Девојчиња да ви дадам рапорт, се вратив од преглед. Значи денес влегов во 38 недела. Ми направија ЦТГ, ме виде докторот, и вика реактивно ЦТГ, што значи тоа појма немам. постелка на преден ѕид во II/III степен на зрелост. Вика многу ми е важен резултатот од контролата на трансфузија, направи го и дојди за следно ЦТГ за една недела. И тогаш ќе претцизираме. Да царскиот е на тапет поради тоа што имам прогрес во диптерот последниве неколку недели. Му викам а ако се породам пред 7 дена, епа пак ќе си дојдеш ми вика, тука сме, ама јас мислам нема да се породиш и се смее . Па сега контрола на трансфузија и за една недела на контрола. @zalosna за мене спас од киселини беа само непечени бадеми. @kiki4kablondy јас јадам јагоди скоро секој ден. Мм вика само ако направишнекоја реакција, викам каква реакција по толку јадење, сум се десензибилизирала максимално
@Sky-butterfly еве ме и мене последниов месец реновираме дома, таака да со тоа сум окупираана, ве читам постојано, ама ретко наоѓам време дА пишам.. Еве денес сме 39+1, вчера бевме на преглед, и докторот ни рече се е супер, бебче е весело во стомаче, едвај го видовме убаво, има доволно плодова вода и докторот рече дека со главчето било надоле ама газето му било високо, па до петок рече нема да има ништо според него.. Во петок сум пак на преглед и на 1 цтг, нели е касно? Имам читано овде како од 38 веќе ги стааваат на цтг заборавив да се пожалам за клексните, мислев ќе ми ги прекинат една недела пред краен термин, ама докторката од трансфузиологија ми ги зголеми, 2 пати на ден.. Мојов гинеколог беше зачуден, ама ми рече аај примаај ги до петок па ќе видиме з понатаму.. П.С. Мама беше на козметичар и е спремна за бебе
Незнам зошто ти дал на 100.000 антибиотик обично на таа бројка подобро е да се обидеш со чаеви, антибиотикот знае да нема ефект кај е.коли бидејќи е многу упорна бактерија и плус од антибиотикот и кандида можеш да фатиш, како лекови на природна база ти се: д-маноза во аптеките и викаат дека бил многу ефикасен скапичок е 2000-3000 денари е цела доза а мислам дека можеш да купиш и посебно кесички и е-капи ти се на природна база ефикасни против ешерихија 3000мкд, ќерка ми имаше уринарна бактерија не стануваше збор за ешерихија и ги купив е-капите ама тие да ти биле со еукалиптус и ќерка ми 2 годинки ги плукаше па испадна дека џабе ги земав. Имаш микс чаеви во аптеката Матија на Рампа во Кисела Вода. Добар лек против бактерии – особено против Ешерихија коли Подготовка на лекот: Коренот од магдонос убаво измијте го, потоа добро измелете го. Истата постапка направете ја и со лимон, а подоцна се заедно измешајте, и во добиената смеса додадете 20 декаграма мед и 2 децилитри маслиново масло. Добиениот лек соберетего во чист стаклен сад. Состојки: 25dKg корен од магдонос, 25dKg лимон со кора, 20 декаграми мед и два децилитри маслиново масло. Употреба: по една голема лажица пред јадење се додека целиот лек не се потроши.
@mon4i91 тука си значи А за цтг-то ако нема потреба не ги праќаат сите. Јас пример се жалев на болки на матична, во 36 недела, и таа ми даде упат за цтг. После две недели, во 38 имав пак цтг и сега за една недела пак. А каде ќе се породуваш? И јас баш денес се мислев, требаше да одам на фарбање барем, после пороѓај кој знае кога ќе се организирам, па и бебето како ќе цица итн. Ќе морам барем тоа да завршам, нема да може после да се гледам, имам бели влакна затоа посебно. @irena.1 нека ни потрае дружбата тука, јас ич не се бунам
@mon4i91 мене од 28 недела ме праќаат на цтг и ништо не си пропуштила. Доколку имало потреба ќе ти рекле, во спротивно само за да се следат некои протоколи е само гњавење и акање по лекари. Мене ми е ептен непотребно малтретирање во пораните фази.
