Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    6.700
    Пол:
    Женски
    Не би рекла дека ова е злоупотреба, зашто психолошкиот момент е исто многу важен во бременоста.Ова важи и за жени кои поминале низ макотрпен процес на ивф постапка, па дури и со нормална бременост може да отворат патолошка, посебно што овие жени во првите три месеци најчесто се со задолжителна шема на лекови, за кои нема услови да се примаат на работа (мислам на лекови со боцкање)Со првата бременост само затоа што бев со инвитро ми беше предложена патолошка, но тогаш користевме мерки, па поминав со тоа.
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.979
    Допаѓања:
    8.453
    Пол:
    Женски
    Mila i da ne raboti, trudnicite treba da gi sleduva porodilno. Sepak natalitet nakacuvas nov zivot donesuvas. Za mnogu raboti treba da se izborime trudnicite.
    A toa sto koristat mnogu patoloska bez pricina gi ima. Ama tuka jas doktorite gi naogam krivi sto davaat izvestai i pokraj toa sto e vo red bremenosta. Ako i e rizicno rabotnoto mesto po bremenosta vo toj slucaj pekim. Ama taka od sto i se sedelo doma ne opravduvam.
     
    На IRBBB и juice_ им се допаѓа ова.
  3. MartinaMM

    MartinaMM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2019
    Пораки:
    465
    Допаѓања:
    723
    Пол:
    Женски
    Значи денес мене културно ме излажаа. ццц
    Ај баш нареден пат ќе одам во Синлаб.
    А ти каде одиш за крвна слика @lackygirl ?
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  4. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.278
    Допаѓања:
    27.971
    И граѓаните не се нешто поарни во почитување на законот.
    Колку жени познавате што се на патолошка без потреба?
    Мене не ми беше мака да одам до 38 недела на работа од 9 саата со незнаете колкав стомак, ден патолошка немам земено. Познати, фамилија, другарки, државно, приватно на непределено вработени први 3 месеци патолошка, последни 3 патолошка, не можеле да доседат.

    И ние го изигруваме системот и во ред е 70% да е платено секое боледување за колку толку да се намали злоупотреба
     
    На *malenavolena*87, Lavender13, mal.ecka и 5 други им се допаѓа ова.
  5. juice_

    juice_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2021
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    990
    Јас кога се породив дознав за рецепт за дабростон :) и тоа тука на форумов. Тука дознав и за помош што даваат за второ дете, па поднесов. Да не е форумов, фодта работи би пропуштила :)
     
    На MartinaMM му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Anomis11

    Anomis11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2019
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    3.141
    Пол:
    Женски
    Не беше со инвитро ни првото ни второто . Сосема нормална бременост . За жал многу е голем бројот на жени што имале еден спонтан во рана бременост ама колку што сум јас запозната со наредната бременост без никаква индикација не земаат патолошка штом ќе видат позитивен тест .Значи без лекови без ништо се смееше она кога ја прашував зошто ако нема ниту специфична терапија ниту крварење ниту некаков ризик во стил - ми се може затоа .. Не е злоупотреба ова според тебе ?
     
    На Lavender13, Giovanna, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. juice_

    juice_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2021
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    990
    Зарем тоа што некој го изигрува законот го оправдува системот кој го имаме и давање 70% на оние кои што и те како им се потребни средства? Па ако еден од 10 го изигрува системот, другите да го јадат, и тоа да е оправдано?
    Јас бев на боледување, и требаше до крај да останам, ама работев. Се чувствував способно. Ама искрено, и да ми скратеја 30% ќе ми влијаеше на буџет, зашто голем износ ќе ми намалеа. А среќа, работодавачот ми е крајно разбран и одлучен и работев до последен ден без мака.
    Нека се најде начин да се спречи злоупотребата.
     
    На Martka, Giovanna и MartinaMM им се допаѓа ова.
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.976
    Допаѓања:
    45.677
    Пол:
    Женски
    Нема, во право си, тука нема шанси доктор да се нафати да ти провери нешто оти ти мислиш дека треба, сум пишувала предходно во темава, јас прво ехо добив на 12та недела и те следуваат само 3 скрининзи цела бременост, бабица те гледа секој месец, тироидни хормони на 3м ако си на терапија, обична крвна слика 1 или 2 пати во цела бременост ако имаш индикации, гинеколог специјалист за фетална медицина ме прегледа дури 8ми месец ама на ехо оти утврдија проблем со бубрег, брисеви и онака посета на гинеколог немам цела бременост, се ми води бабицата.

