Mila cela bremenost toj problem go tegnam. I samo poloso stanuva. Kako vlegov vo 5 ti mesec 24/7 mi se prisutni. Rupurut pijam po tri na den kolku so mi dozvolija a da mozam na sekoj dva saata ke pijam, ama ne e dozvoleno Ako ne si probala ziv oriz zrno kasni mozebi tebe ke ti pomaga. Semka od maslinka da ispies. Gledam drugo si isprobala.
Еве сум 38 недела точно, стрептокока најдоа...и што сега? Антибиотици пред пораѓај? Инаку, еден доктор денес го измери бебето 2.900 а друг 3.400 Во пола саат размак. Ќе си чекаме термин во април. Му рекоа дека 1 недела над термин толерираат, а после лежење во болница и провокации.
И мене ми се има случено во ист ден двајца различни доктори на две различни еха да ми го измерат бебето со 500гр разлика. Така да, не се ослонувај многу на мерките, ептен се индивидуални и зависат од докторот. Ретко на крај да се роди бебе по мерки од ехо.
Дали некоја пие флебодија? Што ви рекоја до која недела да се пијат? Во извештајот од трансфузиологија не пишува а заборавив што ми рече др Јани
Венски ставаат антибиотик пред да те породат мислам. Мерките на ехо многу викаат дека знаат да се утнат. Над 2900 веќе е супер за неделата во која што си.
И јас моментално имам болно грло, ама ништо освен чај и лимон немам земено. Ај те молам ако најдеш чаре, пиши ми
И јас бев вчера на неочекувана контрола, прокрварив малку. Па само шо почна прегледот докторот ми вика ааа ова ептен мрзливо, леле ко почна да се турка со нозете и да се пушта како на лизгајнца Јас сум 11+5 мало е уште ама сепак. Која недела си ти?
Истото цела бременос од почеток до крај изгледа ќе бидат со мене.. ама како со поминува време не да се губат туку се баш појаки и веле неможам да ги издржувам и само повраќам ми се смачи веќе.. кај едвај три дена бев со главоболка глава не можев да дигнам.. од денес ме боли десен синус, ме немаше фатено можеби 15г како мала мака мачев и сега кај најде незнам.. Све ќе пробам фала ви девојки
@Isibaby Гргара со цеден лимон и сода, неограничено во текот на денот. Лимон сечен на тркалца и со сол се јади цел, секако убаво измиен. Јас минатат недела бев со болно грло, ги применував овие работи. Плус зедов и пантенол за шмукање од аптека.
Ништо страшно ако раѓаш природно ќе примаш антибиотик, а и не мора нив му е битно бебе да не се задржи многу во канал за да пренесеш стрептокока на него (претежно на очината се пренесува) Али и тоа не е страшно веднаш го третирате во болница со антибиотик мислам.. Јас првата бременос ја имав бактеријата Али не рагав природно па и ништо не примав.. Во еден ден мене за 1.200 ми го урна И од тогаш воопшто не верувам на мерки.. Бев на преглед 38н Др каде што пораѓав во Систина ми го измери 4.200гр Истиот ден морав да правам и ЦТГ на 2ч и бев во Плодност таму ми го измери баш колку што се роди 3.600гр Воопшто не верувам на меркиве, оваа ми го измери 2.300гр во 30н што не верувам дека е така
Бев во аптека ми понудија спреј за грло кој можат да го користат и трудници 400 ден беше ама го зедов, зато што неиздржливо ме болеше цела вечер не спиев. Само два пати на ден може да се користи и поради то незнам колку ке ми бидит од помош, важно после првото прскање одма ми се намали болката. PRANARON SPRAY GORGE - пишува дека е 100 % на природна база био, и исто има знак а и е напоменато дека може да го користат трудници од 5+ месеци. Значи само доколку си над 5 месеци бремена, составот му е од природни растенија мајчина душица, пеперминт, лимон и слично. Доколку сакаш пробај земи го
Само што влегов во 4 месец, така да ништо од спрејот за мене, со помин да ти е тебе Ќе пробам @MartinaMM со гаргара, само кажи ми кои се тиа пантенол, прв пат слушам, дозволени се во бременост значи
28+6 сум јас. На контроли повеке се движеше дури неможеше докторот да го фати убаво за да измери. Што му стана сега незнам.
И на овие на упатството пишува во консултација со гинеколот, шо на некои други пишеше “не смее”. Прашав ми рекоја можи. Јас посекако и на инфузија завршив со Лендацин, ако убо го запамтив името на антибиотико.
Јас буквално за еден ден го оправив грлото со ова Во една тегла изрендан или исецкан на многу тенки парчиња ѓумбир, лажица мед, прополис некоја капка, малку бибер и сода бикарбона малку и сето тоа со топла, млака вода потопено во теглата. Стоеше така цел ден и потоа го исцедив и го испив (неколку пати во денот по малку) и грлото ми помина буквално за еден ден