Како можеш да пишеш нешто толку мизерно? Еве сум во Германија каде дојдов трудна, следствено не сум работела тука, па пак ме следува породилно. Не само тоа, туку автоматски добивам стаж, 2 години. Замисли, државата дава поддршка на мајките. Имам каде 2 пати неделно да однесам дете да ми почуваат бесплатно за јас ако сакам да испијам кафе раат, да одам на фризер, во шопинг или крај краева да спијам дома. И гледањето деца заморува и исцрпува и физички и ментално. И замисли негде ја сфатиле таа работа сериозно. Овде ја имаме Мила што ти вика не работиш што има породилно да земаш. Боже мој Мила! Родилките не само што заслужуваат многу повеќе од тоа, туку и им е потребна поддршка од секаков вид. Кај влегов кај се заебав, ништо не ме нервира поише кога мајка на мајка е волк, па што поише од тоа. Пууууу
Ноќеска два пати ме разбудија така поостри во половината, ама отидов во вц, се размрдав и ништо поминаа, ете сега си работам по дома, бебето си мрда, болки никакви Уствари имам болка во десните ребра, осеќам поголема тврда површина таму, мислам дека е газот или грбот и ме притиска, многу нелагодно е, мислам ми ги наби ребрата скроз цела бременост грбот му е таму, баш и на секој преглед бабицата ми вика, ова мора да е болно и неудобно…
Ништо не му се искача на газето ќе си почекаме ха хаха. Искрено ја вчера мислев готово ти почнаа породилни болки
@rikimiki Измерил докторот, како не? NT е 1,7. Тоа е нухален набор, скратеница од nuchal translucency.
Јас баш денес бев на цтг и ехо. Бебе 2.600 јас сум 36 недела. До сега никој не ми кажал плодова вода, цервикс мереа еднаш и веќе не, стомаче и такви работи си мереа на скрининзи. Ми рече докторката супер си е се, исто ми рече дека според мојата висина и конструкција како и да е не се очекува големо бебе. Инаку ќерка ми се роди 2700 во 40недела и нејзе ја водеа помало бебе, ова сега никој не ми рекол дека е помало. Не се плаши, мене со првото една кокошка од доктор од памет ме извади во 9 месец дека мало ми било бебето може нешто не било во ред. Се разбира дека се беше во ред и се роди здраво право бебе со одличен развој, плус тоа мерките не им се 100% веродостојни. Единствено што ми кажа денес е дека постелката е втора степен. Мене вчера и денес главата тапан, а лицето т.е образите црвени кругови. Мерам притисок, нормален (за мене малку покачен 110 дека имам многу низок) и цел ден како пијана. Јас не знам што ќе беше ова кога ќе ми се вцрват уши и образи смешки живи И мене жешко ме фаќа, јас сабајле сум разотворила маж ми само оди затвара прозори по мене. За во болница јас си купив торбица, како викенд торба ама подлабока и големка за таман да собере и пешкир и сѐ (не е морално ама јас си носам мој) Тука за бебе не бараат ништо освен облека за одење дома. Мало куферче е супер опција, таман убаво да се среди се на едно место.
Епа низок ти е, 100 е малце, пробај да пиеш нешто газирано да видиш како ќе биде, мене ми се лошо од низок, желудникот посебно ми реагира.
Пиев и метилдопа сабајле и навечер ама од денес само навечер ке пијам гинекологот ми рече бидејќи почна да ми е многу низок притисокот
Апсолутно се согласувам со напишаното, уште еднаш ми се потврди за таа земја каков само позитивен став има во однос на мајките и жените.Не би да навлегувам во мислењето на другата членка, секој го кажува и дава тоа што го носи во себе, само ќе кажам дека не постои поодговорна и потешка работа од тоа да се биде мајка.Од прв ден од моето досегашно работно искуство сум работела на доста одговорни позиции, но кога конечно се остварив како мајка пред скоро две години и по втор пат Дај Боже, уште малку на мои 38, сфатив дека не постои потешка и поодговорна работа од тоа да се биде мајка, како физички така и ментално.Со оглед дека општеството се менува и се останува само на нас, секоја мајка, па и трудница заслужува подршка, па дури и да користи и патолошка (кога според вас нема индикации за тоа) па и да добива средства од државата за да преживее (дури и кога не плаќала придонеси) и друг вид на помош, затоа што ја прави најсветата и најтешката работа што постои.Зарем дојдовме до тоа да се крати од одмор и основни средства на една жена што носи и раѓа живот? Може другите земји не се толку великодушни во поглед на породилно отсуство, но во други аспекти на подршка на жената и тоа како се.
