Не си единствена ја делиме истата мака за спиењето, болки во колкови, нозе, раце буквално сѐ ме боли, мислам се распаѓам сон не ме фаќа.. Кога сме кај терминот бебка ми ја водат 2 недели понапред ист случај како твојот, и од почетокот ми викаа 22.06 термин минатиот пат на контрола докторот вика 10.06 краен термин Ке видиме следна недела систина што ке каже докторката ама веќе смачено ми е од контроливе, само нешто менуваат, преправаат
Корегирајте ги термините кај матичните за да не ве водат како мене, секој различно ме запишал кој по мерки кој менс. кој по скринииг, најдобро е по прв преглед кај матичен заедно со прв скрининг. Кога дојдов мислеа дека сум мн над термин па одма примав две провокации кога сватија дека е рано ме паузираа три дена и сите рекоа оваа се средува кај матичен за да нена недоразбирање
Јас вчера бев на преглед, 10 полни недели сум и докторот ми рече дека како што одговараат мерките во 10та недела, најдобро е така да се води плодот.
Ќе видам и јас на следен преглед што ќе речат.Јас си рачунам по менструација.Да влезам 9ти па кога сака нека излага бебушка,само да сме живи здрави. @Thinkerbell. Честитки мами да сте живи и здрави
Нека ми е среќен роденденот женички. уште еден роденден со бебуш во меше истерав и што да кажам пресреќна сум и благодарна за се ! Имам еден поклон највреден до мене и еден во меше па поубаво има ли? нема ! бесценети поклони Имајте убав ден трудници убави! ви испраќам позитивна енергија! Животот е убав!
Јас како што го почнав 6ти месец,така почнав да забележувам отоци на глуждовите. Понекогаш чуствувам и притисок нагоре на листот,до колена позади. И кажав на матичната ,ме праша за притисокот, до скоро ми беше 90-60/50 сега оди и до 110/120 високиот, значи немам мака со притисок. Ми наброја да не внесувам сол,да не јадам сирење,кашкавал,јатки само непечени без сол итн. Но мене не ми прави мака отокот,чисто го спомнав од претпазливост. Вчера забележав и прстенот дека ми станува тесен,знак дека и дланките ми отекуваат,па си го извадив со време. Во претходната бременост цело лето го прележав и отеков во нозе,раце и лице(како бумбар сум на сликите). Отокот ми спадна дури по 10тина дена од пораѓај. А бев многу амбициозна да натегнам едни балетанки за накај дома од болница. Едвај одев,што од неудобност,што од болки Честитки мајка, да е здраво и живо бебето. Во која недела се породи? Те читав дека беше на мирување Среќен роденден, следниот повторно со бебе во меше
Девојки, имам големи болки во грб. Дали сте иделе на масажа, со лежење не би можела, со седење. Некоја да сподели искуство? 20 недела сум.
Јас денес на дежурен бев од болка и страв. Желудникот осетлив ми е уште од порано вчера пола кутлача грав ке умрев мислам ноќеска. Се изнаповраќав, тоа болки желудник, цела десна страна ме болеше. 3 пати се туширав од топлото убаво ми идеше. Се помирив дека имам напад на жолчка ноќеска од 300 глупости што се изначитав по интернетов, а дм опериран вика не ти е жолчката не прави стрес дополнителен Кај 4 сум заспала станав сабајле доле десно боли не можев да одам, докторкава што ме води не беше на работа ми рече одма на дежурен нека те види. Отидовме бебушко клоца мава не застанува, вика ете зошто те боли ми се смири душава мислам, секоја болка ми помина во тој момент мешето му го мери овој др поголемо за некој ден ама рече не е ништо сериозно, се останато беше таман. Ми даде магнезиум и да одмарам, се надевам ке помине
Девојки дали некоја има искуство со полип на грло на матка во бременост?Колку е опасно и дали сте ја истерале бременоста до крај? Значи на моите проблеми и нема крај.Од толку уредна бременост, сега во 32 недела ми се појави минимално крварење (само на бришење), доволно за да ме извади од памет.Во Ремедика ми дадоа утрогестан и ми рекоа повеќе мирување и доколку се појави пак крварење, може да се случи предвремено породување.А со мирувањето тешко ми оди, со оглед дека дома сум со 21 месечно дете што цело време е со вируси од градинка.Се извинувам на долгиот текст.
