Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Меу и ја жива ненаспана. Душа ми спие, ама па д ова болкиве не дава па не дава.Само шетам горе долу низ кујна, дека да седам :x ,а не пак да подлегнам малку да одморам. Вчера покажа контракции и процесот на отвораер веке започнат, ама па само што заминавме од на болница оп контракции. На секои 20-30 мин, па после кон 23 часот на по 10 мин, па сабајле од 2 кога почнаа, па на 7мин дојдоа, ама мм ме убеди да одморам малкуцка дека душа веќе од шетање горе долу немав и со сила легнав да одморам, па сега еве ме пак да си бројам. Се мислам да одам поручеква, ама да не им здосадам да ме вратат дома, па кога навистина ќе бидне да не ме примаат :lol: Пробав на тел да им јавам да прашам проклета секретарка. Туку ајде уште малку ќе се потрпи
     
  2. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.891
    Допаѓања:
    40.640
    Пол:
    Женски
    добро уто мамички
    NoellePage значи времето е при крај ... бебушка ке дојде наскоро :lol:
    лелеле лелее
    ајде на сите со лесноо :* :* :*
    Поздравчиња од мене и мојата бебушка
     
    На NoellePage му/ѝ се допаѓа ова.
  3. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Сега на колку минути ти се???
    Јас вчера неможев да ги следам на колку време се. Тоа тешко ми оди, можеби ќе успеам кога ќе дојде право време, сега овие мали не се важат :)
     
  4. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Наскоро? Тешко мене ако ме мачи денес цел ден, па и утре. Не знам како се раѓа жива ненаспана. Ах, што си имав еден филм убав дека ми пука водењак, болку мали, оп на болница, оп на бебе. Ама не било баш така. Бар не за сите. Сега се на некои си 6мин, ама па овде те оставаат до последно сама природно долколку се е в ред.
    Меу, кога ќе дојдат баш оние вистинските, сакала не сакала ќе ги препознаеш, не можеш да ги утниш. И тој чепот, чеп и пол ќе ти се види со оглед дека само паѓа и паѓа. Ќе видам како ќе бидне до послепладне, ако не ќе си барам или да ја бидне работава кога веќе почнала или нешто да можам бар да дремнам малкуцка.
    Море буце на мама, или излези или остави ја мама сила да збере. Немој сега да ми забушаваш
     
  5. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    ^Сите живи ненаспани се породувавме, каде можеш да се наспиеш последните недели, се те притиска, ти тежи, таман си задремала те клоца со сета сила од внатре, ќе спиеш кога ќе потпорасне малку :lol:

    На 6 мин контракции мислам дека ти е време за во болница, ако не ти се седи таму, шетај по дома ама кога ќе дојдат на 4 мин оди си во болница, кај тебе породувањето е веќе почнато, денес би требало да се гушкаш со бебушот.

    Со лесно нека ти е....смајлиштофрлавода
     
  6. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Ноел тебе не ќе да ти е чепот,јас повеќе мислам дека ти е водењакот пукнат.Ако ти потекува по малку ,како да си пипи тогаш тоа е водењак.Чепот паѓа и после веќе нема ништо со него ,туку си почнуваат другите работи. Мене кога ми пукна водењакот со второто си течеше полека како чешмичка,а стомакот полека се спушташе и се намалуваше.Инаку кај мене водата беше прозирна и не мирисаше на ништо. Имаш ли некои промени на стомакот?Помал,подоле ?Бидејќи и контракциите ти се на 7 минути најдобро е да си појдеш во болница.
     
  7. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    201

    И јас мислам дека не треба да чекаш повеќе и дека не е чепот, мене чепот ми падна при прегледот во болница ( колку прсти сум отворена) и толку, не течеше повеќе ништо. После 2 дена се породив тогаш ми пукна водењакот.Водењакот ми течеше така да кажам на неколку пати по малку затоа што спијав па си мислев дека ми се причинува ,по половина час отприлика повторно нешто ме наводени и знаев дека тоа е тоа до болница уште еднаш и по 3 саати го родив моето синче. Поздрав и со лесно!
     
  8. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Е како бре така тече водењакот, а се примеќа ли пак барем дека е водењакот??? Мене за така по малку ми тече секој ден, но дај кажете споредба како поточно да се ориентирам , да препознаам?
     
  9. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    201

    Кај мене водата од водењакот беше чиста, стомакот ми се намали и се зацврсти и малку се спушти надолу, значи не баш по малку туку како да ти кажам има жени водењакот ми течи како млаз по нозе мене само гаќите ми беа водени.
     
