Мене на 4030 трансфизиолог ми ги прекина ама многу се битни и другите параметри на хемостаза. Најубаво консултација со специјалист гинеколог или трансфузиолог. Јас не би слушала матична за ова
Членката напиша дека докторката сакала да ја породи, а не дека и понудила таква опција, чим сака, значи мора да има причина, ради сакање туку така од страна на доктор никој не се породил, а да добиеш понуда или сам да побараш и да се согласи доктор имам слушнато,за царски знам дека договараат многу, со врски или приватно ама според мене не е најок. Еј, се е во ред со вас двајца ама јас сакам да те породам со провокации сега.. ван сваке памети.
Мешиња Се роди мојата лепотица на 15.03 Здрави, живи и најсреќни Ви посакувам на сите да ја доживеете оваа неизмерна среќа, вредеа не 9 туку и 19 години да чекаш за ова господово чудо.
Јас бев 40+4 одлучивме да почнеме со провакции бидејќи не бев ич отворена. Почнавме во 16 часот со фолин катетар така мислам се викаше , гарантираа дека ќе се отворам најмалце 5цм јас одвај 2. Продолживме со провокации до 20:30 ништо ефект. Тогаш ми пукнаа и водењак до 1 часот пак со провкации пак ништо болки имав ама не некои страшни се трпеа стигнав до 4цм. Ми ги прекинаа ноќта да се одморам од сабајле пак да почнеме. Сабајле од 7 пак истото провокации, веќе бев толку изнемоштена што не ни знаев како ќе раѓам без сила. До 14 часот чекавме ама џабе на крај завршив царски од 4цм не се отворив повеќе. Ама немора да значи дека сите нема да се отворат, кај некои се оде многу лесно и брзо. Кај сите различно.
Има има. За да си земат мито и тоа го има. Докторот знаел дека оди на одмор и може ке ја породи друг доктор. Женава 38+6, за две недели, колку што е на одмор докторот, може да почне природно да раѓа без него. Кажал ајде провокации да те задржиме. И согласност потпишувала дека на своја рака си оди од болница. За неколку дена родила без провокации без ништо. Членка без матка остана, ти за провокации мислиш дека нема шанси...
Во право си, какви се не приказни слушаме, во право си дека секакви случки има и не треба чудење.. како и да е, иако е во стварно безбедна зона членкава, мислам дека треба да си почека спонтано и отворено да си праша зошто сака да ја породат со провокации кога може недела-2 да се почека.
Блиска моја во приватна болница со двете деца ја породија со провокација со 38 полни недели, бидејќи договорениот доктор беше дежурен, за да не оди на повик. Кај нас сѐ има, за жал.
Здраво на сите...потребна ми е консултација/совет... 28 јануари ми беше последен циклус, требаше да добијам најкасно до 24 февруари и не добив. Правев тест наредниот ден и испадна позитивен со бледа розева линија. Закажав преглед за 10 дена односно на 8ми март.... Гинекологот ми потврди бременост (рана) немаше уште срцева реакција, не ми кажа точно која недела сум но претпоставувам си рачунаше точно од денот кога сум имала последен циклус. Ми кажа да дојдам за две недели да чуеме срце. Точно после две недели отидов на преглед и сеуште немаше срцева реакција. А плодот беше напреднат односно 6.4мм. А пред 2 недели кога ми правеше беше некаде 3.нешто. Мах 4мм. Ми вика нема срцева акција тоа е тоа. Одбери кај сакаш Чаир или државна да те пратам кај специјалист и да те чистат. Сега си вика 8ма недела до сега требаше да има, нешто не е во ред, кај и да е ќе добиеш јаки болки крварење ако не си средиш со време. Јас се запрепастив. Дијагноза напишал миссед абортус. Што врска нема зошто кај мене не престана плодот да се развива ниту па имаше срцева реакција па престанала. Кога отидов во Чаир кај специјалист на консултација им објаснав што се случи и тие беа така изненадени од дијагнозата. Да напоменам немам болки, крварење ништо. Се ми се одвива како нормална бременост. Осетливи гради, гадење, замор и толку. Тие рекоа да почекаме до понеделник нема потреба да брзаме со интервенција зошто не мора да значи дека ти си останала одма од последниот циклус бремена и дека си 8ма недела. Може средина на февруари се случило. Вака гледаме дека плодот напреднал од првиот преглед до сега. Доколку понеделник нема срцева реакција тогаш ќе мора да си одбереш сама на кој начин сакаш да се чистиш. Дали киретажа или со апчиња. Сега сум тотално под стрес. Како да постапам доколку во понеделник пак не се појави срцева акција а јас не крварам и немам болки? Дали да чекам или треба нешто дополнително да испитам? И на крај иако испадне најлошата вест која варијанта да ја одберам за чистење? Прва бременост ми е. Ако може и добар гинеколог матичен да препорачате за во иднина бидејќи кај тој што бев нејќам очи да му видам веќе. Доколку прашањето не е соодветно за тука ве молам преместете го кај што треба, јас според неделите проценив дека тука треба. Убав ден на сите <3
Во ваков случај, иста недела, јас проверував дали бетата е уште висока. Така ме насочи матичниот, не знам дали е правилно. И чекав една недела. За жал во мојот случај не испадна добро, но тоа не значи ништо. Ете си била и во Чаир, ти кажале што е најдобро да се прави. Во моментов не мисли на најлошата варијанта. Многу е можно да била покасна овулација, почекај и пуштам бескрајна среќа да испадне се' во ред.
Pocekaj kako sto ti kazale. Ima mnogu prikazni vakvi kako tvojata sto imale pozitiven ishod. Da se nadevame deka i kaj tebe ke bide taka.