Епа веројатно затоа не ме пратиле мене порано, немав и сеуште немам никакви болки.. Се случува да ме стегне наеднаш доле во стомакот, или кичмата до толку да неможам да се исправам, ама на кратко и ретко инаку за пораѓање, веројатно во државна, имам 2 сестри од средно таму па се надевам ќе ми помогнат после раѓањето, да ми објаснат се за бебчето, да ми покажат како да го дојам итн.. Иако мојот доктор ми понуди пријател негов во чаир, за 200 евра, сепак изгледа државна ќе е.. Некако поважно ми е тоа, а за парите тие ќе се, кога ќе ги почастиш и овие од државна толку доаѓа.. Ти каде ќе се пораѓаш?
Да да.. Требаше вчера, ама кога виде дека е високо газето рече нема потреба сега, дојди во петок.. Можеби сум само нестрплива благодарам мила
@mon4i91 Исто, на Гак планирам. Таму прашав една докторка дали може докрај само она да ме гледа, кажаа може, ми даде бројот и ми каже кога да дојдам на контрола. Баш сега последниот пат таа беше на работа, ама не во амбуланта, туку ги шетаат по други оделенија, јас и ѕвонев и таа дојде ме прегледа. Ми кажаа во случај на болки или крварење, било што, да и ѕвонам. Е сега јас би навистина сакала да знам како оди тоа, таа не ми е "врска", јас ја прашав да ме води докрај и таа пристана. Би сакала да е тука и за породување, посигурна се чувствувам. Осеќам дека би можела да барам и епидирална по потреба без да ме одбијат поради х причини иако по право ми следува. Е сега прашање до сите, што се очекува од мене? Да ја почастам? Бидејќи да е нешто законски по протокол вероватно ќе ме упатеше во процедура од старт? Слушнав дека ако сакаш посебен доктор да те породува уплаќаш на сметка 200 евра, од кои 20% одат за болница, 80% на докторот. Ама не слушнав дека тоа се практикува баш така. Ако ме разбирате што мислам. Мене ич не ме бива за тие работи, а во нашево здравство тоа е "јавна тајна", а јас не можам отворено да ја прашам: дали и што ти очекуваш од мене... Можеби малку глупаво прашање е ама не знам како да мислам и постапам, па совет, мислење да ми дадете? Едит: да додадам дека дефинитивно не планирам пари во плик да давам некому, тоа нема шанси да направам, само ме интересираат очекувања.
So stori be kaj vas bilo skapo vo bitola vo Gracia bolnica ako mu se javis na doktor za povik od doma mu davas 3000 den I tolku I to ako toj pobara ako e nekoj po asolen so so ja ceni rabotata ke ti reci fala na doverbata so ja imas kon mene ama mene to mi e rabota parite na bebenceto DA my kupis nesto
@Sky-butterfly ни јас не сум упатена во тие работи да ти кажам.. Имав слушнато дека можело да се бира лекар во државна ама декаа сите си имале тарифа, ама јас некако сум скржава з тие работи.. Сметам дека тоа им е работа, болките сигурно нема да ми ги спречат, а поклонот ќе биде симбпличен за докторот што ќе ме породи, и можеби нешто повеќе за сестрите кои ги знам, и од кои очекувам повеќе.. Тоа е мое мислење засега, е сега ако и тие не ми помогнат епа нека извинат ама нема ништо шала на страна, кога го прашав мојот лекар дека сум слушнала оти може да се бира лекар рече дека биле скапи на ГАК.. Ама јас му реков јас слушнав дека е тоа бесплатно, и он ми се насмеа, бесплатно нема.. Мене страв ме фаќа оти досега не сум била ниеднаш на ГАК па дека нема да се снајдам.. Несакам даа звонам на никој за врски, па ќе пробам така прво.. Ако неиде ќе звониме
Јас па имам слушнато дека кај нас во Бт бараат сите, од сестри до доктори, и не те гледаат ако не им дадеш. Не знам колку е точно може се само муабети, здравје има време за мене ама заради условите се мислам за во Плодност да одам, неколку другарки се породија таму и се презадоволни.
