Потполно те разбирам. Јас сум 38+3 бебе го мерат доста големко, а е многу активно. Ме удира и притиска доле и толку многу ме боли што не можам да бидам во седечка положба ни 2 мин, не можам да стојам ме фаќа кичмата од тежина и притисок, само лежам и си барам положба. Само кога одам на ЦТГ е мирно, дури нереално. Искрено 9ти месец за мене е претежок, почнувам психички да се грчам... А прашалници МИЛИОН и стрес на максимум.
@1209 бројче те тренира уште од сега и кај мене кога ќе легнам да спијам е поактивно . баш и матичната ми рече навечер се опушта телото и тогаш повеќе се активни
I moevo navecer e bas aktivno, i preku denot tocno ima koj period mrda a koj period verovatno spie... Edna dve veceri bese miren pa go barav, se uplasiv. Maz mi vika prvo se zalis zosto tolku te mava sega go baras... Moreee neka mava poubavo mi e
И кај мене навечер е најактивна, особено кога лежам на страна мислам ќе тргне да излезе како ровари по стомак. Ама сепак не е толку екстремно како што ве читам тука некои. Едно време се прашував и јас дали е во ред, после се помирив дека секое бебе си е различно, башка има врска и поставеноста на постелката и позицијата во матката па некои удари се амортизираат и некој не ги осеќа толку. Моево на пример никогаш го нема направено тоа салто што го читам тука, така нагло да се преместува. Од сам старт си е надоле со главата и не сака да чуе да се премести, фала богу само мрда од лево на десно, сега последно се наместила со грбот накај мојот стомак и спремна е да турка надоле Само мислам дека не и се брза, бев пред некој ден на цтг и преглед со рака, грлото е уште високо и цврсто затворено, нема абер дека ќе излегува пред термин. Денес полна 37, генерално се осеќам супер, навечер ми стежнува ама тоа е тоа. Сепак не очекувам девети месец да е многу удобен
Мене ми е прва бременост веќе 19 недела а уште ништо не почувствував освен што ме чеша стомакот и малку кај јајниците тапи болки. Докторот вели дека е нормална таа тапа болка.
И моево е цело време во иста позиција, ама си мрда во таа, си мава, заврши скенот, ќе ме чекаат до 40та ако не се породам ми закажаа провокации на денот на терминот поради бубрегот, пошто и уретата почнала малце да отекува, плус стомачето што е веќе на горна граница со мерките, прашав дали е безбедно да чекаме и до 40та, рекоа дека да, па се надевам дека ќе нема проблем. Јас ќе правам што треба да бидне побрзо природно ама ако запнал да оди до 40, нема јас како сакам.
И јас исто вака како тебе. Кога лежам или седам е најактивен, ама далеку од тоа дека ќе излезе низ стомак. Секоја бременост и бебе се различни, нема правилно и погрешно. Јас од утре полни 37, возбудата расте секој ден. Преглед со рака сум немала, задолжително е тоа или како? На последниот преглед во понеделникот докторката рече уште има вода и е горе, ќе тераш барем уште 10ина дена. На 29ти сум пак на преглед, ќе видиме тогаш како е ситуација. Јас мислам дека ќе ме фати Април, ама ќе видиме.
Охо при крај си те клоцка сега, многу си попраена? За киселините пробај пијав јас неколку зрна жив ориз и ми поминуваше.
Па искрено не знам колку е задолжителен, си зависи од докторот најверојатно како му е пракса. Секој што ќе се пораѓа природно кога тогаш ќе го искуси е сега кај некои го прават непосредно пред пораѓај или апла во последни недели. И кај мене се друго е во ред, постелка, плодова вода, цтг-то покажа нормални параметри како за 36 недела, ама сепак докторот реши да ми направи комплет преглед. Ми најави и за нареден пат дека пак ќе има, така што изгледа до крај така ќе терам. Инаку и мене ми мириса на април, само си викам да не фатам велигденско дежурство со двајца без тројца, што реално е голема веројатност. Ама ај, како треба нека биде, џабе си планирам јас кога little missy ќе одлучи
Уф јас не мислам дека до Велигден ќе терам, се надевам де. Тогаш 40+ ќе сме, ама и тоа што викаш, кој не прашува нас. Нека си дојдат кога ќе бидат спремни.