    Е сега кај мене се ископлицираа некои работи после 7ми и за тоа се многу ажурни, морам да кажам дека сум задоволна, двапати неделно крв цели два месеци, сите лекови што треба одма достапни, апаратче со ленти и игли колку треба за шеќер бесплатно, престој 24 саата и целосен преглед со ехо на абдомен, ехг, ехо на бебе, цтг на 3 часа, посета од 2јца специјалисти и многу добра грижа од сите. И има посебен итен одел за трудници каде можеш да одиш во било кое време ако имаш симтоми и ако нешто те загрижува, не чекаш на Итна.
    Барем здравствово што го плаќам се исплати, ама реално и во МК мене матична не ми наплати, два пати бев во бременоста кај неа, ни ехо ни брис, ми наплаќала само ехо предходно вон бременост, за брис никогаш или пап.

    Некогаш е подобро да имаш поголема достапност во прегледи, макар и за мирна глава, што е плус го МК, исто и приватно е каде поефтино од приватно некаде во странство, а реално и тука државно е срање. Ако не си итен ќе си чекаш со месеци. Маж ми има мултипл склероза, му закажаа контрола за 4м од предходната недела, отидовме на контрола да каже дека има појачани симтоми, очекувавме терапијаама морале да повторат магнет и му го закажаа за 4м, мислам шта речи, ај 4м он нека премира со симтомиве без терапија. Исто и до матичен да стигнеш е научна фантастика, на брза ќе чекаш 10тина часа ако не си пред умирачка… и така.

    Не е толку лоша МК искрено кога споредувам со ова што го доживеуваме тука со здравството, пошто сум била и таму и таму можам да споредам. Во МК маж ми доби дијагноза и препораки за терапија во рок од 2м, со магнет со се, на државно, што и не е така лошо.
    Лошо е што повеќето добри доктори се сконцентрирани во Ск и малите градови имаат лошо здравство, ама тоа е друга тема.
     
    На Alishan30, Viveki, Lavender13 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.188
    Допаѓања:
    24.585
    Пол:
    Женски
    Штом прокрварив одма ми ги даде матичниот на бела рецепта добростон, 185,187 ден се.
    @MartinaMM било каде на државно, имам и Бт и ДХ испитувано крв, никаде не побарале пари, Приска Битола на државна правев исто без пари, де со упут од матичен, целосна доверба имам во матичниот, Плодност не стапнав ни со прва ни со вторава бременост. За пораѓај здравје пак царски на државна ќе одам, денар не платив.
     
    На MartinaMM му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MartinaMM

    MartinaMM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2019
    Пораки:
    465
    Допаѓања:
    723
    Пол:
    Женски
    Еве јас во првата бременост одев на раб до 30.05. за другиот ден 31.05 му викам јас утре идам прва смена оти ќе одам на преглед. Јас на 31.05 во 11ч бев со бебе в’раце :)
    Е сега крварам и морам да мирувам а сум 12 недела, на боледување сум и најверојатно ке отворам и патолошка. Ја прашувам сестрата кај докторот ако биди се во ред можи да се затвори и да си одам на работа. Зошто да земам 70% ко можам да си работам, таа ми вика ти биди еднаш добра па тогаш ке мислиш, тие вика ништо не им е на патолошка се и се шетат, ова за општа множина гласеше :o
    Ги има многу, имам и познанички искрено и глава не ги боли. Јас се би дал да сум во ред и да сум на работа.
     
    На *malenavolena*87, AlchinovaR1979, Marfi19 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    6.700
    Пол:
    Женски
    Да,да, во право си за тоа.Мислев на жени кои сеуште се соочуваат со таа траума на загуба, што во следна бременост не можат да функционураат нормално и покрај тоа што имаат нормална бременост.Сакав да кажам дека понекогаш треба да се зема во
    предвид и психолошката состојба на трудницата.Понекогаш работата може да не биде физички напорна, но психички и како може, посебно што голем дел кај нас се соочуваат со прикриен мобинг на работното место, а тоа може многу да влијае на трудницата од аспект на зголемување на притисок, тахикардии и сл.Затоа мислам дека докторите понекогаш имаат разбирање.Но дека има и злоупотреби, има.
     
