Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. leilla

    leilla Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    146
    Извините што ви се вмешувам во муабетиве :lol:
    Далеку сум од бременост, ама редовно ви ја читам темава. Се уклучувам и прво тука да видам што има ново :wasntme:

    Значи, немате појма колку само ми сте најслатки и најинтересни женички на форумов. Сте ми украдиле насмевка милион пати :* :$
     
    На DzingrlakaDzikica му/ѝ се допаѓа ова.
  2. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Лепотициии па кај сте ? :wasntme:
    Машала што сте ми ранобудни :clap:
    Јас имав болки во долниот дел, како за добивање, неколку пати вечерва, ми се јаввуваа кога се вртев од едната на другата страна. Се мислам да не ми е од што спијам со отворен прозор и гола, ама па не бива поинаку :?:
    Како и да е, не ми се верува да е нешто страшно, додуша може и ова зверчето да расте па да се шири матката. Инаку од 5ч душа ми извади, што тепање ми даде, целата ме подместува. А сега еве, јас станав она ќе спие ]:) абе си покажува карактер женската :lol: ќе биде весело се така ми мириса 8)

    Леонтина, значи ние полека да се спремаме , деновиве сигурно ќе има частење :P
     
  3. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Еве ме и мене, уште една недела и ќе одиме да го видиме прцулот. Јеееее!!!!
    Значи уште една недела па ќе ме качат на вагата....трауми имам од таа вага. :(
     
  4. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Мене ниту еднаш не ме качија на вага јас дома сама си се мерев ,ама после 20-ката кога ја видов се скарав со вагата и сега кога ке се породам ке и се качам ;)

    Меу земи си Магнезиум повеке ако имаш болки,а за частењево да фрлам една тура од мене да го залажам ова малово да излезе , а после мекици од сите страни ке има одвај чекаат ова стариве спремни се како пушки.
     
  5. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Ххаха ВАГА :rofl: јас се убедувам со докторот дека нема потреба да се мерам, па од око му кажувам :rofl: Мрзам ваги од дно на душата :rofl:
    Леонтина пијам магнезиум 700мг дневно, но ете денес денот му било, сега веќе е добро, не боли ништо :)
     
  6. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Е јас неможам така, прво ми дава да го видам бебето ме орасположува, и после дискретно застанува до мене и нежно ме замолува да се качам на ѓаволската направа. И после сама си запишува :worried:
     
  7. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Добро утро стомачиња . Како сме сите денес, гледам по сабајле сите на куп. Браво машала, машала.

    Денес муабетот е вага аа :sweat: :sweat: Јас и пред да останам трудна бев поприлично скарана со вагата дома само ја потшутнував и од еден крај до друг , а и сега се измерив дома сама само еднаш чисто информативно да се испоизнервирам кога почнав за да знам колку ќе завршам си запишав во телефон и следно мерење ќе биде во јануари 2013 после пораѓање. А нека дојде некој да ме качи на вага има вагата да му ја исфрлам. Ова моиве доктори и матичниот и резервата некако со страхопоштовање ме гледаат и не ја спомнуваат вагата ама дискретно си коментираат да пазам на килажа, на мм му зборат благо не ова не .... ај мене нека ми се свртат да видаш што ќе ги снајде.

    Вчера на гости ми беше овој гинекологот што ми е резерва (на мм школскиот) па нешто коментира ко у стил да не сме претерувале ние трудните со јадење со лигавање како и женаму така кога била трудна па дошла до трицифри кога се пораѓала па после тешко враќала килажа и како и денес е сеуште пуна. АЛо бре а они не ли се виделе со тоа стомаците какви се па ние не коментираме , ние мора да пазиме на линија и до пензија а они може и на 30 да свиснат и никому ништо, е што се ...

    ЈАС БИТНО РЕШИВ НА ВАГА НЕ СЕ КАЧУВАМ ... :rock: :rock: :rock:

    Поздрав мамички и уживајте јадете си и смирено а ова другово не е важно :inlove: :*
     
  8. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Епа ајде добро утро и од мене. Колку повеќе спијам толку повеќе ми се спие, никако да се наспијам :lol: . Сабајлево немав некоја болка, се ми е најдобро. Немам ни апетит, но мора да се јаде нешто.
    Јас вчера се распрашав и ми кажаа дека во 12 недела треба да се оди да се провери дали имам некоја бактерија, а во 22 недела треба да се види дали бебето добро се развива.
    Епа трудници имајте убав ден исполнет со многу шетање.
     
