Завод за статистика секоја година излегува со податок која е максималната сума. Пример ако земаш плата од 60к, а максималната сума е 40к, тоа значи дека ќе добиваш 80% од 40к. Плус овие пресметки се секогаш на бруто плата, значи и породилното ти се даночи. Плус како што спомнав, 30% од деновите се исплатени на ептен минимална сума, зборувам за некој 10 еур дневно, тука за тие пари не може да кафе да купиш. Се слагам, еве со новиот предлог закон мислам дека породилното отсуство ќе се продолжи. А за градинките мора нешто да се направи.
Мислам дека не е воопшто за потценување, оти повеќето земји не ги заштитуваат трудниците и родилките по никој основ. Нормално, секако дека секогаш може и подобро од ова. Јас сум во Германија и тука дојдов трудна. Како невработена нели тука, имам примање од 300 евра месечно, 12 месеци. Или можев да направам да земам 150 евра на 2 години. 3 години иначе може да се користи породилно каде 3тата е неплатена, но ако си вработен твоето место и по 3 години ќе те чека назад. Законски не смеат да отпуштат трудница. @juice_ овде мислам дека највеќе 1800 евра месечно може да се зема. Плус 250 евра по дете, односно детски додаток кој го покрива барем основното и најпотребното - пелени и млеко. А да не спомнувам дека има и организации кои можеш да ги контактираш доколку имаш потреба од креветче, количка, алишта итн итн. Се сложувам дека извагани бенефитите, далеку подобро е него само и само 9 месеци 100% платено.
Да не спомнуваме дека овде се злоупотребува и патолошка, многу жени знам кои користат патолошко боледување а ништо не им е, само не им се работело. Плус дупката во закон каде се вработуваат 6-7 месеци со плаќање давачки на држава, и користат породилно по поволна сума. Плус што најголем дел анализи се бесплатни, а и онака не се скапи. Здравството е далеку од идеално ама не е катастрофа за трудници.
Законски и во МК законот дава некаква заштита за трудници. Во пракса сите знаеме дека е друго. Тука веќе не е проблем законот туку имплементацијата, и со тоа сериозно треба да се позанимаваат инспекциските служби. И новиот предлог закон е супер, како ќе се имплементира ќе видиме. Се надевам дека нема да се злоупотребува.
Добро да во право си вака кога ќе подразмислиме .Јас знам една жена со првото имаше спонтан со престанок на срцева акција во десета недела и кога остана по втор пат бремена со помош на блиска дојторка си извади патолошка кога доби позитивен тест на бременост а имаше неризична сосема нормална бременост. Си функционираше за се друго нормално ама не сакаше да оди на работа . Така да не е идеално здравството и здравствената заштита кај нас ама да има и дупки кои се злоупотребуваат ..
Да. Точно. Немаме лоши закони. Чак што више повеќето се европски. Друга работа е што во пракса не се спроведуваат. Го читав и новиот предлог закон и мислам дека е интересен. Но не можам а да не помислам дека има некоја позадина. Кај нас обично секогаш кога се менува веќе постоечки закон во најголем број случаи пак граѓаните остануваат изневерени, а некоја трета страна користи. Ќе видиме.
Јас искрено не сметам дека нашето здравство не е катастрофа за трудници. Ајде може, малку подобро од катастрофа. Ајде некој нека ми каже, кои снализи се бесплатни, дека нели повеќето се. Кај матичен, плаќаш, скрининг, брисеви плаќаш (макар и 200-300 ден да се, плаќаш), витамини, плаќаш, скрининзи, можеш да не платиш, ако ти закажат со време, инаку, плаќаш, клексани плаќаш, ти враќаат 70% (после неколку месеци), терапии како утрогестан, дабростон, кои нималку не се ефтини, плаќаш… И за кое здравство ми зборите дека е ок? Искрено, имам солиден приход, и мене, и до ваков приход, нервоза ме тера. Зошто да плаќам? И што со оние кои немаат да платат? Пример еден: фолна, ако мораш метилирана 1600, со тоа добиваш метилиран б12, 1000 ден, со тоа витамин ц од 1000, околу 700, не знам колку беше. Клексани два на ден 500. Идеос некаде 500 на месец. Дабростон морав еден период на 8часа…мислам 700 беше кутија од 30 внатре. Е сега грубо сметано, зашто некои витамини се по 90-100 внатре, за два три месеци…фолна за месец 500, б12, 300, витамин ц 200, дабростон 2100, клексани 15000, преглед кај матичен 500 или од прилика 25000 и уште нешто сигурно имало….и ќе ми каже некој ок е здравството? За платата што ја имам плаќам и те како добар придонес и ептен сум исфрустрирана… И да, никој не ме прашал, дали имам. Плати си, трај си. И да, рефундација за клексани добивав, 9000, за платени 15000 добив еднаш 10260, потоа 9000. А тие што немаат, нека се задолжат, па потоа со рефунадацијата и додаток од џеб нека се раздолжат. Инаку, минимална плата кај нас беше некаде 18000 така?