е па тоа мила ме интересира. знам дека има законски да го изабереш доктор и уплаќаш тие 200 евра на сметка на болница, ама тоа важи само за лекар за породување баш и никогаш не слушнав дека тоа некој практикува така. На тоа ли се мисли дека е скапо или на што, не е ваљда мое да прашувам? Тоа нели треба, еве докторкава во случајов, сама да ми каже: слушај, тоа е тарифа од болница да знаеш ако сакаш мене да те породам. Се регуларно, црно на бело. Или ете, си велат и тие: дај шта даш. Да, таа е нејзина работа, ама не е нејзина работа да излегува од едно работно место мене да ме прегледа и да работи на повик, ако накрај сите примат иста плата? Не знам, затоа прашувам И јас например, тогаш првпат отидов во гак. И кога докторка ме прегледа, ми остави убав впечаток па ја прашав да ме води докрај, без никакви скриени, намери, мисли ниту идеи. Едноставно ја прашав, ама како одат работите, еднаш на контрола, јас и ѕвонам да дојде, другите ги слушам велат забрането е да имаш еден ист доктор на гак, а на цтг ме прашуваат кој те праќа... не знам што е работа. Ништо, ќе видам на крај како ќе испадне. да не се оптеретувам и со тоа уште. Ама ако има уште некој додатна информација во врска што да мислам во мојот случај нека пише, да си знам
Јас одам редовно во Плодност на прегледи и имам и јас 2 другарки од средно што се породија таму,но со царски,а јас сакам природно.Да не знаеш колку пари е природно таму?
@m.i.g 35 илјади е цената, се доплаќа епидурална по избор нели, и треба да се носи документ (не мора од кај нив) за хив и хепатитите и за крвна група, оти наплаќаат плус ако проверат таму тогаш и тоа скапо. Мислам и ако се посетуваат часовите за трудници, има попуст од 2 илјади. Се надевам нема да поскапат до на есен.
@Sky-butterfly искреено мислам дека убаво си постапила што си ја прашала директно, и таа така ти одговорила.. И мислам дека штом така ти кажала дека сака и дека ќе ти помогне.. Инаку се надевам некоја поискусн мамичка ќе ни објасни или ќе не упати во овие работи
Феминки да ве прашам нешто јас сеуште незнам дали сум останала бремена. Дали сега ако имам односи ќе смета на ембрионот секако ако сум бремена. Фала ви многу па се надевам дека и јас ќе ви се придружам наскоро
@i-v-a-n-4-e незнам што да ти одговорам на ова, секој доктор различно кажува. Јас кога останав бремена и отидов кај матичната докторка да ми потврди бременост бев 6 недела, и дирекно ја прашав, таа рече, јас прво тромесечие не препорачувам, сепак си е оставено на вас. Туку ај и јас да прашам нешто. Другата недела треба да одам на ЦТГ во чаир, знаете ли некој што одел да ми каже од колку саат сабајле почнуваат со правење на ЦТГ и во колку почнува докторот со работа? И уште едно прашање ме заинтересира, прочитав некоја дискусија на ФБ поврзана со зачувување на матични клетки. Едно време кај нас беше ултра актуелно, па се стиша цела фама. Некои од фирмите што го работеа тоа се затворени. Јас лично не сум во можност да зачувам, затоа што многу кошта. Ме интересира состојбата во други држави, конкретно вие труднички што сте низ светот, пример @danichap, @bittersweet ...и некој други низ други држави, како е кај вас ставот, колку кошта, ваше мислење.
Доколку уште незнаеш дека си бремена значи ептен ти е рано, и ембрион сеуште нема формирано и секс нема да пречи.Е сега по формирањето на гестациската кесе во неа се формира плод ама тогаш веќе ќе знаеш дали си бремена, и ќе си ја прашаш докторката. Јас во 7 недела бев за срцева реакција ја прашав за секс и она ми рече ќе си функционираш како до сега и ние си имавме цело време односи.Позз
@irena.1 кај мене има приватни банки за матични клетки, таму чувањето чини околу илјада долари, еднократна уплата има и национална банка за матични клетки и таму е бесплатно. Во националната банка се користат матични клетки од папочната врвка, млечните заби и умниците, таму можат и да ги употребат твоите матични клетки доколку се потребни некому, ако се компатабилни ама и обврзани се доколку не дај Боже тебе ти требаат да ти најдат компатибилен донор. Ние од трите деца ги имаме дадено матичните клетки во националната банка, не дека ми било скапо да ги дадам приватно ама тие може и да пропаднат а националното е покриено од државата така да ако не дај Боже има утре потреба некој од децава од матични клетки дека 100% ќе бидат покриени од тој аспект.
Jas odev vo Cair, sekogas odev posle 9h, mislam od 8h pravat CTG ama da znaes ne pravat cel den, do kaj 1, 2 saat samo i sabota i nedela ne pravat, togas samo itni slucaevi primaat za redovna kontrola od pon - petok