Мене ме проверуваше со рака некаде од 37ма еднаш неделно затоа што имав крупен плод, да не случајно излегува порано. Тогаш им е битно грлото да е цврсто. Потоа во 39та два пати неделно до крај. Ама зависи и од праксата на докторот, знаеш дека кај нас нема ништо исто кој како сака си тера. Се шири матката. Од 20та недела натаму бебето расте нагло и матката се шири. Кај мене до 20та немаше стомак потоа скокна нагло. Не е ништо алармантно. Земај си магнезиум. Плус може и движењата на бебе да се тоа.
нормално е . се шири матката .пиј магнезиум. а инаку јас ќерками прв пат ја почуствував 19+3 а второво од кај 14 нешто чуствував ама не бев сигурна. од кај 16-17 веќе бев сигурна дека е бебуш. Со лесно
Да се пријавам денес. Крварењето прекина уште вчера само сабајле кафеав исцедок имав ама прашав нормално било. Примам уште инфузија со Атосибан 48часа мора да истече тоа за да немам контракции било. Примив уште едно зреење денес. Дојде педијатар да ми објасни во случај бебето да треба во инкубатор да биде па што како да очекувам,дека не е страшно веќе следна недела ке сум 35полна а и плус со зреење примено можда немало ни да треба ама за секој случај ми објасни човекот. И сега најверојатно следен четврток ке биде царскиот,искрено едвај чекам веќе
тоа лупање дур се движам го осеќам оддамна малиот е карлично свртен може за тоа има разлика а пред некој ден бев исто цела саде за спиење спремна и движењето ми е крш како баба после операција
Леле колку се разликува прва бременост од втора нели? Барем кај мене така, оваа сум цела раштрафена.. @1209 јас мислам дека треба сите да се помирите дека најчесто прво се тера до 40та полна, колку и да е тешко, најчесто се оди после термин. Кај многу второротки е истиот случај така да.. мене ти имам пошано ништп не ми помогна со провокациите ама не мора да значи дека кај тебе нема да успее. Се додека е со бебе се во ред и не речат итно царски или провокација, терајте без мисли до 40та, реалноста е таа. Јас сум помирена дека и со ова ќе тера до 40та, би се изненадила искрено ако тргне природно порано. Така и ми е полесно да мислам иако еве 33та недела ехее уште колку имам, едвај нокти си исеков вчера без пауза ама тоа е.
клоцка да ова појако ме мава од ќерками. ќерками како маченце беше во меше. инаку 10 ка чиста имам качено до сега се надевам нема веќе да качувам. доста е .
Да знам дека најчесто одат и преку 40 со прво дете, сите околу мене де породија 40+, не ми смета мене да одам до 40та, ама реално не сакам со провокации зошто знам дека можат да бидат доста мачни, па ќе пробам што е до мене да испровоцирам пораѓај ако не бидне ми закажаа за 12 Април, ми го објаснија процесот денес, направивме план за пораѓај и тоа е тоа, ќе чекаме. Останува само да се молам и со провокација да се роди лесно и да имам позитивни мисли до тогаш и тоа е тоа.
Јас денес бев на преглед. 32+1. Бебе тежи 2кг одприлика. Карлично свртено, тоа малку ме загрижува, кој знае дали ќе се сврти за природно… Не знам како да си помогнам за да го олеснам тој процес ама тоа е, како ќе биде така… Плодова вода рече океј е, со оглед на мојот гестациски на граница. И реков да го мериме грлото, на 30та недела беше 3,3cm рече нема потреба, свртен е карлично не прави проблем, рече прво ај цтг ама се предомисли, ваљда рано е, од кога се се почнува со цтг? Го одеќам многу ика, во денот дури неколку пати знае да почне… Јас навечер слабо спијам, се помалку сон ме фаќа, сите велат спии сега ќе ти треба сон, ама џабе, станувам за мокрење и после дежурам…