јас од тука земав. само за цената не се сеќавам колку ги платив .околу 1500-2000 беа .јас двете ги порачав и ранецот и торбицата. супер се и доста се пространи.
Се случувало и кај мене и покрај Парацетамолот да не помине и да се разбудам и следен ден со главоболка. Многу фактори играат улога, промена на време, хормони итн. Мене исто ми помага лута маст. Мачкам на чело, слепоочници, врат, сегде кај што имам болка и подруго е.
Здраво мајки Вчера вечерта ептен бледа втора линија, утрово веќе убаво се гледаше Вие со втора бременост, пазите ли особено, ги кревате ли малите? Минатата недела имаше грип и буквално само во раце ми беше, брз мене спиеше итн... Сега ќе внимавам веќе барем кревањето во раце да го намалам, ама пак ќе има ситуации, ете да го ставам во седиште во кола, да го спуштам долу и многу слични ситуации каде е неизбежно. Верувам дека не е многу страшно ама пак би сакала да слушнам искуства. Од симптоми имав неколку дена болни гради, два дена имав болки во половината и сега како мала тежина осеќам долу, валјда дека се ближи денот кога "не" треба да добијам Пијам кафе и јадам благо, зашто знам дека за две три недели кога ќе почнат мачнините, ќе треба да заборавам на тоа хаха Или можеби пак ќе биде поинаку од првата бременост, ќе видиме И како за старт, затнат нос, болно грло и малаксаност, што префатив од малото Се надевам не е страшно дека е ептен на почеток
Со лесно, јас на почеток грипот со синко го прележав, уште незнаев дека сум бремена, пиев и алкохол малку после се си работев нормално, го кревав синко 22кг е, во 11та недела малку прокрватив и запрев се, не кревам од тогаш тешко и се пазам малку, колку што се можи со дете од 4г деф потешка бременост ми е оваа мене, оти ја немаш слободата кога сакаш да легниш и да одмориш.
Исто беше и кај мене. Не знаев дека сум трудна го кревав дека беше болен, па префатив од него. 14 недела сега за сега се ок со бебе иако моментално сум на инфузија зошо префатив од него стомачен вирус и баш лошо проаѓам..
Кога ќе бидеш во можност,стави реални слики од твоите да ги видиме За старт и јас бев болна во 5 недела,со херпес на уста. Вообичаено е во рана бременост. И јас сум со второ бремена и уште откако дознав за бременоста не го кревам големиов(3ипол год) . Некогаш го поткревам за на шоља или за во седиште но директно од доле во раце не, дури ни во кревет да го преместам. Со лесно Јас се спремам за сипаници Се појавија кај мали во група,па подобро сега да ги фати отколку со новороденче
@Sofi.ja одма убав материјал е . цврст. имаат шипки вметнато под патент ваљда да стојат цврсто право. јас на торбицата им ги извадив и ми се прошири повеќе простор собира делот мал што е за шишиња е со изолација. да го чува топло или ладно млекцето. јас на торбицата и го извадив за да ми се ослободи простор да ставам нешто друго пошто не планирам за шишиња да го користам тој дел од торбицата. само на ранецот го оставив хахах.
Убави се, фала ти. Гледав слични на фб со мики и мини,па планирав да си порачам. Ги има и на али,ама и таму доаѓаат околу 1000ка со се шипинг.
Јас ваков модел зедов од Тополино. Убава ми беше оваа кожената, ама страв ми беше летоска да не ме поти, па зедов друга боја и платнена.
И кај мене оваа бременост е мнооогу по тешка, со првата немав мачнини и повраќање, спиеш нели кога сакаш, одмараш, а сега немам застој. Иначе јас баш дента кога дознав дека суѓ бремена ја носев 1км можит на раце, после 3 дена бевме на летен одмор, таму ја кревав, маж лудеше од мене ама после ја научив дека не смее, имаше плачки прво ама свати дека имам бебе и почна сама да ме пази. Прокрварев 2 пати ама не беше од лревање, не ми беше пбјаснато точно зошто прокрварев и затоа не бев под терапија нити ми беше забрането нешто. Јас функционирам најнормално, обврските си ги терам како и до пред бременост. Е сега, на почеток припазувај додека не се вгнезди убаво плодчето. А потоа ако имаш уредна бременост, тогаш терај си како и до сега, само без многу кревање.
@Heleny честитки, и имај лесна бременост. Јас од кога сум бремена за второ не ја кревам ќерка ми, не ми е забрането, но 17кг ми е тешко да ја носам. Може за памперс да ја легнам на кревет или за во кола да ја седнам и толку. 2 ипол годинки е, на почеток подаваше раце, но и зборевме доста и сега скроз се оддучи, ниту кај маж ми не бара зошто ја научивме дека ќе има друго бебе, а она веќе е дада/мома и затоа момите не ги носат во раце. Сега се е со нас пешки. Живееме во зграда без лифт на 4ти спрат и секој ден нагоре надолу, за раче се водиме. Незнам колкаво ти е второто, но пробај со игра или нешто дај да носе. Помага и секој ден и даваме дали кукла да носи, дали нешто храна и така има и таа активност, па не бара.
Срцето го слушнав по ехо 7 недели, по однос не цели 6 недели. Секој ден низок притисок зближан, поспаност главоболки и често мокрење некогаш и тежина мала болка долу. Освен тоа други маки немам како бремена за 3 то.
Леле девојки , дали има некоја која интензивно осеќа болки од ширење на матка .. Не се страшни дека брзо поминуваат ,меѓутоа на моменти се плашам.Пијам магнезиум директ насабајле и навечер. Докторката ми вели епа нормално е , кај некои трудници се поизразени . Инаку сум 14+4 .
бебуш денеска ептен мрзелив. ќе клоцне ама ептен како без сила скоро неусетно. се надевам се е во ред, ви се случува ли и вас така некогаш? вчера колку беше силно , де осеќаа убаво ударите, денеска нигде го нема. дали изморено е
Пробај со топла инхалација со тревки на пример. Јас сум од понеделникот со буквално секој ден различен симптом и болка, вчера завршив на инфузија и тоа се консултирав на приватно оти матичниот гинеколог а и општата матична ме лечеа буквално со ништо, јас знам дека не смее ништо во бременост ама состојбата ми беше многу лоша, па гинекологот во инфузијата ми стави и мала доза антибиотик. Денес сум ппдобра фала богу. Инаку исто и јас како @KuklickaSk си го добив вирусот од керката.
ете прва бременост искрено немав до крај никакви болки, при крај почна да ѓе боли притисокот при одење оти веќе тежеше ама оваа бременост ми се дели цело тело од 11-12 недела, пошо ете иако втора бременост кога ми почнаа и мене болките прашав и направив споредба, само се насмеа и ми рече дека не секоја бременост е иста како ни секој пораѓај и дека нормално е тоа. Со оваа бременост почувствивав што се мачнини, што е болка во карлица, што е болка во стомак, што е движење како пингвин.. рачунај дека се е нормално чим е издржливо и без крв. Пиј магнезиум и тоа е то, до крај ќе ги имаш и тоа поинтензивни.