@АнаМаријаД smireno mila, uste malku ostana. Sto se ne pomina i ova ke pomine. Pa posle guskanje na veliko ke bide
Фала ви девојки, се надевам и јас на следна недела зошто ова среќа наша па се смири и крварење и контракции и се. Нека остане вака и следен четврток спремна сум да го запознаам човечево што му се брза толку
@IRBBB фала ви женски, епа јас одбрав една комода која не е баш она класична бебешка и затоа сакав искуства, дали така ако ги диплам ќе имам повеќе прегледност супер ќе си нарачам
Многу се практични особено за бодиња, чорапчиња абе за се буквално. Јас немам фиокар туку полици во плакарот и овие ми се спас. Средено, наместено и прегледно. Ако имаш можност од Икеа се предобри, а има и Јуск. @АнаМаријаД со лесно да поминеш, те чекаме со убави новости Мене како преку ноќ да ми порасна стомакот (петок 34 недела) многу брзо се изморувам и ако се разработам по дома после не можам да станам. Се ме боли, тоа станувањето ноќе за во тоалет како мечка дур се исправам Утре пак цтг и да ми ги види резултатите од крв и брисеви. Гледам железото уште е паднато ама во граница, а хемоглобинот се качил. Брисевите исто ми личат нормални што е супер. Туку дали ви се случува (кај мене особено навечер) да се појави црвенило на лице? Наеднаш кога ќе ми се вцрви образ жар, а притисок нормален во тој момент.
Вакви се скоро исти. Не ги земав од тука, инаку слични гледав на оваа страна https://www.melodija.mk/organizeri Имаше и во џамбо доста избор последно кога гледав.
Да во Икеа планирам да купам. Иначе мене некогаш како црвени кругови ми се праат на лице и си поминуваат после некок саат. Туку, ми пораснали влакненца некој чудни јаки на стомак, без корен. Само што ќе ги пипнам, паѓаат
Дали мора да се пие магнезиум? Го почнав на почетокот,го откачив кога почнаа мачнините. Сега на контрола и кажувам на матичната дека имам затегнувања на стомак,ми рече лажни контракции се,обавезно магнезиум да пијам. И тоа по 2 на ден. А јас не можам да го смислам. Други тегоби немам. @АнаМаријаД со лесно мами
Не знам да ти одговорам дали мора ама ќе ти кажам дека и мене така ми препорачуваа а ќесичките магнезиум (било која форма и цитрат и оксид) ми предизвикуваа течна столица. Земав магнезиум бисглицинат(го има во еурофарм) и комбинирам две таблетки од тој и една ќесичка мг оксид. Од кога ги почнав овие мислам дека почнав да го чувствувам дејството на магнезиум и вистина многу ме опушта. Само што се скапички
Добро утро мешиња како сте? Јас ке си пукнам од нервоза толку поспано дете како моето незнам дали има, на цтг 116-119 аман со ништо не се буде. Кога не сум на цтг лудува, ставија се крие, многу ме плаше веќе трет ден е вака, страв ми е од пораѓај, нека ја вадат одма. Има ли некој вакво искуство?
Немам искуство но имам читано дека е нормално последните денови да е така. Со лесно мами ке издржите уште малку, не се плаши
Искуство немам ама прашај си доктор ако може со провокација да те породат, секако си над термин. До душа сигурно ти го гледа доктор Цтг-то, така да ако има нешто алармантно ќе ти каже.
Па пиј во врста на апче, така нема да ти смета. @***Bony*** нормално е пред пораѓај да се стиши, затишје пред бура. Најчесто кога нема многу активност бебето, тогаш следи пораѓајот. Ајде не ти бега пораѓај било како само со лесно.
фала ти . и твоите момци нека се здрави живи! Ептен сте пресни вие, ајде со среќа и со лесно уште еднаш, пиши како ќе поминеш на преглед јас сум денес 26+2 27 терам , уште малку влегувам во седми трето тромесечие ама почна заби трето тромесечие да покажува. прво тромесечие лошење, гадење помина некако. второто живнав малку , таман си реков добро е .па веќе почнав со киселини. ноќеска едвај спиев. се утепав од ждригање лошење и киселини - 3во1 ајде уште малку да речам остана до запознавање на втората љубов мојаа па ќе се истрпи се @АнаМаријаД со лесно и храбро мама! те гушкам!
Jaс око не склопив ноќеска, толку многу мрдаше мислев готово е да излезе, беше смирен некое време сабајле па сум затворила очи како на саат ипол и после пак револуција. Си пишувам со другарка што е една недела покасно од мене и ми вика јас многу ретко го осеќам и се прашувам како е тоа. Стварно ме знам дали е нормално, на секое одење ме убедуваат дека е ама мене некогаш ми е многу стресно мрдањево вака. Сега сум пак на скен, ќе видиме што е бесен толку, жива ненаспана сум, па кога ќе ми речат спиј сега после нема спиење, искрено полесно и посмирено ќе спијам со будење на два часа кога ќе го гледам надвор отколку сега, без обврска ама под константни прашалници. Ај добро утро.