуш,и се ќе биде добро не се грижи Помош ми треба мешиња.Што можам за кашлица? Дали Алпенкрафтот помага? И дали ако го има некој ќе сака да ми сликне содржина?
Ќе сакаш да ми пишеш рецепт/постапка? Ми е страв од Алпенкрафтот прочитав сега дека има цвет од липа а јас сум алергична на липи
@АнаМаријаД со лесно да поминеш и да не се секираш те чекаме со најубави вести наредна недела @Bubish26 купив организери за фиокарот и стварно ми помогнаа поубаво да го искористам просторот, особено за некои поситни работи како чорапчиња, чешлиња, сет за нокти, држачи за цуцли, козметика, пелени, влошки за гради... облеката засега не ми е поделена во организери, ама ако видам потреба ќе докупам. Моиве се одвоени организери и си ги редам како тетрис каде ми требаат. Мислев прво големи споени да земам ама ќе се зафркнев.
Три шољи поголеми вода околу 900 грама вода една главица кромид поголема или две помали, ако е тој ситниот кромид ќе ставиш 3 или 4 главици. Кромидот ќе ја извадиш само горната лушпа, долните лушпи остави ги измиј убаво и така да се вари, цели главици ќе ги ставаш не ги сечи. Една рака ореви јатките стави ги све заедно уште додека не е зовриена водата и све да изврие заеедно треба. Изладен ќе го пиеш, млак немој врел. Малку е гадничок ама помага❤