@juice_ не збориме за здравство мислам, туку за породилно отуство. Тука сите прегледи и лекови ми се бесплатни(кај што живеам) витамините реално никаде не се покриено со закон, не можат да бидат бесплатни оти не се задолжителни, ама другите прегледи, скрининг и лекови треба да бидат бесплатни и кај нас на државно, проблемот е што повеќето одат на приватно оти државното е многу бавно и нефункционално. Ама породилното не е лошо, ете јас пишав како е тука кај што живеам, реално со тие пари ако фати криза и маж ми не работи не можеш да платиш ништо, буквално на улица ќе останеш, така да, да можам да бирам МК е подобро од многу други земји во тој поглед.
Точно така, баш за тоа и јас зборев.Да не бидам погрешно сфатена, Македонија има едно од подобрите законодавства, но само толку.Законите се добри но остануваат само на ниво на пишани документи, ништо од тоа не се спроведува во пракса.Колку само трудници работат ризични работи, ноќни смени, прекувремена работа и трудници и мајки на деца до тригодишна возраст, а согласно закон не смеат.Институциите си исплаќаат суми од ракав колку што мислат и сакаат, со период на чекање од два до три месеци.Во последно време истото се случува и со рефундацијата на средства за клексани и уште многу многу други незаконитости и неправилности кои се случуваат во пракса, што не верувам дека во било која друга европска земја се случуваат.И колку само нашата "солидна и натпросечна плата" кога ќе биде на 70 % станува мизерна плата со која едвај основни работи може да се покријат за бебе и мајка. Да не навлегувам понатаму, зашто ептен сум надвор од темата, ќе застанам тука. @Ceneva ако сопругот е со српско државјанство, може ќе успеете да направите нешто, барем во поглед на еднократната парична помош, да ја добиете.Ако не, барем за второ, ќе можеш да ги уживаш тамошните привилегии
Се согласувам, јас од што сум исфрустрирана си кажувам и за здравството ни наше Ама и породилното не дека е нешто уау. И тука мажот остане без работа, како би се функционирало со породилното, кое патем некогаш и касни (нели платата секогаш сме си ја добивале на точен датум). Односно, сакам да кажам, дека и тука ако е криза, или се остане со породилно, нема да опстанеш. А да не зборам па ако си со минимална плата…
Не дека е сјајно ама сепак не е страшно толку оти повеќето живеат во сопствен дом, не се плаќа ќирија барем ете во мојот град, плус и да си на минималец 20000 породилно на трошоците кои се исти како предходно е ок, во споредба на 500 фунти породилно, а ти реално имаш трошок од 2000, сфаќаш. Секако може да биде подобро ама реалноста е дека барем ти е платено 100% 9м, за разлика од многу други земји. Едит: сега видов дека 70% е платено. Моја грешка.
Конкретно за во МК мислам дека во ниедна друга земја нема толку достапност до прегледи и испитувања како кај нас, баш си правиме што сакаме и кога сакаме(ова за себе зборам) што во други земји не е случај.Таму само доктор одлучува дали треба или не, да те испрати на дополнителни испитувања.Исто за трудници кај нас баш се треба да биде бесплатно, а сите си плаќаме кај матичните за ехо и за се друго.Проблем со кој се соочив во последно време, е што голем дел од тие испитувања што ги правиме кај нас се вршат со стари реагенси или не стручен кадар, па добиваме погрешни резултати.Се е добро тоа што имаме, но не можеме во ништо да бидеме сигурни се додека не отидеме на приватно.А не треба така да биде.
Швајцарија само 3 месеци имале породилно. Иначе на државно одам цело време ништо немам платено, крв секој месец, никогаш не сум платила, сега за скрининг исто на државна ќе одам кој е бесплатен, исто со првото само на државно одев, се бесплатно ми беше и тогаш, можеби сум единствена што уште има верба на државно е сега матичниот кога правам ехо ми наплаќа 300 ден то е 1 месечно, за брис ко ми земаше не ми наплати, само за ехо. Ова за Битола.
