Јас одамна веќе не обрнувам внимание на мерките. Никогаш не одговараат на денот секако бидејќи се погрешни најчесто. Врвот беше за еден орган ми дадоа мерка...и после 2 недели кога мереа помала мерка ми кажаа. А и сами знаеме како проценките кои ги даваат за колку големо бебче ќе се роди им се многу често со огромни утки.
луѓе јас неможам веќе да чекам. ако не сум бремена треба да добијам за 3-4 дена. е сега зедов тест шур чек и незнам дали ако го направам 2 дена пред менструација ќе ми покаже точно. некој совет?
Тогаш направи го, ама ако е негативен пак ќе се разочараш и пак ќе треба да чекаш бидејќи можеби е лажно негативен А може и да испадне позитивен, зависи кога си останала бремена. Мене ми покажа позитивен токму на ден на очекувана менстурација.
Лажно негативен постои доста често. И да го направиш постои голема веројатност да ти покаже негативо па пак да немаш мир и да не веруваш во веродостојноста на истиот. Најчесто покажува 14 дена после односот и после каснење. Ако има поминато две недели од овулација нивото на хормонот можеби е постигнато.
последна менструција ми беше на 11,04,2015. јас како што знам после 14 дена од ризичниот однос може да покаже, ама сепак се двоумам
Мора полна 8 недела, од утре 9 би почнала. Да не ги утна месециве. Да не сакаше да пишеш 11.05? Вака и срцева реакција би имало веќе а не па на тестот да покаже.
11.05 сум згрешила. сега го направив негативен ми испадна. ништо за 2 дена пак ќе го повторам тестот. многу почнав да јадам, а и ми се спие многу. па затоа мислев дека сум бремена. минатиот месец 6 дена порано ми дојде, а сега еве за 3-4 дена треба да ми дојде а немам никакви симптоми
Мислам дека пограшна феминка цитираш. Таа има пишано дека последна и било на 11,04 исто како мене, за тоа и така и пишав.
Се однесуваше на неа постот, ама со новиве опции првиот оригинален нејзин пост кој и ти го цитираше се изостави, па остана само твојот. Сепак верувам дека се пронајде девојката во текстот. Инаку тебе термин значи ти е 16.01, на мојот роденден. Ќе си имаш едно јарче дома.
Девојки, знам дека нам секој ден не ни е ист камо ли на бебе, ама секој ден различно го осеќам. На почеток од неделава мрдаше и ме будеше од спиење, после клоцаше само попладне, денес и вчера мртка ама ептен нежно... Вака ли е кај вас, се оптертив ли дека преглед ме чека у понеделник... Д-димери 700 ми се, денес ми стигнаа резултати и од тоа се напатив... Се ми дојде и се испсихав... Искуства?
awl кај мене нема ред бебето,мрда кога му се мрда, некогаш дење некогаш навечер. Сега сум веќе 38 недела и го осеќам како се тегне повеќе и трти. Ти која недела си? Моите димери беа над 3000 па примам терапија последниве недели, па паднаа на 1500-1600. За висината на димерите е важно до каја недела си со бременоста, ама мислам не ти се високи.
28 недела сум. Претходниот месец беа 450 и не беше пресреќна докторката со оглед на тоа дека пијам аспирин... Па ќе видиме сега. За мрдањево баш се замислив и не знам зошто поврзав со д-димери...
И јас истото прашање си го поставувам и некогаш кога немаше да го почуствувам повеќе часа го реметев кутрото и пак не мрдаше кога ќе сакав јас туку тоа кога ќе сакаше.Ама му го научив штосот дека не значи дека секој ден во исто време ќе мрда и со ист интенитет и се воздржувам го оставам да си спие колку сака и да клоца тоа кога ќе сака . А сношти имаше невреме бт со грмотевици се уплаши душиче на мама се штрекнуваше на секое грмење јас го галев и ми се чинеше дека во раката ми се туткаше едната страна од стомакот ми се испакна како цело на таа страна да отиде...абе романтики .Денес е мирничок се умори сношти. Така да мислам дека нема простор за грижа
Кај мене и вечерва како да се снима нова епизода од Aliens. А на youtube колку слатко делуваа клиповите
Девојκи ми тρеба ваше мислење, вчеρа бев на пρеглед 8ма недела сум сега следно тρеба да одам во 12н.сκρининг да напρавиме нас мислев сκρининг да пρавам на пρиватно во сκ κаκо посигуρно но д-ρ ми виκа ние имаме туκа 4 д а за пρисκа да одам во сκ ве молам за мислење мн . κоментаρи читам неубави оκолу испитување ПΡИСΚА ,дали е доволно 4Д ?