Nemat ubavo videno ili greska napisale, taa ili e napred ili nazad nemoze da meni mesto polozba. Ne mi e logicno. Kako i da e bitno da bideme dobri i nie i bebusi
Девојки денес бев да побарам упат за во Чаир за кај специјалист за клексани но ми рекоа дека неможеле да ми дадат од причина што веќе сум имала упат за скрининг во Државна на 20ти месецов и да сум одела со стариот упат од прошлиот месец кој ми беше даден на 10ти Март дека ми важел и дека ќе сум завршила работа, а мене ми текна дека упатот ми го земаа и дека го имам само извештајот од докторот. Дали ќе завршам работа? Мене ми е да не отидам и да не ми биде џабе патот само а ми требаат. И исто така за боледувањето ми рекоа да му кажам сега за да не одам пак пред 21ви. Преку комисија сум од специјалистот. Инаку упатот ми беше приоритетен
Здраво девојки, ние вчера на скриниг бевме се е во ред со бебе, само за две недели ми рече повторно да одиме за срцето да види поубаво, и многу мрдаше вика ке видам ама тогаш за посигурно и поголемко ке е. Машко носам погодија сите само мене не ми беше верно додека не ми кажаа, кога рече др аа овој дечко од сега немирен е, погодија викам За болките минатата недела ми рече не ти се од бременоста, ми мереше и цревикс 38мм вика ова е супер никаков проблем немаш од бременоста, можно е да е слепо црево и ме исплаши малку, нареден пат ако имам болки да и се јавам и со хирург да се видиме рече, се надевам барем бременоста ке ми помине мирно па после нека биде што ке биде
Да, може да се крева нагоре со растењето ама докај 28ма недела како што читав може да се помести, а во рок од една недела и тоа од 36та,до 37 не верувам. Сигурна сум дека е грешка, читав и на нет дека не се поместува од преден на заден, може твојата била ептен горе напред па со растење се оптегнала матката и дошла позади ама и тоа ми е многу малце веројатно.
Дали во Систина би прифатиле да разгледаат резултати од крвна слика, урина и д димери што не се од нивни лаборатории. Слушнав од блиски дека можело да не сакаат да коментираат за анализи што не се од кај нив. Што мислите дали имате искуство?
Нема такво нешто, јас од почеток одам во Систина на прегледи, и сите анализи ми се или од државно или од други приватни, ги гледаат и коментираат, ништо не ми рекле. Кај нив е прескапа лабароторијата.
Ние све имаме спремно од алишта, само ни фали гнездо и за хигиена, а и торбицата за мене да ја спремам. Маж ќе оди викенд да земе комодата и да почнам со перење.
Па ќе му објасниш дека не смееш да го креваш, дека имаш бебе, носи го на прегледи к објасни му, дека иде бебе и треба да те слуша. Кога останав бремена бремена малава беше 2 и 7 месеци, треба за месец дена да се породам. Маж ја става во креветче, маж ја бања и сама си кажува дека мама има бебе и не смее да ја кревам. Мора разговор.
Здраво, Пишав и во групата за генетски мутации, ама може и тука некоја има искуство.. дали имате прекинато со аспирин во бременост, по консултација со трансфузиолог и гинеколог? Пиев аспирин 100 преку еден ден уште пред бременост заради генетски мутации хетерозигот на MTHFR и FGB. Сега сум 22 недела и на последната контрола, според хемостаза, ддимери и наод од кај Јани дека нема хемостатски индикации за третман со LMWH и дека сите резултати си одговараат на состојбата на бременост, гинекологот ми кажа да го прекинам аспиринот. Тоа беше четвртокот.. од тогаш не земам, и еве денес осеќам тежина во телото, болка во мускулите и како оток во рацете. Дали има едно со друго врска? Не можам да проценам дали ми е од викенд активности пешачење наваму, натаму.. или од аспиринот.. ве поздравувам
Ај видете ја крвнава слика и кажете ми што мислите дали сум за антибиотик? Општата матична ми вика не ти е многу високо црп, ама ај пак консултирај се со гинекологот дали да пиеш антибиотик или не. Викам знам дека гинекологот ќе ми рече општ матичен нека каже. Страшно ме нервираат како си префрлаат одговорност, а јас чекам и не знам што со себе во меѓувреме. Уште сум затната и имам жолт леплив секрет што не знам да го искашлам и едвај нешто ситно вадам низ нос. Се напнав значи, за пораѓај ли да се спремам, да чекам ли да се решат како да ме лечат.
Bella јас кога бев болна со ваков секрет не ми дадоа ништо тука, рекоа ќе помине, преку телефон дури ме лечеа. Стварно помина, мене ми се слеваше во грлото ама со тек на време почнав да искашлувам. Прави инхалации до она випор маста што е за да ти ги омекне и ќе ги искашлаш. Блиску си до пораѓај јас мислам да почекаш со антибиотиков, што знам.
Не да сум блиску, буквално може во секое време да се случи, а јас не се осеќам способно. Енергија имам, не сум омалаксана и слично, ама како ќе дишам, како ќе давам напон или ќе си го земам бебето ваква… Сакам да сум здрава кога ќе дојде моментот и многу се фрустрирам што не сум.