Честитки мама, да е жива и здрава куклата. Ти посакувам брзо и лесно опоравување на тебе. Кога ќе бидеш во можност пиши ни како ќе помине опоравувањето.
Znam sto e nuhalen nabor ne mi e prvo dete, ne me svati. Sakam da kazam deka ne vidov vo nieden moment toa da meri. Ne ja zastana snimkata, nemase crta od eden do drug kraj na mestoto kaj sto treba da se meri. Tocno znam kako izgleda ehoto koga se meri nesto, ovoj pat nemase takvo nesto. A se zacudiv koga vidov vo izvestajot vrednost na NT, a ne vidov da izmeri. Pa si rekov ajde moze od strucnost od oko pisal, sepak e Dimcev... Zosto ne bese dobro namesteno i on se napna zosto ne e namesteno dobro i nemozel ubavo da go vidi.
Мене прва бременост ми е, искрно ништо не разбрам по тие мерките што ги пишуваат ни па што мерат, само ги прашувам дали е добро ми викаат добро е и терам
@Hatula @Ceneva фала ви девојки. Не е проблем мешето и кг, ете првото беше со помало меше, да го водат како помало оти според нив треба да е 2500 во 35та недела полна, е сега проблем е плодовата вода што едвај најдобар резултат после 4 пати мерења измерија 3цм. Ќе ме пратат сега на недела дена ќе бидат прегледите, иначе ќе биде ако е порано со провокации прво. Супер си е наместено, дури и косичка му видоа на ехо, активно е премногу. На интернист сум следна недела, не знам па како изгледа тој преглед.. еве според табелата нивна.
Те сфатив јас тебе, мојот одговор се однесуваше на тоа дека штом пишал, значи измерил и сигурно од памет не ставил таму бројка. Тамам работа за таква работа да тресне од памет, од око да пише мерка. Не ти е прво како што кажа, си знаеш сè, како и тоа дека не Димчев, Св. Димчев да е и не би постапил толку непрофесионално за ваква работа, што останува дека не си забележала кога измерил.
Здраво, ова ти е втора бременост колку што разбрав . Не ти е прв пат да одиш кај докторот , зар не ? Првиот пат кога си била се било добро , си имала доверба во докторот . Не ми е јасно зошто и сега ја немаш . Сигурно доколку нешто не било во ред докторот ќе ти кажел . Пробај опушти се . Јас прв скрининг бев кај него и стварно сум презадоволна, човекот не ме форсираше со ехо на абдомен дека пониско ми е постелката, проба ,но не успеа да виде ништо и затоа ме гледаше вагинално . Доколку не си сигурна во неговите тврдења подобро направи си Nifty и мирна ти душа . Не сакам да ме разбереш погрешно со мислењево , зошто и јас сум паничар и до некаде ти го разбирам стравот. Меѓутоа ние тука на форумот неможеме да ти кажеме дали докторот измерил нешто или не, доколку не си била сигурна уште на самиот преглед си требала да прашаш.
И јас сум со намалена плодова вода од 31 недела а сега сум 33та.објаснување за намалена нема на тројца доктори бев.во консултација со нив а и со други со ова,може до крај да се износи е сега да се прати нивото на вода да не падне под нормала,как мене е 5,6 моментално. Секоја недела прегелед и цтг ми прават и ми рекоа нонстоп да пратам притисок никако да ми биде висок.Примив флостерон и ме убедија дека и сега да се породам дека нема причина за паника.Смири се и слушај ги нив.Плус си веќе 35+ сигурно ќе биде се во ред.
Јас само ќе ти кажам дека да видел нешто не дај Боже не ок, ќе кажел, и ќе запишел. Впрочем тоа му е работа. Сигурно ако не измерил, нема да пише во извештај. Иначе, може не му било свртено, па си се нервирал човекот. Ама верувам дека измерил. Само да знаеш, кај мене минатата бременост, на втор скрининг виде нешто не ок, значи не беше 100% сигурен, и ме препрати кај доктор за срце. Ама си кажа, објасни убаво, и на мене, го викна и сопругот, и плус си пиша се во извештајот. Така и тие си се заштитуваат. Ти посакувам, убава, лесна и мирна бременост
И јас таква сум, и со првата и со втората, штом вели доктор е ок, готово верувам, битно е да му веруваш на докторот кај што одиш, еве цервикс досега не ми мереле 19та недела сум, ниту сим прашала. @Chanell* Цицо нека е жива и здрава ќеркичката