    На Martka, DoubleK, Viveki и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    10.444
    @1209 не знам за други градови, за Скопје ќе ти кажам. Овде не дај боже да останеш трудна или тазе породена со 20.000 ќе мизеруваш до немајкаде.
    Премногу е поскапено буквално се, од храна и детергенти, до режиски трошоци и секаков вид услуги.
    Плус повеќето тука или се под кирија или плаќаат сериозна рата за кредити ако живеат во свое.
    Сакам да кажам веќе и со две просечни плати е тешко, а не пак да се остане само на некое нередовно породилно.

    Реален е муабетот и дека се претерува со патолошки и со терапии и прегледи, ама за жал тоа е системски проблем.

    Генерално не мислам дека државата многу делува да ги стимулира луѓето да создаваат фамилии и се согласувам со некој погоре што рече, подобро да функционирам во систем што ми овозможува да обезбедам се што ми треба на месечно ниво, да не се тресам за градинки и слично, па макар и да ми скратат дел од платата.

    Јас не можам да се пожалам дека тука ми е тешко, но верувај колку солидна сума одвојува мојот работодавец за придонеси, апсолутно не се осеќам дека ги користам бенефитите на системот.
     
    На juice_, Маја Т и 1209 им се допаѓа ова.
  13. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    6.700
    Пол:
    Женски
    Апсолутно си во право, посебно за кај тебе кај што си, мислам дека е ептен тешко да добиеш термин за нешто дури и кога имаш навистина реална потреба.Колку што се сеќавам имаше еден случај на жена која што едвај успеала да направи пап тест и покрај сите можни симптоми на карцином што ги имала.На овој начин сметам дека овие земји си го штитат здравствениот систем од преоптовареност, но на штета на пациентите за жал.Баш ми е жал за сопругот твој, но верувам дека со добра терапија може да живее нормален и квалитетен живот, во МК посебно имаме и многу добри невролози.Ако сте во можност подобро тука да си ги користите сите здравствени услуги, па макар биле и на приватно.
    Јас овде се што ќе ми текне правам, од витамински статус секој месец, тсх скоро секоја недела, прегледи секоја втора недела, шетањето по доктори ми стана разонода и забава:DЕ ова не верувам дека го има било каде на друго место:)
     
    На Lavender13 и 1209 им се допаѓа ова.
  14. Маја Т

    Маја Т Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    6.700
    Пол:
    Женски
    Девојки што мислите за цтг-то.Денес го правев.Докторот смета дека нема тахикардија кај бебе, а колку што можам да видам, доста оди над 160.Дали е тоа нормално или дека бебе беше ептен размрдано?Не дека не му верувам на докторот, туку затоа што на неколку пати претходно кај бебе фаќавме висок пулс на прегледи, па сум загрижена. 20230405_161423.jpg
     
  15. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.878
    Допаѓања:
    18.747
    Пол:
    Женски
    Ова што го наброја е додатен трошок и не е за регуларна бременост.

    Јас ништо од тоа не примав, и освен водење бременост приватно, друг трошок немав.

    Витамини чинам некаде даваа бесплатно. Имаш и најобична фолна која е 150 денари. Витамини плус ако сакаш.
    Пример околу мене трудници што ги имав, само една боцкаше клексани неколку месеци.

    Пред да останеш бремена треба да пресметаш дали имаш финансии. Сурово е вака кажно ама се околу бебе е скапо. Ако не успееш да доиш и треба да даваш адаптирано, и тоа ли државата да го покрие?
    100% е породилно. Патолошка е 70%.
     