  9. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    Добро утро мешињаааа, како стееее? Јас како што вчера станав во 8 часот денеск неможам да се свестам, габе не е речено кога немаш работа без проблем се будиш, а кога треба да станиш тешко е, е мене денес многу тешко ми беше ставањето, до сега се туширав да се свестам, инаку ке одам во 12 имам закажано да го видиме бебчето :inlove: и кога сме кај ВАГАТА и да ме мерат :D што сакат нека мерат нека прават, јас сакам само денес да ми кажат ако има шанси и ако се гледа на 17та недела какаво е бебето, да знам што да купувам розево или плаво :D. А за вагата се спремам одсабајле не јадам ни вода не пијам за да не бидам ни 1 кило потешка одколку што сум оти оваа мојата докторка е многу за никаде, се ми забрани да јадам ама кој а шиша :lol: сега кога ми се прејадува нешто неможе да се трпи, јас глава давам за сладолед таа вика нема благо за тебе, до 4ти месец сум ставила 2кг еее а кај бил 9ти.
    Јас одам да се спремам и ако имам новости после ке ви кажувам... :*

    п.с. ова видео е поздрав за леонтина, еве совет за тебе како да си помогниш
    http://www.youtube.com/watch?v=pb_AcnR5Tw8 :*
     
    На ivanovicka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Секако сонце во 17 недела дека може да се види ако ехото е добро и ако бебушот сака да го видиш , мене уште на скринингот ми кажаа дека 99% е момче ама јас некако сеуште чекам да видам на следниот преглед здравје боже крај на август кога ќе одам за со сигурност тогаш да ми се потврди. Што се однесува до килажата јас немав качено ништо ама со оглед на тоа што и баш не се мерам нешто многу може да имам некое кило ставено иако не се чувствувам така. Поздрав со лесно на гледање и те чекаме да пишеш како си поминала ... Поздрав
     
  11. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Абе женската од видеото стварно е бремена ????????????????????????
    :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
    Леле женски пред да останам бремена , па и првите месец време, градот на долго и широко пешки ги одев, за автобус не сакав да слушнам, од Аеродром до Тафталиџе пешки и мака сум немала. А сега едвај се движам ;( ми се плаче кога излегуваме со маж ми до продавница, полека полека демек, но не бива мачно ми е, кондиција немам воопшто. Се чудат околу мене како така . Е така кога поголем дел од бременоста си ја поминав во лежење.
    Мака ми е и да се наведнувам, гаќи кога облекувам цела се задишувам, аман веќе, колку само ми фали ова. Мене да ме најде човек на едно место повеќе од 1ч беше право чудо... душата ми плаче за движење, поголема еластичност. :?:
    По пораѓај дефинитивно си почнувам повторно со јога, зошто вака не ја бива , и нормално пешачење најмалку 2ч дневно, со се бебушка, па и нејзе ќе и треба свеж воздух, нема врска дека ќе не фати ладничко, се дома не се седи. Јас лично сум и против тие 40дена, така да нема да имаме проблем верувам.
    Единствено до тогаш ме плаши пораѓајот како ќе помине, зошто постојано слушам околу мене дека жените кои се движеле често во бременоста многу полесно раѓаат. А јас конечно собрав храброст за природен пораѓај , :!: но со епидурална :$
     
  12. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Добро утро и од мене мешковци...

    Меу за болките не се секирај се развива бебушот а тебе те стега и те боли, мене ми се случуваше некогаш кога седам и кога ке станам да одам до некаде буквално да не можам да мрднам од болки или кога одев некогаш ме фаќаа болки ама сега се е во ред..

    Живи здрави и најубави , да помине контролата на 15ти и послем го очекувам сонцево да ме изненади, се имам некое чуство дека кога ке влезам во 9ти ке се породам, ама здравје ке биде и тоа.

    Инаку јас таа ВАГА не ја познавам хаха, добро не се здебелив многу до сега само 5кг ама па јас сум си и онака дебелка бре сега личам баш на буренце.. затоа кога ке се олеснам има да слабееме :)
    Денес поима немам како ке го поминам денов, колку ми е досадно тоа е чудо, изгледа ке си се дружам со пц и со фемина.. :)
    Имајте убав ден :)
     
  13. Nice.girl

    Nice.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    Добро утро и од мене ,ајде да си пожалам малку и тука, приметив дека денеска ме боли бешиката и тоа многу и знам дека несмеам да пијам никакви лекарства, но ме интересира нешто друго како замена за лекови дали постои и дали некоја од вас имала искуство со тоа..
    Да се надоврзам на темата за денеска, инаку јас немам проблеми со вагата, до сега сум здебелена само 2 кг и умерено се хранам, само неможам на лубеница да одолеам, а останатото нормално како и пред тоа и до сега гинекологот не ме мерел никогаш, сама се мерам дома и се надевам дека нема да бидам како топка до 9 месец..Поздрав..
     
  14. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    За бешиката, ако ти помага можеш увин чај и чај од брусница. Јас увин пијам секој ден, само количината зависи од мрзата како ќе ми проработи, а ми кажаа по 1,5-2л дневно. Но, добро си јадам и лубеница па нема проблем.

