Здраво девојки 10+2 сум но неколку дека сум со кашлица и осекам како напон на јајниците од јака кашлица, со гинеколог се консултирав ми рече слободно може да земам сируп некој или пастили но не ми нагласи кој , општата докторка ми го предложи сирупот Алпенкрафт.Дали некоја од вас имала искуство како да ја ублажам барем малку кашлица што да превземам .
39та сум, синоќа имав многу лажни контракции, секоја вечер имам лажна тревога од некоја болка, ама уште нема ништо, ќе дојде утро и се ќе си е нормално @lackygirl толку нема да терам оти секако ми закажаа провокации за следна недела, ама јас многу се надам на спонтано порано
Јас така со првото само 36та да влезам, влегов и терав до 40+1 Сега сакам пак до крај да си биде, ама со второ царски ќе ме закажат сиг 38ма здравје да истерам до таму. @1209 со уба мисла и со лесно
@DaisyDoo честитки, да ти е живо и здраво бебенцето, а ти побрзо да се опоравиш @1209 како себе да се читам. Ден-два веќе со зголемен исцедок, навечер грчеви контракции, сабајле ко нова. Ноќеска кога не пукнав, никад. Едвај сум заспала од тие недефинирани болки и станување на 15 минути до вц. И мене нели чепот ми падна па паничев, ќе терам со провокации на крај како тргнало жива нестрплива сум веќе, не се трпам
Имаш повеќе алтернативи, со чаеви сирупи, сода бибер инхалации... скролни по темава неколку стр. наназад имаме доста пишувано за настинки и кашлица.
@DaisyDoo честито, живо и здраво нека е. Баш ме изненади пошо со неделите сме тука, јас си спијам на тоа уво дека има време до 40+, иако имам работи за докупување. Ми се чини колку што @1209 е убедена дека кај и да е ќе се породи, толку јас сум убедена во обратното, дека ќе терам до крај. Да не испадне обратно па да се чадам Сеа турбо ќе се ставам на шопинг Да прашам неколку работи сега. Дали тие маичките со вграден прслук се со доволна потпора за големи гради? Ги видов сега во ХМ ама некако ептен ластикот на прслукот беше слаб, а имам поголеми гради. Ако некој ги пробал нека сподели искуство. Друго, исправ се, ама луѓе како ги диплите работите за да се организирани? Ептен мали се бодињата, не можам да ги здиплам саглам а сакам некој ред да си направам во фиоки. Купив организатори од Икеа, не знам како да ги наместам работите внатре. Гледав видеа, пример тие бодиња што се на преклапање како со петлици, прво ги запетлуваат па после ги диплат. Ептен ми е непрактично тоа, за облекување после ќе треба пак да го откопчам. И на крај, кој спомна за ноќниците во ХМ, ако може да прати линк? Јас гледав едни ептен бабски фустани памучни во ХМ, на закопчување се, мислев за секој ден дека би биле практични. Едит: за овој мислев, прилично ефтин е, ако не се лажам околу 12 еур Спојлер
И јас сум уште златната еве 9ти ден, мене ЦРП то ми беше 8 па гинекологот ми рече да не почнувам со антибиотик да пијам повеќе течности, парацетамол и капки за нос, ама ова со носов мк е ужас и имам сува кашлица, исто и ушите ми се затнати. Колку дена се поминати од кога си настината?
јас 39+3 се породив, спуштено ти е мешето? мене на крај скроз доле ми се спушти. ајде уште малку и ќе биде . со лесно само да е инаку јас утре 28 полна. како ме фанал некој страв од предвремено породување . само бројам недели од како ќе наполнам недела. си викам уф добро е помина и оваа недела Среда сум на контрола едвај чекам . се надевам се ќе е во ред @DaisyDoo честитки мајка. нека е живо и здраво бебчето
Јас испоробав со диплењето во организер и не ми е тешко, шо знам исто е, а за тие на преклоп епаа да, ќе мораш да ги закопчаш ама па секунд работа да се одкопча, и да не ги ставаш во организер, па ќе мора да ги диплиш убаво, а тоа е закопчани. Еве пример останав подзината оти укапирала
@Lavender13 за диплењето сигурна сум дека истите видеа ти излегле што и јас ги гледав на јутуб. Има еден метод на диплење Конмари, па нешто најслично е на тоа јас како ги здиплив. Конкретно јас се испеглав до последно ќоше и така фино ги здиплив до последно закопчано што одма сфатив дека нема да може таа дисциплина да се одржува во другата реалност ама ај ќе видиме. Реално мислам дека и откопчани можеш да ги здиплиш навнатре или да закопчаш само малку на почеток колку да се држи спастрено. Особено со организери мислам дека ќе стојат уредно. Искуство со маици и славачи немам,градите ми се некоја големина меѓу корпа б и ц, па мислам дека било што со малку повеќе ликра би ги држело под контрола. Инаку последниов месец по дома многу често си седам само по наметка, имам и плишани и памучни, афкорс going commando планирам да продолжам така и после пораѓај ептен ми се погоди, препорачувам
Да спуштено е, ама реално уште пред два недели ми е спуштено, ептен долу беше главата на прегледите така да не ми е некој знак. Ќе биде ајде кога и да е, мене ме фаќа паника дека маж ми работи и од кај него од работа до болницата има еден саат пат ако не е гужва, па си праам филмови дека нема да стаса на време Анксиозност на макс, што да ви кажам.
@1209 мене во 03 ми пукна водењак. само се истуширав набрзина и одма заминавме за Скопје. беше полициски час мислам за пола саат стасавме хаха. ама се породив дури во 17:38 поручекта. и јас мислев дека нема да стасам . паника ме фаќаше. ама не било толку бргу ко што мислев. посебно првородка дека.
Мене прво почна грло да ме гребе минатиот понеделник, ама не придадов значење зошто имам алергија и мислев дека од тоа е зошто дуваше многу и носеше прашина и полен. Од средата почна ептен да ми се влошува и почнав да кашлам, четвртокот беше најлошо мислам. Ќе пробам со инхалации, само не знам каква е таа маст што можам да ја ставам во инхалаторот? @1209 имаш некоја слика и како точно се користи? @DaisyDoo Честитки цветче, да сте живи и здрави со бебе.