  16. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.188
    Допаѓања:
    24.585
    Пол:
    Женски
    Мене на болница одма докторот ми рече, треба да лежиш, ќе ти дадеме патолошка, јас се уплашив си викам какво лежење :worried: ама ако мора мора, одам по 2 дена кај матичен, се е во ред, нема внатре крварење, запре одма со добростонот, таа прва недела одев само 2ра смена бидејќи помалу имаме работа 2ра, после наредната си продолжив нормално, мат ми рече доколку имаш пак јави се одма ќе ти дадам боледување, рецептите за добростон електронски ми ги пиши само се јавувам и толку. Среќа добра сум не се повтори :) иначе да одам на патолошка неможам да си дозволам, ама пак ќе речам само се да е во ред до крај да не треба.
     
    На MartinaMM му/ѝ се допаѓа ова.
  17. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.324
    Допаѓања:
    33.660
    Пол:
    Женски
    Колку шо можам да видам над 160 оди кога има регистрирани некакви контракции на матката и тоа е нормално.
     
    На Маја Т и 1209 им се допаѓа ова.
  18. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.976
    Допаѓања:
    45.677
    Пол:
    Женски
    @Маја Т фала ти, најчесто и дома ги користиме, мајка му плаќа сеуште здравство за него преку неа, баш ради ова за да е покриен на државно, обично се враќавме на секои 3-4м и правиме се што треба, ама ете сега е таква ситуацијата што не можеме да патуваме па мора тука, немаме избор ама џабе е кога поправо ќе стигнеме во МК отколку тука не термин. Тоа е што е, се надевам сега дека покрај стресот со ново бебе нема да му се појачаат симтомите.

    Инаку да тоа е точно, има многу случаеви каде што ради немање термини луѓето завршуваат трагично, многу народ е тоа е тоа.
    Ама ако си итен барем знаеш дека нема да умреш, стварно ќе направат се што можат, веднаш откако ќе отидеш на итна и ќе проценат дека си итен, за разлика од МК каде што дедо ми почина оти не сметаа дека е е итен, а тој со мозочен, нејсе.

    Секој со своја приказна и секаде има и предности и недостатоци, муабетот ми беше да не се разочарувате, дека на крај на денот трудниците во МК се многу позаштитени по основ породилно од многу други земји, што реално е голем плус. А тоа дека се користи патолошка и кога нема реална потреба е голем проблем во МК кој дефинитивно треба да се реши оти некој што стварно има потреба не може да стаса до патолошка, ради некој што ете не му се работи, а е сосема во ред.
     
    На Lavender13, mal.ecka, lackygirl и 2 други им се допаѓа ова.
  19. juice_

    juice_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2021
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    990
    А чекај, пред да останеш бремена ти знаеш дали ќе биде нормална бременост? И дали ќе имаш крварење? И дали ќе има потреба од лежење или не? Дали ќе бидеш на патолошка со 70%?
    Сурово е ваквото размислување. Демек ако немаш средства не размислувај на дете. Ти се молам!
    Фала му на Господ, имам доволно средства, и ја поминав бременоста и имам уште едно злато за кое вреди да се живее. За двајцата би дала се во животов.
    Според твоево, колку средства толку музика, зошто пак јас и сите други плаќаат здравствено? Ти знаеш колкав дел оди од платата? Па, не мора да плаќаме. Може да ни останат тие средства, па која ќе планираме бременост, да имаме за секој случај ако испадне ризична нели.
    И на крај, споредуваш бременост, со бебе и доење/адаптирано? Значи стварно?
    Едит: не коментирам понатаму, зошто мислам се наполни темава, а не е место тука :)
    На сите трудници ви посакувам убава бременост и пораѓај.
    Иако се породив, пак си погледнувам тука. Си викам да видам да не треба инфо на некоја да помогнам, како што ми беше помогнато мене со совети и искуства :)
     
    На Martka, Splendor., Viveki и 3 други им се допаѓа ова.
  20. juice_

    juice_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2021
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    990
    Морав да пишам, баш ме изнасмеа со ‘шетање по доктори дека ти станало разонода и забава’ :)
    Мене оваа бременост се нешто ме стрефуваше, не се жалам, добро ја поминав, ама нели терапии, лошо искуство од претходно, па крварење, па ред други работи, и така и јас си шетав по доктори. Ептен ми се смачи. Си реков, аман веќе. И сега твоево ме потсети :)
     
    На Маја Т му/ѝ се допаѓа ова.