Знааам, затоа пробај инхалација мене многу ми помогна, знаеш за која маст зборам, онаа со ментол што ставаш лажичка во вода и правиш инхалации, може и на градите да ја намачкаш. И јас би била загрижена да сум затната, можам да замислам ама имаш уште недела до термин вајда ќе почека и ќе се подобри ситуацијата. И да почнеш со антибиотик треба време да делува па дури после ќе почнеш да искашлуваш, така да не верувам дека ќе помогне многу, 2-3 инхалации на ден и треба да помогнат.
Кога појдов првиот пат беше рано 5 недели ми рече две деца имаш ќе ги ставаш демек не можиш да одмараш и ајде ги ставав на др преглед 7 недели се слушна срце се во ред болки немам ми рече ќе продолжиш да клаваш.
Јас мислам дека овој црп не е за антибиотик. Прашај дали смееш спрејов да го користиш и пробувај бабски лекови https://zegin.com.mk/mk/marisol-panthenol-sprej-rastvor-za-nos-50-ml Не мисли лошо и да реши бебе сега да доаѓа, ќе ти даде Господ сила, ќе дишиш и ќе даваш напон, сѐ ќе е во ред.
Ако ти е мисла дали да ги користиш, консултирај се и со друг доктор, но на своја рака не прекинувај терапија. Секако тука не може да ти кажеме да ги прекинеш поради тоа што ти рекол докторот дека превентивно ти дава затоа што не може да одмараш. Можеби грло ти е кратко, па затоа така ти рекол, можеби е друго причината. Како и да е, според мене терапија не треба да прекинуваш без да ти е одобрено да ја прекинеш.
Не е за антибиотик дефинитивно,крвната слика ти е супер а црп не е мн покачено ова е вирус.Јас еве 3та недела од вирусот сеуште исто ми е секрет позади залепен кај синуси грло и никако неможам да го исфрлам и се одкажав веќе не правам ништо ќе пројде со тек на време.Ти ајде си на крај и ти ја сфаќам грижата пробај со инхалации насабајле навечер,па ако можеш и на пладне јас неможам да се замарам више а земам инхалаторот малиов трча он да се инхалирал
А не сфаќам зошто е проблем да ги ставаш до 12 недела на пример? Нема никаква штета од нив туку напротив,скоро сите ги даваат до прв скрининг за поддршка на бременоста
Ovaa krvna slika ne e za antibiotik, ama so ogled sto si pri kraj i treba da se poragjas mozebi bi trebalo neznam, doktorot najdobro znae.
Паа 56 се ново зедовме, со Нина претежно ми беа подебелки за шетање зш нели јануар, а 62ка блузичињата тенки и хеланчиња ќе си ги наследи од дада, таман тука не е прееетопло и меѓу сезона ќе искористиме работите. Количка, корито, корпа за спиење,то се ќе си остане, само морам гнездо. Ќебенца имаме за шеткање и вреќи за спиење ќе морам тенки да земам.. овие се зимски. Ко ќе видиш за старт пошо не ни се погодија со месеците, мора се ново
Фала на сите за мислењата, исто и докторката кажа дека не сум за антибиотик, инхалации, многу течности и тоа е. Останува да се лечам така и да се молам побро за помине, трето нема.
Здраво од мене, 35+3 денес. Бебе супер активно и се си мислам е сега ќе се сврти и ништо, упорно си седи карлично. Божем реков нема да се замарам како биде нека биде, ама сепак паметот се таму ми е Јас средив, исправ и наредив се. Треба да ја средам торбицата за болница ама како рано да ми е уште. Треба и да се докупат некои работи, кадичка, пумпа за гради и еден куп ситници. Не знам што чекам, порано да завршам со тоа деновиве и готово. За спавачи со копчиња, не мора да барате специјални за доење туку има во Ошо и Х&М скоро секогаш такви убави спавачи кои можете да си ги носите и после. И маичките за доење од х&м исто се многу убава работа за по дома. Инаку мене веќе ми станува тешкичко, во 35 недела се осеќам како со ќерка ми во полни 9м. Како мечка додека да станам да седнам се ми е со “оф”, “уф” Ќе се исдржи уште малку…
Се породив и јас девојки. Во неполна 37ма. Добри сме, не е во инкубатор иако е маленко, 2600кг. Сите да си ги дочекате вашите живи и здрави и на време. Темава ми беше my go to изминативе 8 месеци, ред е да се префрлам во друга сега.
Честитки мајка, да сте живи и здрави и само радости да ви носи Побрзо опоравување. Како што изгледа јас си пречуствово ќе ве испратам сите од темава и последна ќе се породам