Да, прегледите треба да се покриени и бесплатни, но треба и да има граница околу тоа што треба да се испитува доколку бременоста се води како нормална. Еден куп од испитувањата што се прават во МК, не се прават никаде на друго место. И при нормална бременост, во МК не е невообичаено да се посетат 2-3 специјалисти. Верувајте дека ова го нема никаде, освен ако нема многу добра причина. Колку од трудниците одат кај матичните и бараат упат? Некогаш оправдан, некогаш за мирна глава? И колку од нив го добиваат? 100%. Странство нема шанси да влезеш кај доктор и да речеш јас сакам да испитам ова и ова, за секој случај, да ми е мирна главата. Мене прегледите тука ми се бесплатни, но се што е надвор од регуларните прегледи, вклучувајќи и посета на доктор надвор од работни саати се плаќа. Не можам да се јавам на дежурен за да ме провери, чисто за да ми е мирна главата, како што многупати тука се дава како совет на членки во паника ( оправдана или неоправдана ). Бидејќи има скрининг и околу тоа кој се може да дојде на дежурен доктор. И ако стигнеш до него, голема е веројатноста дека ќе чекаш час-два за прием. И се плаќа. Знаеш која е постапката тука доколу имаш крварење во првите 3 месеци од бременоста? Никоја. Не се дава ни дабростон, ни клексани, ни утрогестан. Дури не те ни примаат, ти викаат сама ќе се исчистиш. Да не навлегувам во детали бидејќи е опширна дискусија, но таа лагодност да влезете на доктор и да бидете примени во секој период од денот, и да добиете што сакате како испитување, тоа го нема никаде.
Не, не, породилното се пресметува како просек од последните 12 плати што ги имаш примено, што пак доаѓа 100%, патолошка се исплаќа 70% а според интенцијата на законодавецот треба и тоа да биде 100%, но во пракса не е.
Денес бев за крвна слика и прашувам дали е бесплатно за трудници, ми кажуваат од лаб ма какви трудници, какви крводарители, се укинаа. Друг случај: Поради крварење ми дава матичниот утрогестан, си ги купувам на приватно 440 ден/ 15 апчиња. Крварам уште повеќе и завршувам на приватно таму докторот ми вика ке си земиш Дабростон и одам одма в’аптека да ги купам и ми кажува вработената ама овие чупе на рецепта ти се нецели 200 ден а вака се скоро 700. Побарав рецепта од матичен- ДОБИВ, ги платив на рецепта а ке ги земев и на приватно. Сакам да кажам никој ништо не ти кажува, не те упатува. Зошто одма матичниот не ми даде дабростон шо оди на рецепта туку ми даде Утрогестан. Во првата бременост после пороѓај се боцкав со клексани, беше некој период од 2 недели па не ми се видоја многу пари, а НЕ ни знаев дека ги рефундирале.
Znam mila za ovoj konvencionalen dogovor, no ne pokriva poragaj. Zosto taa usluga ja ima vo mk i ne e nesto sto ti se desava slucajno. Tuku si znaeme deka treba da se sluci poragaj. Abe se pravat samo da ne ti refundiraat. Se raspravav vo fondot za toa. I mi rekoa ke ti izdadam jas dokument ama nema da ti posluzi za taa cel. Demek samo ako ti se slosi, nedaj boze padnes skrsis nesto. Ili nekoj operativen zafat sto ne se vrsi vo mk. Toa samo refundiraat. I krenav race oti samo nervi iskrkav nisto drugo.
Јас денес правев крвна слика и скриен шеќер во Синлаб. На упатот од гинеколог што ми беше за кс не ми наплатија ништо,а за скриениот шеќер си платив зошто сакав 3 боцкања,со упат од општ матичен е 2 боцкања. И фала богу се е во ред со шеќерот,иако се посомнева докторката на зголемена плодова вода и скриен шеќер. Додека седев таму,слушнав дека од 1 април за крводарители се укинати бесплатни анализи во приватни лаборатории. За трудници сеуште важи.
Погоре пишаното е за бременост со потреба од клексани. И пресметка со еден преглед месечно кај матичен. И со потреба од терапија заради обилно крварење после тие први три месеци… значи ништо од наведеното, оди на преглед од онака, и зимај упат колку да земеш. Наведено е се што е потребно за една бременост…и сумата е таа. Не се наведени скриен шеќер, и други некои работи кои искачасат нели. Значи горе доле плаќав 23000-25000 месечно. За да бидам примена кога сакам си плаќав приватно, нешто што не е вкалкулирано во обој трошок, зашто е мој избор и мој дополнителен трошок. И да, немаше термин за скрининг, а не можев да чекам со приоритетен, си отидов приватно. И тоа ете не го калкулирам. И не е нормално месечни плаќања да се повисоки од минимална плата. Тука застанувам, за да не ја оптеретувам оваа тема.