Извинете што ви се мешам во темава но зборнавте околу сексот дека некои доктори препорачувале да се нема во 1 тромесечие Јас ќе ви го кажам моето искуство:износив и родив 2 деца ,бременоста се одвиваше најнормално а секс имав се до крајот и тоа најчесто и најубав баш во тој период,така да доколку бременоста е нормална слободно сакајте се и уживајте овие ви се најубави периоди од животот во секој поглед
Нас исто ни беше забρането сеκс во пρво тρомесечиие, и мн дρуги ρаботи исто ни беа забρанети не само тоа. Отκаκо се осигуρа доκтоρκата деκа се си е во најдобаρ ρед со бебчето си надоκнадивме и за тој пеρиод сега си имаме ноρмално односи, дуρи ми ρече пρепоρачливо било највеќе во 9 месец κога ќе бидам за да имам полесен поρаѓај.
Од како ја отворија новата болница мислам дека воведоа опција да можеш да избереш кој ќе те пораѓа и за тоа си плаќаш 12.000 мкд, како понатака болницата ги дели парите тоа незнам. Е сега ако си ја прашала да те води до крај, и она се согласила и ти го дала мобилниот телефон да ја бараш кога сакаш и ти тоа го правиш, супер за тебе ги заобиколуваш редовите си бркаш работа, и супер за неа бидејќи сигурно очекува дека ќе ја почастиш за трудот. Сега ти можеш да ја прашаш дали ќе дојде 100% во било кое време да се случи пораѓајот и во сред ноќ, дали ќе ти среди епидурал да добиеш сигурно, и најпосле ако си сигурна дека сакаш она да те породи и биди сигурна дека очекува плико благодарност - можеби ќе ти каже можеби не, ама кај нас постои обичај да го почастат докторот - кој како сака. Е сега ГАК е ок најчесто - имам неколку познанички кои се породиле на гак и убаво поминале без врски, ама според мене добро е да имаш договор, бидејќи ако немаш познат зависи како ќе се одвива пораѓајаот може да се случи да се изнамачиш. Кога се пораѓав со мене во предпородилна имаше девојка која 3 дена е во предпородилна соба вриштеше, плачеше молеше за царски беше прилично во болки ама ја чекаа природно да се породи; исто ти е и за епидурална анестезија - тогаш барем немаше шанси да се добие без врска сега на форумов прочитав дека неколку трудници си добиле без врска што е супер ако е вистина. Посекако частењето иде на крај, веднаш после пораѓајот очекуваат барем мене така ми се виде, а ти ќе си одлучиш како ќе постапиш - во секој случај преферираат плик По мене за третман како во Систина за цена на епидурал во приватниве болници ми е прифатлив компромис.
Леле браво за вас и за тоа што сте одбрале да живеете во средена држава, замислете луѓе тука цените за матични клетки се од 1700-2200 евра на нашиот стандард, а таму на нивниот стандард се бесплатни или 1000 долари....Секоја чест за некои држави
Затоа, пред некое време гледав емисија на тв во која нагласија дека според истражувањата луѓето во Австралија се најсреќни во целиот свет... Убаво им е организирана државата
Идни мамички...Налетав на видеово на интернет!!! Многу е добро! Погледнете колку се паметни нашите мали ангелчиња http://livada.mk/idni-roditeli-poglednete-gi-bistrite-umovi-na-bebinjata/
Девојки што сте при крај за пораѓај да ве прашам како сте со киселини? Краен термин ми е 29 јуни ама последниве два месеци ме убија киселини. Се пробав и ништо не помага
И јас имам киселини обично вечерно време, ама мене ми помага сода бикарбона.А во тек на ден доколку имам јадам зелена јаболка од киселите.Позз и со лесно
Mене ми се преку цел ден и сода пијам ама помага 1-2 часа. После тоа пак исто ко некоја грутка да ми стои во грло Со лесно и на тебе
сода бикарбона? Мислам не треба да претеруваш со тоа, по цел ден, ќе ти ја оштети слузокожа на желудникот. Некој горе спомена непечени бадеми, пробај со нив. Кога имав гастритис мене ми некој даде совет да прогутам неколку живи зрна ориз, тие собирале киселина. Па пробај. Јади по малку, почесто, избегнувај тешка храна. Тоа е. Бебето те притиска па вероватно оттаму и киселините. Јас женски цел ден лежам. Дали е од жешково ама немам сила нешто. Па и да малку пододморам повеќе, после ќе неам време Ама жешково не ми смета да јадам нешто нон стоп. Нон стоп сум гладна! Јадам, па легнам, сега баш пред крај ќе се направам слон. Кога почувствувам глад, тоа е така наеднаш и ми се чини ќе се онесвестам ако нешто побрзо не ставам в уста.
Еднаш дневно пијам сода бикарбона, а во меѓувреме ко ќе ме фатат појаки киселини знам да се напијам малце кисела вода. Да не се жалам многу, ќе се издржи уште малку И јас по цел ден лежам, се осеќам како морж Уште колку ти остана до крај?
Денес бевме на контрола, 16+6, сите мерки во ред, дефинитивно е маже, само се криеше во лиценцето, не сакаше да се слика.
Во 5 та недела од бременоста сум , поточно 5 недели и 6 дена и бев кај двајца доктори од двата добив различно мислење. Мојата матична ме гледаше рече нема срцева реакција и дека треба да се причека уште две недели,ми даде добрастон таблетки. Потоа бев кај друг доктор да слушнам второ мислење кој ми го кажа следново и многу ме исплаши: Ми рече дека носам два плода од кои едниот е слабо развиен и организмот самиот треба да го исфрли а другиот се развива, но сеуште нема срцева реакција. Ми даде инекција прогестерон мислам беше и вагиналети утрогестан, аспирин преку еден ден( прв пат слишам дека треба аспирин да се пие у бременост). Јас не знам како може мојата докторка да не примети дека сум имал уште еден плод , кога сто пати ми рече дека носам едно дете. Инаку за второ мислење бев кај д-р Стамболиев.
Јас пак во бременоста немав некој апетит за јадење.ама сега откако се породив.многу ми се јаде се нешто..посебно првите 2ддена во болницата јадев многу...ама баш многу...кај секого различно..јади си и уживај додека можеш...
Сега кога си го враќам прегледот во паметот, ми текна дека кога го мереше едното ноџе од бебето излезе 6+6 по мерката а другото 7 или 7+1. Ама не рече ништо докторот. Се мислам зошто е така, да не не се исти? Морам да се замарам со нешто значи..
Немој мила! Тоа не е возможно! Κаκо со маус упρавуваат на ехото и со ρаκа меρи од една со дρуга точκа! Па κаκо да биде дρ толκу пρецизен? Тоа меρење се пρави за да се види дали плодот напρедува и одпρилиκа дали е во неделата споρед пρесметκата! Биди си споκојна! Аκо има нешто κому би κажал дρ аκо не тебе?
Се сложувам со предходниот коментар. Кога мерат со маусот земаат две точки од око, значи отприлика да дадат должина за да видат дали одговара на неделата и дали постои рамномерен развиток. Ама веројатноста дека докторот за двата екстремитети ќе успее да зеде точки кои се на подеднаква оддалеченост е минимална, скоро невозможна. Посебно бидејќи бебчето се движи, екстремитетите се свиткани и он во делче од секундата се одлучува од каде до каде ќе мери. Да имало нешто ќе ти каже. Опушти се. @irena.1 И тука е исто како кај битер. буквално како од збор до збор да сум го пишувала текстот. со исклучок на цените, тука е малку поскапо.