    Уник јас ги загледав ова емисиите што се Комплетно нова, serii-i-emisii/kompletno-nova-sitel-3-t12595/ , алал да му е на тој што ги ставил, си најдов занимација. Не ја знаев емисијава па ми се најде сега :lol: Исто ги гледав и ајде дома онлајн емисиите... помагаат за досада ;) А болките престанаа, нема гајле, си испив магнезиум, екстра е сега :)
    Значи ситно броиш и ти?? Машко или женско??? Почна со купување алишта?
     
  15. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Јас не сум ги видела, да појадувам па ке ги гледам и јас инаку ке си пукнам од досада..
    Да да и јас почнувам ситно да бројам, носам женско :) :)
    Алишта имам купено се сега за сега не е многу несакав да купувам кујзнае колку ама мислам дека ке биде доволно и тоа :) Сега почнувам со спремање на торбицата моја за во болница, се така си викам има време ама некако не ми изгледа дека има многу време :) Сепак сакам во последниот месец да одмарам , да уживам и да го чекам сонцето да ме изненади во секој момент, иако понекогаш помислувам дека не сум спремна, ме фаќа страв ама за бебушко се ке се издржи нели само да биде се во ред :) :) :)
     
  16. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Меу,јас и ти како близначки сме мајката...и мене ноќеска на вртење ме болеше стомакот како јајници да ме штрекаа, па половината...па се испоплашив, и јас си помислив дека ми е од климата,па трк по магнезиум. Сега имам кафеаво,колку ти душа сака, и конци уз него. Кога ќе престане ова,незнам. Три ипол месеци со улошка на мене сум. Или крв,или кафеаво, или болки,нон-стоп у кревет...И мене ми се шета,ми се плаче...Ај да си се пожалам.
    Иначе темава е супер, на раат може да си збориме колку си сакаме и што си сакаме.
    Поздрав до сите мамички
     
  17. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Меу и Силк денес нозете во вис и уживанција,да не сте мрднале од крревет :fubar: .
    Туку јас да спремам некоја кореографија кога ке дојде маж ми да му одиграм нешто јас би еден трбушен танц замислете ме како Жаде со стомакот да мешам ,додуша јас и само да се свртам лево десно исто како да ке мешам ке биде :D :D :D
    Еј Меу се изнасмеав за гаките вцера се туширав и после си облеков спаваќа ама гаќите немозев и сум се спружила на кревет и чекав мажот ми да ми ги облече за греота сум ,како ѓуле сум,или прескокниме или потурни ме.
     
  18. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Ах тие пусти гаќи кога ке дојде време за тоа многу се нервирам што не можам да си се наведнам како човек да се облечам.. тоа е што да правиме :) :)

    а да инаку моментот е кога морам некогаш да се наведнам и кога ке се исправам во лицето сум ваква :devil: зацрвенета цела..... :D :D :D
     
  19. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Аххх Леонтина :rofl: :rofl: се само трбушен нема да биде :rofl: Затрбушен само легни и чекај бебушка да почне да мрда, јас така правам, точно тие движења, бранови ги создава, бетер од Жаде сум :lol: :lol:
    Ма какво лежење не зезај, мора и вака да се навикнеме, неможам веќе на секоја болка да се потресувам . Море на план сум и ручек да направам, да одмори малку маж ми, сирот секој ден ручек прави :geek:
    А гаќите се многу комплицирана ствар, па како за инат и наопаку ги облекувам веќе неколку пати(но не со рабовите, туку со за напред и назад делот :?: ) , до сега ни еднаш ми се нема десено, но затоа сега секој втор ден , а ем си се потсетувам пред да почнам за да не ми биде мака после да се пресоблекувам пак :wasntme:

    Силк, абе немаат докторите одговор како резултат на што се јавува тоа крварење??? Што ти препорачуваат???
     
  20. busavka88

    busavka88 Активен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2012
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    7
    Здраво на сите на форумов!

    Вчера го пронајдов форумов и еве до сега ги читав сите страници од прва до последна и многу ме бендиса па решив да ви се придружам :hai:
    Јас сум некаде во 7 недела од бременоста, засега добро ми оди, немам мачнини, гадење ниту др посебни симптоми, единствено почесто одење во вц и поспаност :)
    Досега само еднаш сум била на преглед за да ми ја потврдат бременоста, но ми спомна др дека имам циста :( малку сум загрижена околу тоа, но сега во понеделник сум на вториот преглед и едвај чекам да видам да чујам дали е се во ред.
    И мене малку ми е подосадно овие денови, зошто сум на одмор, не одам на работа, одсабајле ќе посработам нешто по дома, гледам ТВ, малку читам книга па дремам :D па малку пред ПС, и повторно се исто :D
    Ве поздравувам сите, многу ми е мило што ќе се дружам со вас :*

    Уште нешто, последно имав добиено на 24 Мај, според Вас која недела сум ? :)