  10. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Аит, мене нешто како воденикав прозирен слуз ми е,со малкуцка розе низ него и нема никаков мирис ниту ништо. А на долниот веш само како по малкуцка се поднаводенува. Е сега на секои 7мин, па на 6, па пак на 7мин, на 8, пак на 7 се и нон стоп само во тоалет сум. Не знам што да мислам веќе.Кога имам контрација камен тврд ми е стомакот, а од после помалку. А се нешто се осеќам полесно, како смален да е меш, ама може и да се лажам. Ќе почекам уште малку па ќе се јавам за консултација и ќе видам што ќе се прави.
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  11. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Тоа ти е Ноел,водењакот :) Не чекај многу туку јави се и консултирај се,кога веќе имаш таква можност.Ти посакувам лесно породување ;)
     
  12. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    лелел ајде со лесно да ви е, наскоро пак ке имаме нови бебиња :inlove: ви пуштаме срека и сила јас и моето бебе за полесно да ви помине породувањето :*
     
    На NoellePage му/ѝ се допаѓа ова.
  13. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Абре какво примање. Кога ќе видат дека си прворотка и како невозможна мисија е, па било што да си кажеш.Матката тоа се ширела само,пх. Дури не дојделе господата контракции на 3 мин никакво одење. Нема проблем, ок. Ќе си се повиткаме од време на време од болка дури не дојдат на 3 мин или не исцури вода како од чешма. Што да се прави.Almost 24h in labor and counting.
     
  14. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Ова ти го кажаа од болница???
    Него Меу дај почекај малку да ја испратиме Ноел ,па после тебе да можеме да ти обрнеме повеќе внимание :D Шала на страна мене ми потекуваше по малку на 2-3 минути неконтролирано и најголем репер ми беше тоа што стомакот почна да ми се спушта и да ми се намалува.Во прво време и јас не бев сигурна дека не сум пипи ;) ,ама за брзо време сватив.
     
  15. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    Мене водењакот на 3пати ми истече, сабајлето кога станав отидов во вц и гледам крукче мокро мислев дека е бело прање и ми истече нешто малку ама не можев да познам дека е водењакот зошто одма после почнав да мочкам. И така си одам јас седнувам на кревет разочарана му кажувам на мм дека и денес нема бебе и оп осетив нешто вруќко :lol: .. послем кога отидов во болница 2 пати седнав-станав и вирче доле, си се шлапкаа малку сестрите во претпородилна хаха :rofl: :lol: и јас мислев дека нема да познаам кога ке ми пукне водењакот ама ете едноставно тој ден знаеш дека е денот Д, а болките ми почнаа одма откако ми пукна водењакот инаку вечерта на цтг покажа контракции и тоа доста чести ама јас не осеќав ништо :)

    Noelle ајде со лесно нека ти е , кај и да е ке биде :)
     
    На NoellePage му/ѝ се допаѓа ова.
  16. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.056
    Eeeee да е до мене сите ќе ги испратам последна да одам :lol: како за вакцина кога не носеа во основно што правев :rofl:
    Ама не е до мене работата, ова цуцата сега наредува, но сепак мислам дека имаме уште време, ич да не е уште некои 5дена , можеби 10, ухууу ако не и повеќе, како на Уник да излезе работава до крај да се мкнеме :D
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.582
    Допаѓања:
    104.237
    Пол:
    Женски
    Noelle ни е отидена осекам јас, абе многу мекици ке ни се фатат у неколку дена, јухухуууу....Меу, те сфакам, ја бев бетер од тебе кога требаше да се роди внукава, дури и викав на сестра ми па шо не се роди на 7 месеци, баш ќе ни биде топ, будала работа :tmi: Туку и поранешната колешка на работа ми се породи, сега имаме телефонска конференција со колешкава и со тазето ни мамица, се нешто се јавува да ја потпраша, пошто оваа веќе си го отслужи породилното :rofl:
     
  18. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Не бе луге тука сум уште.со мојот док од мк се слушнав вика примена ваму ке беше ама ете тука те оставаат до крај сама па до кај идеш идеш.се осекам отворена на место да одам оп една провокација и да бидне вака ми се чини цел ден дека ке се мачам.мм ми вика ти ама како да немаш болки ама јас си знам. Стоиме пак на 7мин и упорно цекаме.е ова нерви кини
     
  19. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    758
    NoellePage абе не се мачи повеке оди си на болница сакаат некат ке те примат зошто да се мачиш вака?
    ајде направи си топла да не речам врела бања и полежи си во неа ке убрзаш така малку со лесно
     
  20. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Униииииииик ЧЕСТИТО ќеркичка, да ви е жива и здрава и убава на мама...Прочитав дека убаво си поминала на породување, или па барем убаво си го напишала, да не не плашиш нас идните родилки.

    Ноел,чекаме мекици и едно здраво црвенко бебенце.

    Меу, не се брзај...мислам дека уште две недели имаш за уживање во мешето...а после па во бебето... Ова интересно станува,а? Сите се плашиме од породување а на која како и дојде терминот како едвај да чека да се породи, и стравот како да поминува.

    Сењорита.Ломбарди, добри ли сте со бебчето, се клоцкате ли...?

    Поздравче и до другите мамички.
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.