Јес, еве ме. Мене ми се случи крварење и кога бев на лекар ми кажаа полип на цервикс околу 1 цм, настанат во бременост поради хормонални промени. Ми забранија односи до крај (не примав никаква терапија што не значи да не примаш чим така ти кажале), пратење на промени на исцедокот - прво паничев после при проверки кажаа од полипот е, конкретно жолта боја е кај мене. Еве ме до 39та недела (без еден ден) стигнав, бебе абер нема за излегување, грлото е добро цело време. Јас прокрварев два пати, бев дури на три мислења. Во мојот град тоа беше индикација за царски ама во Чаир ми рекоа не е проблем воопшто. Не се секирај, прати си ситуација и барај да ти мерат грло на секој преглед. Најболното од сѐ е прегледот со спекулум таа справата за тортура од 19ти век, ама и тоа поминува. А за пораѓај како ќе биде и дали ќе имам некоја мака конкретно од тоа, ќе ти кажам се надевам во најскоро време.
Jas koga bev trudna so kjerka mi imav polip na cerviks. Se pojavi uste vo 10 nedela a vekje do 15 pocna mn da raste do kaj 3 cm kako rezultat na pritisokot od sirenjeto na matkata. Se ispaniciv mnogu posto citav sve i svasta no maticniot me smiri mi rece sega za sega ne e nisto strasno ako ima nesto kje ti kazam. Edinstveno preporaca da nemame odnosi do kraj da ne se iritira polipot i da krvari nikakva terapija ni nisto. Tuka vo Germanija imaat skros poinakov pristap kon se. Posto tuka sekoj pregled vklucuva i vaginalen pregled so raka i spekulum pazese samo da ne go potfati. Si ja isterav bremenosta normalno do kraj bez problem bez mnogu ogranicivanja. Se porodiv prirodno i pri samiot porogjaj si padna polipot. Slednata bremenost so sin mi nemav polip.
Уухх лелее зар може олку да скокне стомак преку ноќ? Од утре терам 34та недела, за застој не знам, за да успорам не знам. Денес бевме трнати до Икеа, као да видиме една комода, уз пат влегов во Примарк докупив за бебе ствари и готово, официјално е подмирено со алишта, останува уште постелнина, гнездо,релаксатор нов и душече за во корито за бањање јуупиии тоа све иде преку нет. Од шопингот моравме да влезиме во игротека иначе драма квин ќе пуштеше сирени, дојдов дома луѓе се распаѓааам скорооз, мавам магнезиум и жежок туш и ме нема. Утре е нов ден, ново лутање и мора сила. Вчера ми се јавија од болница, пошо со гестациски вондредно морам на ехо на 6ти, а на 7ми на интернист? За шо интернист не прашав, знае некој шо ќе ми прави тој? На 14ти последен преглед кај матична иии тоа е тоаа, чекаме бебее, чекаме лудило дома Ах даа, вчера си ја средив папката со сите анализи, закачив на влезна врата број од брза помош при пукање на водењак, официјално почнав со средување детално секоја вечер дури и фенирање оти не се знае нели хаха нема врска што на пораѓај ќе бидам како покиснато маче, со надеж сум дека ќе имам убава слика овој пат За две недели планирам да ми е спремна торбицата и да си чека во едно ќоше. Има ли некоја потечена вагина? Чудна? Глупо можит прашање ама читав као од притисок можно е, а и 300 други стравични дијагнози. Ај ваљда е заради притисокот врз неа, целата тежина..па и диареја имам
@Bubish26 баш за потечена вагина дојдов да прашам, исто се осеќам, како да имам зараснато влакно, таква некоја болка осеќам, ко ептен да ми се потечени усните. Ме боли при движење, не при лежење. Не знам дали е бебе, ама ептен боли.
@Bubish26 не знам дали се сеќавате ама јас неколку пати прашав за ова, мене ми е потечена на периоди од почеток на 32ра, не потекуваше секогаш ама кога отечеше беше многу непријатно, е сега веќе кога влегов во 9ти ми е потечена цело време, осеќам нелагодност и болка како бебето со главата да е таму, а нема врска. Јас имам вени попуштени и на неа, ми ги видоа на преглед, ми рекоа може од тоа така се осеќам, проверете се и вие @Lavender13. Што читам на нет вика нормално е зошто зголемен волумен на крв има таму па се осеќа, не знам конкретно што е ама многу е непријатно. Денес шетавме со маж ми и седнавме да јадеме, многу ме фати стрв за начос па јадев и шеќерот ми скокна, сеа имам грижа на совест, ама не верувам дека ќе наптети многу, во глобала го држам под контрола, имам отстапки ама не ми рекоа дека е проблем. Бебето си е тешкичко ама уште 3 недели не верувам дека ќе накачи многу. Нешто и помирен е денес, го осеќам ама не како предходните денови, ама сабајле то слушаа добар беше, вајда мрзлив ден.
@1209 се гледаат вените некако сама да проверам? Вака на допир не се чувствува ко потечена, ама така ја осеќам цело време.
Лепотички добровечер. Гледам за отоци зборите, јас сум како балон, 25 недела. Значи цела сум отечена бумбар, и спијам цело време, значи цело време сум комирана ова не е нормално. Како сте вие со спиењето?